Промената на тренерската позиција е добра работа. Отпуштањето на Карло Анчелоти и натаму останува единствен незаслужен отказ на тренер на Челзи од РА. Ги гледав сите натпревари заклучно со натпреварот со Морекамб во ФА Купот, последните неколку не ги гледав од истата причина поради која не пишувам често овде (обврски во реалноста), па мислам дека можам објективно да се искажам.
Сите го знаеме ликот и делото на Френк Лампард за Челзи, за истото доволно кажува изјава на Роман Абрамович во официјално соопштение на клубот, досега такво нешто немало и нема ни да има во блиска иднина. Во тежок момент за клубот прифати да биде тренер минатата сезона и сработи коректна работа лани ако се земат во предвид сите околности.
Сепак ништо од тоа не го менува фактот дека тимот има 29 поени од 19 одиграни натпревари и е на 10-тото место на табелата и испадна од Тотенхем во куп поради аматерски одиграна завршница на натпреварот. Верувам дека таргетот беше околу 80-тина поени, што значи тимот е барем -10 поени од очекуваното само досега.
Дополнително, од натпреварот против Манчестер Сити на Етихад минатата сезона во ноември лани кој заврши 2-1 после 0-1 каде се видоа првите сериозни знаци на аматеризам во настапите на екипата па се до натпреварот во неделата, самото движење на играчите е болно за гледање. Никаква организација, синхронизација и дисциплина. Значи не зборуваме за финеси дали е дефанзива или офанзива, тикитака или паркиран двокатен ербас прес голот. Основна ускладеност кој што прави на теренот нема.
Од сите овие самозадоволувања на квазиновинарските енглески алапачи во медумите, единствено верувам дека пукнала тиквата меѓу Лампард и Шефицата околу Кепа. Не ми се бара историја, ама колку што се сеќавам, гопожата не само што го потпиша туку и се сликаше со гулабарот за официјалната презентација на „Челзиевиот број 1 во наредните 7 години“ како што беше најавен. Веројатно има добар кредит кај РА за успешна работа низ годините, да беше само уште еден попатно вработен, Грановскаја досега ќе беше историја на Челзи поради тој трансфер.
Посебен пасус за вујко Хари и „да Џрманс“. Хаверц дечкото, не знам дали е таков некој емо ска лик или до ковидот или што е, попатетична појава во Челзи немало долго време, можеби и општо во ПЛ, ќе покаже времето која била дијагнозата кај малодушникот. За Тимо Вернер уште тврдам дека заедно со Тијаго Силва се топ засилувањата на ова лето за Челзи, дечкото заклучно со натпреварот против Манчестер Сити буквално се исцеди на таа лева страна од бек до крило. И покрај неколкуте големи промашувања, даваше се од себе се до тој натпревар. После тоа, веројатно знаеа дека доаѓа Тухел после отказот од ПСЖ и ја тргна малку педалата од туражата плус замор, ама и понатаму не може ништо да му се замери на човекот, даваше максимум да испорача тоа што се бара од него. А за промашувањата, проблем се секако, ама и проблем за кој треба решение да бараат тренерите, било да е проблем од психичка или физичка природа.
Рудигер, Жоржињо, Алонсо, Ковачич илити не знам кој секако дека можеле да искажат што имаат кај управата, но дека е истата ситуација како отпуштањето на Виљаш Боаш поради Лампард и останатата тогшна компанија играчи, не е.
Тогашните играчи имаа зад себе кредит од клучни играчи во 2 премиерлигашки титули, неколку ФА и Лига купови и ЛШ финале во 4-5 сезони екипно и изразити психофизички квалитети индивидуално.
Од сегашнава група, екипно Алонсо има кредит на средно важен играч во една лигашка титула, а останатите имаат кредит на статисти во сработеното на Сари, Хазард, Жиру и еден одличен пенал рулет на Кепа во освојувањето на Лига Европа. Индивидуално, Жоржињо со циркузантските пенали и најмекушкиот пристап во цела ПЛ (статус сега загрозен од Хаверц), Ковачич кој не издржува повеќе од 65 минути игра или Рудигер со дезориентираните движења како мува удрена со влечка од ЧИК Куманово?
Единствен од овие кловнови кој може да има некаков кредит за реакција кај управата е Аспиликуета, а баш за него се кажува дека бил на страната на тимот и тренерите и покрај тоа што и тој играше се помалку и помалку. Втор со некаков кредит е Канте гледаш ќе го заборавев, ама Канте е Канте. ТЛ;ДР Рудигер, Жоржињо, Ковачич, Кепа можат да сменат некоја сијалица по дома, не и тренер на Челзи.
Томас Тухел, не знам многу на човекот, од тоа малкуто би можел само да кажам poor mans Klopp. Не знам што ќе излезе, очекувам подобро од сегашното. Ако успее да собере 41 поен, т.е. 70 поени до крајот што би било доволно за Лига Европа (можеби и за ЛШ) има преодна оцена кај мене. Ако може и повеќе, секоја чест. За првиве две недели, доволно е да заличат на организирана екипа на терен. Кој би играл кај него, ако нема повреди би типувал на Менди, Џејмс, Тијаго, Зума, Чилвел, Маунт, Канте, Хадсон-Одои, Зијех, Пулишич, Вернер. Следни во ротација Рудигер, Азпиликуета, Жоржињо, Ковачич, Хаверц, Абрахам. Овие од ротација може ќе добиваат предност сега во почетокот, ама до крајот на сезоната и особено следната ќе си го покажат вистинското лице и нема да бидат стартери и понатаму.
Решение за средината на теренот.
'I built a beautiful story there' - Oscar would like to return to Chelsea before his career is over | Goal.com

Автоматски споено мислење:
Решение за средината на теренот.
'I built a beautiful story there' - Oscar would like to return to Chelsea before his career is over | Goal.com
Последно уредено: