Мене сѐ ми е јасно што сакаш да кажеш, меѓутоа девојките на млада возраст, во голем број од случаите се принудени, исто под закана, да праќаат такви слики. Не се учени од мали сигурно да бидат емотивно неспособни како машките, туку дека е во ред да покажат чувства и да му се доверат на машкото на различни нивоа.
Е сега тука тие не знаат со кого си имаат работа, дали се со некој манипулатор или човек на којшто треба да му веруваат. Ти откако ќе испереш мозок некому, лесно е подоцна да го манипулираш. И сега замисли што се случува со девојче кое што веќе е станато емотивно зависна од дечкото, кога ќе ѝ побара тој гола слика и ќе ѝ рече дека ќе ѝ раскине ако не го направи тоа. Таа повеќе не знае, ниту сака да живее без него, па си се гази самата себе. И потоа, таа слика може да се рашири насекаде, но таа тогаш за тоа не е свесна, туку единствена цел ѝ е да го задржи дечкото.
Тоа е едната страна. Постојат и такви кои своеволно праќаат слики во акт на занесеност. За нив не знам како би можела да ги оправдам, бидејќи тенка е линијата помеѓу лудоста и љубовта. Сепак тоа не значи дека тој што ја добил сликата има некакво право да ја сподели со другите.
А можам да гарантирам дека девојките што ставаат такви слики на инстаграм, дека тоа повеќе го прават за да ги направат љубоморни останатите девојки отколку да привлечат машко внимание. Знаеш што значи ти фактот да ја направиш љубоморна бившата на сегашниот твој дечко? Или пак сегашната на твојот бивши дечко? Па сето тоа постирање слики е со некаква цел, да направиш другите да ти завидуваат.
Истото и за овие девојки не значи дека треба сликите да се злоупотребат, посебно не во комбинација со нивниот телефонски број и дезинформации со кои би можело да ѝ се уништи цела репутација до крајот на животот.
Најубаво е живот без социјални мрежи, кога не ти прави задоволство да храниш туѓи животи со завист. Ама тоа е реткост во денешно време, бидејќи ако не ги користиш одма си таргетиран како социјално заостанат и creepy guy/girl за кого не може ништо да се дознае индиректно.
Жалопојки упм... Како се принудени? Ако неќе немора да прати. Нека му раскине она. Ама не полесно е да криви некој него да прифати одговорност и полесно е овде да јадете трици за глупости место да си ги воспитате ќерките.
Каков е овој аргумент дека неможе да живее без него или дека не е свесна дека сликата можела да се рашири на секаде? Може и без него а ако има 2 грама мозок знае дека сликата може да се рашири, него она го прифатила ризикот кога притиснала испрати па после ако не испадне ко што си замислила глуми лудило...
Не, не... Не постојат „такви“ него сите што пратиле се ТАКВИ, и НЕМА оправдување.
А каква врска има тоа зошто они ставаат? Проблемот се сликите а дали и зошто она става е небитно. На крај крајева нека си се пецкаат во затворен круг, моментот кога го правиш тоа ЈАВНО па да ти кажам право и заслужуваш ремет. Ако има „муда“ да се слика да ја прави бившата љубоморна тогаш нека трпи и последици ако ги има.
Последните 2 параграфа ти се на место, тоа се слагаме и мислам дека е битно да не се шират дезинформации и броеви. Тоа веќе преминува граници и навлегува во приватноста. Фоткиве кој они ги праќале или објавувале за лајкови хммм, тоа е последица пред се негрижа од родителите и лоша едукација и глупаво е да ги правдате.