Уф леле, јас кога резимирам не резимирам туку цели есеи пишувам. Туку ајде ќе пробам.
Главните поенти се дека: полот е битен во вц, спална и слични околности кои се телесно ориентирани, во други околности не треба да е значаен полот туку компетенциите на личноста, што таа личност има да понуди. Епа, контрарно на ова, жените моментално со своето облекување исполнуваат машки фантазии и се користат како алатки за економски профит бидејќи "sex sells". Поентата е - секој нека носи што сака и што му е автентично, но да нема такво облекување само за да се задоволи тој стандард или да се прави она што е очекувано, тоа е веќе експлоатација и себе-експлоатација на жените, прво од економска природа па и со сите последователни аспекти. Многу често не станува збор за личен избор во облекувањето туку за интернализиран стандард кој е наменет за задоволи машка фантазија која жените се трудат да ја исполнат за да се чувствуваат дека се „доволно добри“. Значи, машките перверзии не треба да го одредуваат дрес-кодот на жените, а воедно и сите треба да се едуцираме за да го правиме она што е автентично за нас, не да ја одржуваме таа машка фантазија како стандард, ниту да се трудиме да ја исполниме. Особено младите генерации треба да ги едуцираме за овие теми.
За да се направи промена на овој менталитет, треба да се тргнеме од функционирањето каде третираме се, вклучувајќи ги меѓучовечките односи, како пазар, берза, простор за експлоатација и профит. Овој феномен е примарно настанат поради тоа што цел свет е ориентиран кон профит. Наместо да се трудиме што е можно повеќе да експлоатираме и „профитираме“, да се трудиме повеќе да даваме од себе, да имаме некој значаен придонес преку интелект, духовност, љубов, вклучување, прифаќање итн. Мажите и жените сме ист вид, треба да работиме заедно со цел да достигнеме ниво на функционирање што ќе биде за доброто на сите, наместо да одиме едни против други.
Еве ова е отприлика.