Да не нема вакво нешто и од ваша страна?
Секако не зборам за педофилија и слично, ама вакви дојави ко за девојката од Кавадарци никој не може да ме убеди дека не постојат и кај жените.
Па иначе како ќе стане инфлуенсерка?
Еве денеска одма ја викнале да гостува на точка.ком небаре она е тешка жртва ко таа актерката од Србија.
Ме изиритира тоа нејзино излагање во јавноста и од сите 7 минути колку што збори со неспремен текст и изјава, она едно добри 6 минути ја промашува поентата на нејзината слика објавена на таа платформа.
Од друга страна, лесно е да спинуваш со муабет `абе што ти е гајле тебе кој што објавува на соц.мрежи`
Не ми е гајле. Ама, која е потребата ти да објавуваш такви слики а притоа не си селебрити, не си манекенка, сликата не е од некоја еротска, полуеротска фотосесија и слично. Која е потребата ти да објавиш слика каде си по гаќи со кренати нозе и проѕирна маичка каде урлаат брадавиците? На отворен профил. Зошто го правиш тоа? Инфлуенсерство? Сакаш да бидеш позната?
Епа ќе бидеш бе сестро, на ваков начин, Северина кариера напраи така, Кардашијан исто.
Или ќе станеш селебрити со мозок ко милион успешни жени, или ќе бидеш ваква ефтина ко овие ваквите.
Као демек она е жртва пошто некој напраил скриншот од нејзина слика и ја пратил со нејзин број и дојава дека е лесна девојка и се дава после една вечера. *не ни проба да го демантира истото.
Епа што да ти кажат бе златна, еве ја девојкава книга пишува и работи на научен труд од областа на нуклеарна физика.
Нема.
Заклучи си го профилот и селектирај си го следачите, а не да прифаќаш и шуто и рогато и после абе сликава ми ја шернале.
-Само не ми коментирајте злоупотреба на приватност и слично.
Уште еднаш, честитки на инфлуенсерството.