Мислам дека временската разлика игра најмалку улога, барем за мене.
Заморното е тоа што турата за еден камион не се наоѓа на првиот повик, би било супер да е така. Некогаш турата која ти треба е доста далеку од тебе, па не можиш да стигниш на време за да товариш. Некогаш, турата која ти треба не е доволно платена колку што мислиш дека треба да биди. Некогаш, се премногу милји, па возачот нема да стигни да ги извози на време за да товари/истовари. Кога ќе ја најдиш турата која ти одговара и ја договориш, ќе ти останат да најдиш уште 5-6 такви, бидејќи не работиш само со еден камион
Затоа, не е баш така едноставно.