Nudes (интимни фотографии / Јавна соба)

Член од
2 ноември 2020
Мислења
454
Поени од реакции
633
Прво размислете кој е тој што е финансиски спремен да и го овозможи цел тој луксуз. Не треба да си Ајнштајн да сфатиш дека е некое таткино и мамино злато принцот на 300 коња.

Дали ќе одговара?

Јас гарантирам дека не затоа што татко му, чичко му има фирма и "куќни" пријатели функционери или државни органи и не му е ни прв ни последен пат да направи такво нешто. Девојките ќе си останат истрауматизирани, стресот ќе си го направи своето ( повеќето можеби и ќе ќарат од целата ситуација ) и ќе си остане народната 'кај што бургија не буши, парата буши'. Можеби во иднина ќе сфатат дека нивната не е посебна, и дека постојат нарцисоидни социопати кои светот го гледаат низ $$$, па на човек (не само на жена) гледаат од птичја перспектива, а на сите овие предизвикани проблеми како лично достигнување. Тие се правите виновници, а не тие мастурбаторите во групата кои како пиленца чекаат некоја сочна приказна, сликичка со курот во рака.

Таа е реалноста во нашава банана "држава". На крајот ем траума ем будала.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Има секакви ситуации....некој некого заебал на пример у врска, не се разбрале убаво, шврљал на страна па како одмазда прави што прави. Ај да разбереш кога има некој некаков мотив, иако и тоа е крајно дискутабилно.
Она што е необјасниво како може од чиста мира да направиш нешто што ќе биде со штета на некој живот, тоа не ми е јасно. Што уживање е тоа у туѓо патење....болест некоја у пм. Ова важи за било кој аспект у животот....овие луѓе не дај боже нешто со нив да имаш. Вакви џукели би те заебале и око нема да им трепне.
Ова се прихички проблеми.....она што е запрепастувачко, е дека бројот на вакви луѓе е преку 50% од населението, дај му шанса само и ќе му видиш памет...за жал моето искуство е такво.
 

Adorabella

Fisherman's Friend
Член од
24 јануари 2021
Мислења
26
Поени од реакции
63
седење у кафана и оговарање, гледање по жени,...

Све тоа што го опиша е скроз легално да се праи.
Океј шо е легално, али глупо е малку да немаш некој арен муабет - туку само да дремиш и да цауриш.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.298
Поени од реакции
84.434
Океј шо е легално, али глупо е малку да немаш некој арен муабет - туку само да дремиш и да цауриш.
Нигде не реков дека тие пракси се примерни, ниту посакувани.
Автоматски споено мислење:

Ako moze da se izvadi pouka od seto ova.

Izolirajte gi vasite deca od internet i socijalni mrezi sto e mozno poveke.
Подобро би било да им се објасни објективно целата ситуација и да знаат точно што ги чека на тие социјални мрежи и што све има таму.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.502
Поени од реакции
18.257
Ako moze da se izvadi pouka od seto ova.

Izolirajte gi vasite deca od internet i socijalni mrezi sto e mozno poveke.
Да ти кажам искрено, мене страшно ме вознемирува помислата од тоа што децата растат со андроиди во рака, и што имаат скоро пристап кон све на интернет, ме ужаснува тој страв од самата помисла што се може да се случи. Да не заборавиме дека тука живее духовно еден од најутепаните народи во Европа. Не можеш да претпоставиш на кое ниво генерално се маживе тука, има група на фејсбук као машки домаќински муабети, Талибани не им се рамни, најсериозно.

Изолација мислам не е можна, но треба многу многу многу пазење.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.459
Поени од реакции
16.668
Хипокризија и лицемерие.
Не дека вреди за некоја си боранија инфлуенсерка да си трошам време, нити пак ме интересира конкретниот случај. И нема да се фиксирам за истиот.

Ако имало сељачини што се иживувале врз девојкава (во стил на апла вознемирување), треба да си одговараат без дилеми.
Дека постојат сељачишта невоспитани, постојат. Но, дека постојат жени-змии, да не кажам кучки, мислам нема што да живееме во заблуда ако некој негира.

Најголемиот проблем е во хипокризијата и поделеноста околу ова прашање, пред се во поглед на реакциите што ги добива случајот.

Да не звучам многу дежа ву, ама страшно негативно изненаден од нашава феминистичка sjw "елита".

Заштити ја ќерка ти.
Едуцирај го син ти.

Сериозно? Стварно? Мислам нормални се со ова?
Демек не треба да се заштити/едуцира ќерката? Демек ние и само ние сме сељачишта? Која е поентата со вакво детско плачипичкарење и вперување на прст само кон една страна? До кога вака црно-бело ќе гледаме?
Како може еднострано да гледаат бе не ми се јасни. Како у трето оделение, ајде машки против женски. Детињаст памет.
Со ова погоре, тие поборници за женски права, рамноправност и слободи само додаваат масло на оганот, директно насочувајќи ја вината кон машкиот пол, кога проблемот е ЗАЕДНИЧКИ. Со вакви catchy сликички и бљувотини само се ствара уште поголема радикализација и уште повеќе ќе зазема страна а проблемот е очигледно обостран.

Директно напаѓаат цел еден пол пази... и после се чудат како така испровоцирани пишувале по социјални мрежи. Па нормално дека ќе пишуваат така, не се тоа луѓе со IQ од 100+ бе. Кога ќе го окривиш некој таков и ќе створиш драма на црно-бело гледишта, скроз предвидливо е како ќе реагира истата орка, и тоа нема да биде со интелектуални зборови, теории и фрази него со погрдни зборови.

Каде беа бе сите овие феминистки да креваат ваква галама по однос на жената која и извадија матка и х-други органи ради лекарска грешка во факинг НЕЛЕГАЛНА ГИНЕКОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА? Каде?
Верувале или не, случајов наиде на пошироко медиумско внимание од куртон медиум како Сител, и после беше пренесено од дузина други. Ниедна од овие само-проповедани борци, интелектуалки и авангардни фаци не искочија А да кажат, него си продолжија business as usual, гивавеј кампањички и рекламни постчиња.

Каде се истите кога илјадници жени се ЕКСПЛОАТИРАНИ и РЕАЛНО малтретирани на дневно (не преку dick picks, туку реално, многу посериозно вознемирување)? Пред се алудирам на текстилните работнички кои се десетици илјади, верувам добар процент од нив имале искусено РЕАЛНО малтретирање. Да се изразам метафорички, тие текстилни работнички би сакале да бидат "вознемирувани" со слики од машки полови органи, каква РЕАЛНА и ВИСТИНСКА тортура и кршење доживуваат на дневно ниво...

Каде се истите да излезат и гласно да зборуваат и со ваква пасија да се заангажираат за сеопштата угнетеност на жените во државава? Или истите автоматски се вклучуваат во моментот кога ќе се јави јавна платформа да си споделат колку они се прогресивни, слепо мислејќи дека СПОДЕЛУВАЊЕ на фејсбук/инстаграм статус може да направи нешто или некаква промена. Ама тоа е, тоа стана инструмент за чистење на образот, помодарство и олицетворение ниската свест а доста големо его. Еве им аплауз/тапшање по рамо/ едно браво за тоа колку се прогресивни. Ама и слепи хипокрити во исто време.

Тоа е, знаеме дека нема social media juice и кеш во тие реални тематики и вистински угнетувања од трет свет, пошто сакаат полумозоците инстаграмџиски голотија, луксуз, убавина, напумпани усни, фини сликици, giveaways, слики од тераса на вила, некоја креативна фотка, добар аутфит... никако проблеми од трет свет. Такви ствари го дисруптираат матриксот. Секако, малце и ние да сме во тренд со регионов и Холивуд, додека живееме во вукојебштина и жабокречина од епски пропорции.

Сакаме холивуд а најбазичните ствари ни стојат несредени, игнорирани и гнијат се повеќе и повеќе. Тешко лицемерие.

Тие самите се објективизираат, а очекуваат да не бидат објективизирани од други, што есенцијално ги боли уво за "феминистичките" чувства на девојката што на крај од ден сама себе се (делумно или целосно) објективизира. Со тој пристап самите си пукаат во колено, и кон себе и кон движењето за еманципација и рамноправност. Девојки, токму тие инфлуенсерки себе-објективизирачки ви се најголем непријател, и навистина ми е жал што паѓате под нивно влијание, пошто (во фудбалски термин ќе се изразам) навивам за вас, ама главните играчи и капитенот ви се тиња и треба да играат општинска лига некаде...

Имаме реални проблеми во државава во поглед на родовата еднаквост... ова се во најмала рака минорни ствари кои се средуваат и адресираат подоцна во еволутивниот развој на едно општество.
Јавна соба е Димна бомба за многу посериозни работи кој власта секујдневно ги заташкува..
а околу ..Едуцирај го синот, ќерката, ќе наведам еден случај...
пред 7-8 години се удави едно 16г момче кај Славија, мислам рипнало од педалина, а не знаело добро да плива..
Имаше во еден медиум, мајката на починатото момче се жали, да се забранат педалините и пливањето подлабоко од оградата со мрежа... еден и кажува, па запри го син ти да оди длабоко ако не знае да плива ... а мајката кажува, како да го запрам кога друштвото сите знаат и одат длабоко...
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Јавна соба е Димна бомба за многу посериозни работи кој власта секујдневно ги заташкува..
а околу ..Едуцирај го синот, ќерката, ќе наведам еден случај...
пред 7-8 години се удави едно 16г момче кај Славија, мислам рипнало од педалина, а не знаело добро да плива..
Имаше во еден медиум, мајката на починатото момче се жали, да се забранат педалините и пливањето подлабоко од оградата со мрежа... еден и кажува, па запри го син ти да оди длабоко ако не знае да плива ... а мајката кажува, како да го запрам кога друштвото сите знаат и одат длабоко...
Добра ти е поентата....ама и на мајката исто така. Државата е крива за сите текови у општеството кои се зависни од порнографија, филмови, реклами, социјални мрежи, градинки, училишта факултети и т.н.
Малку ли стручен кадар има дипломирано на психологија кои можат да ги анализираат сите текови у општеството. Ниво на едукација на родители и деца е = на 0.
Овие монструми од луѓе се произведени од општеството.....не може да очекуваме дека со некои казни ќе се реши проблемов. Нормално тука ги ставам и родителите како криви....ама они се пак производ на општеството и крајот не се гледа. Уствари крајот се знае кај е, ама ај да не почнуваме конспираси теории.
 

Adorabella

Fisherman's Friend
Член од
24 јануари 2021
Мислења
26
Поени од реакции
63
Ниво на едукација на родители и деца е = на 0.
Кој да ги едуцира? Мајка им шо се мажи на 18 оти се згреши работата? Или татко им шо врска нема од животот и пример има 21 година, со неговите живеј и нема везе од живот и финанска независност и стабилност? (без навреда, муабето ми е шо рано се мажат, женат - ама ај нека е здраво и живо, и од дома притисок имаа да се во брак, време му било.)
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.675
Поени од реакции
4.154
Мене ми се има случено облечена од глава до пети, со зимска јакна (ај да не речам со скијачко одело), со капа, со шал, со ракавици, како поминувам на пешачки да ми свиркаат и довикуваат низ прозорец. И како сеа јас ги провоцирам со својата голотија?
Дефинитивно најбесмисленото мислење на темава. Темава е за педофилите што споделуваат слики од малолетнички и манијаците што праќаат лични информации за девојки.

За ова што си пишала не велам дека лажеш или дека нема шанса да се случи ова ама не е уопште поврзано со темава.
Ти свирнале и викнале, сериозно? Ова се случува на секој жив човек најмалце еднаш дневно, поготово во нашата држава.

Еве да ти кажам неколку примери дека тоа не се случува само на женски.

1) Ми се има случено доста пати од кола, машки да ми свирaт и дофрлат нешто за како сум облечен, како одам, каде одам, зошто трчам и уште многу досетки.
Еднаш одам замислено поминува до мене голф тројка со 3јца луѓе (не беа македонци), типците имитираа лаење на куче за да ме исплашат. Успеаа во тоа, ама какви будали човече :pos:

2) Најчесто ми се случува женски да ми се смешкат/викнат/добацат нешто било тоа да е во теретана, кино, парк, на кеј, факултет, автобуска итн. Ова за мене е сосем нормално и дел од реалниот свет во кој живееме.

Еве уште еден контрапример со личности "како тебе" што мислат секој што ќе свирне е манијак.

Возам на Партизанска и треба да свртам накај Дебар Мало кафичите и тука има пешачки. Накај пешачкиот одат неколку девојки, па ќе застанат во круг па пак ќе почнат да одат, се сликат, се смеат, викаат, ни сами не знаеа што точно прават. Јас застанав пред пешачки да ги пропуштам, јас чекам, они чекат.
Кога снемав трпение им блендам да поминат, не приметуваат, им свирнав да поминат овие фатија да ми прават фаци и да мафтаат со раце во стил што ти е на тебе, што сакаш од нас? Сигурно помислиле дека сум манијак :D, ама не се замарам со глупи личности што мислат дека светот се врти околку нив.


За крај, во вакви ситуации како првите два примера можеш да пријавиш во полиција ако мислиш дека сакале сексуално да те вознемируваат/нападнат или па како мене да не дадеш на значење и во себе да си кажеш свашта има по Скопјево и да продолжиш со животот.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Кој да ги едуцира? Мајка им шо се мажи на 18 оти се згреши работата? Или татко им шо врска нема од животот и пример има 21 година, со неговите живеј и нема везе од живот и финанска независност и стабилност? (без навреда, муабето ми е шо рано се мажат, женат - ама ај нека е здраво и живо, и од дома притисок имаа да се во брак, време му било.)
Институции на државава, таа истата што ги фура неолибералните текови како замена.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.298
Поени од реакции
84.434
Дефинитивно најбесмисленото мислење на темава. Темава е за педофилите што споделуваат слики од малолетнички и манијаците што праќаат лични информации за девојки.

За ова што си пишала не велам дека лажеш или дека нема шанса да се случи ова ама не е уопште поврзано со темава.
Ти свирнале и викнале, сериозно? Ова се случува на секој жив човек најмалце еднаш дневно, поготово во нашата држава.

Еве да ти кажам неколку примери дека тоа не се случува само на женски.

1) Ми се има случено доста пати од кола, машки да ми свирaт и дофрлат нешто за како сум облечен, како одам, каде одам, зошто трчам и уште многу досетки.
Еднаш одам замислено поминува до мене голф тројка со 3јца луѓе (не беа македонци), типците имитираа лаење на куче за да ме исплашат. Успеаа во тоа, ама какви будали човече :pos:

2) Најчесто ми се случува женски да ми се смешкат/викнат/добацат нешто било тоа да е во теретана, кино, парк, на кеј, факултет, автобуска итн. Ова за мене е сосем нормално и дел од реалниот свет во кој живееме.

Еве уште еден контрапример со личности "како тебе" што мислат секој што ќе свирне е манијак.

Возам на Партизанска и треба да свртам накај Дебар Мало кафичите и тука има пешачки. Накај пешачкиот одат неколку девојки, па ќе застанат во круг па пак ќе почнат да одат, се сликат, се смеат, викаат, ни сами не знаеа што точно прават. Јас застанав пред пешачки да ги пропуштам, јас чекам, они чекат.
Кога снемав трпение им блендам да поминат, не приметуваат, им свирнав да поминат овие фатија да ми прават фаци и да мафтаат со раце во стил што ти е на тебе, што сакаш од нас? Сигурно помислиле дека сум манијак :D, ама не се замарам со глупи личности што мислат дека светот се врти околку нив.


За крај, во вакви ситуации како првите два примера можеш да пријавиш во полиција ако мислиш дека сакале сексуално да те вознемируваат/нападнат или па како мене да не дадеш на значење и во себе да си кажеш свашта има по Скопјево и да продолжиш со животот.
мешаш баби и жаби, не станува збор тука за секакво, сообраќајно или по друга основа свирење и свиркање
 

Kajgana Shop

На врв Bottom