Свакакви глупости се изначитав на темава, али дали со мене нешто не е во ред или стварно незнам што е работа привлекување пажња да ти било нормално со истакнување на голотија и сексуална експресија, за мене лично тоа е крајно неморално и запуштеност во воспитување од најмала возраст... можда сум старомоден али рецимо мене ме привлекува женската спонтаност, природната убавина односно не користење на шминка, воспитаноста, памет, духовност, љубезност, спортска активност... додека камењаркиве кои ми праќале слики од секогаш сум ги рачунал за интелигентно и морално запуштени, можете тука да продавате муда за бубрези колку сакате 99 посто од машка популација кога ке види како му праќаат слики каде што се голи, рачунаат да ја плеснат и толку ништо озбиљно, бидејќи ако за месец дена ме знае и ми праќа слики, кој знае на колку исто така има праќано... и поссле тие слики кога ке дојдат до манијаци крив им е некој друг они сами не се, па ке се појавуваат разни феминистки за солидарност и заштита на права бла бла бла...
и едно нешто ми е симптоматично, знам милион фини и културни жени/девојчиња до сега не сум видел некој да злоупотребил нивна фотографија, туку се некако злоупотребени биле оние каде што ја истакнувале „сексуалната експресија“...
Зборувам општо за голотија и сексуална експресија, не зборувам за извештачените стандарди со кои се нахранети девојчиња уште од најмали нозе (кои пак се пренесуваат преку „инфлуенсерки“ со милиони следачи, меѓу кои се и многу од луѓето што зборуваат за девојчињава дека се „курви“, а да не зборуваме пак за порнографијата што е масовно конзумирана и останати медиуми, таквото извештачено прикажување се смета истовремено и за нешто пожелно и за непожелно, при што се праќа измешана и збунувачка порака).
Не дискутирам дали тоа што девојките го прават е морално или неморално бидејќи голотијата сама по себе не содржи морална димензија (морална димензија би содржела ситуација каде, на пример, жена што е во моногамна заедница праќа голи слики на друг маж без знаење и одобрување од сопругот), само го посочувам коренскиот проблем, извитопереноста на она што се бара од жените и она што се промовира за нив. Сексуалната експресија и голотијата ја има многу форми и облици, не се состои само во она што се гледа кај инфлуенсерки (чисто за да доловам, на пример, исто така голотија и сексуална експресија има голото вежбање јога). Со ова, логичка грешка е да ставиме голотија сама по себе во кош на „неморално“. Значи, не е до голотијата, туку е до контекстот. Се работи за тоа што на колективно ниво постои потешкотија во сексуалната експресија, и бидејќи општеството немало поинаков модел, се прифаќа порнографскиот, објектификациски контекст како примарен начин, бидејќи тоа е она што е општо прифатено, барано и актуелно моментално на општествено ниво. Од тука, друг дел од проблемот не е сексуалното бидување, проблемот е сексуалната објектификација и притисокот жените да се прикажуваат себеси како сексуални објекти за да бидат прифатени и пожелни кај спротивниот пол (а луѓето, особено мажите покажуваат што им се допаѓа според тоа кај им одат follows и likes), заедно со паралелниот притисок да не се прикажуваат така. Многу страшна когнитивна дисонанца се случува на тоа поле.
Поради ова, не можеме да ги обвиниме девојките - јас често пишувам за лична одговорност за своите постапки, истовремено знам дека во сите во животните ситуации во кои сме постапуваме најдобро што знаеме и умееме. Моментот на помирување е дека не прави цела популација shadow work (иако, ако не почне да прави, не знам вака каде ќе стигнеме), јасно ми е нема цела популација доволно психолошка свесност да рефлектира зошто ги прави работите што ги прави и, уште побитно, кои постапки се во највиш интерес на индивидуата. Мене лично не ми е вкусно тоа порнографско фотографирање, но сакам да разберам од каде доаѓаат. Немам поодено километар во нивните чевли - но сигурна сум дека оваа ситуација е кокреација од многу различни аспекти, биолошки, психолошки, социјални, културни, економски, политички итн. за кои треба колективно да преземеме одговорност, наместо да се обвинуваме меѓусебно - и кај мажите и кај жените постојат легитимни причини за однесувањата, тоа не значи дека се оправдани, но треба сите да си преземеме одговорност.
Еве пример за таквата одговорност во акција: ако на мажите навистина тој инфлуенсерски стил им е непријатен, тогаш нека ги отследат полуголите инфлуенсерки што ги следат. Ако навистина не сакаат девојки што им праќаат нудс, тогаш нека престанат да ги бараат. Ако им пречи тоа што девојчето од маало се прикажува себеси како порно ѕвезда, нека престанат да гледаат порничи и да очекуваат дека девојките треба така да изгледаат и да се однесуваат. Ако им пречи тој начин на експресија, тогаш нека го кажат тоа „Еј *име*, не ми се допаѓа вакво праќање на голи фотографии, ме прави да се чувствувам непријатно и ми остава негативен впечаток за тебе“. Ама не, они ќе си ќутат, ќе ја искористат ќе ја плеснат и чиста работа, и некако оправдувањето за тој третман е „неморална е, ми прати голи слики“.
Затоа, пак ќе речам - потребно е колективно исцелување на сексуалноста и односот кон неа.