D
Deleted member 12196
Гостин
Во октомври очекував 100-150 починати повеќе. Тој месец бројката падна.Да беше до 2500 ќе имав некое објаснување, овие бројки се ненормално високи, претходните месеци умрените од корона учествуваа околу пола во зголемувањето, за ноември имаме скоро 800, што би требало да има 400+ и уште некоја стотка да речеме грешка, оваа е неверојатна бројка.
1. Власта ги криела бројките претходните месеци, сега на крај на година ги додава.
2. Во ноември се случувала катастрофа, а власта си играше избори и апсолутно ништо не направи за да го спречи тоа, единствено после 15 декември го скратија работното време за угостителите, за друго не се сеќавам.
За еден месец ќе излезе и за декември кој би требало да биде исто над 3000, освен ако не се случила точка 1.
За ноември можеше да се очекува дека бројката ќе е висока (не очекував до толку). Во октомври имаше многу заразени, тоа директно се одразува на бројот на починати во ноември. А во ноември бројот на заразени беше огромен, така да декември може да биде далеку полош од ноември. Во јануари бројот на заразени драстично опадна, во февруари бројот на починати ќе намали. Да се надеваме дека тој тренд ќе задржи.