Фан Клуб: Челзи

Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Промената на тренерската позиција е добра работа. Отпуштањето на Карло Анчелоти и натаму останува единствен незаслужен отказ на тренер на Челзи од РА. Ги гледав сите натпревари заклучно со натпреварот со Морекамб во ФА Купот, последните неколку не ги гледав од истата причина поради која не пишувам често овде (обврски во реалноста), па мислам дека можам објективно да се искажам.

Сите го знаеме ликот и делото на Френк Лампард за Челзи, за истото доволно кажува изјава на Роман Абрамович во официјално соопштение на клубот, досега такво нешто немало и нема ни да има во блиска иднина. Во тежок момент за клубот прифати да биде тренер минатата сезона и сработи коректна работа лани ако се земат во предвид сите околности.
Сепак ништо од тоа не го менува фактот дека тимот има 29 поени од 19 одиграни натпревари и е на 10-тото место на табелата и испадна од Тотенхем во куп поради аматерски одиграна завршница на натпреварот. Верувам дека таргетот беше околу 80-тина поени, што значи тимот е барем -10 поени од очекуваното само досега.
Дополнително, од натпреварот против Манчестер Сити на Етихад минатата сезона во ноември лани кој заврши 2-1 после 0-1 каде се видоа првите сериозни знаци на аматеризам во настапите на екипата па се до натпреварот во неделата, самото движење на играчите е болно за гледање. Никаква организација, синхронизација и дисциплина. Значи не зборуваме за финеси дали е дефанзива или офанзива, тикитака или паркиран двокатен ербас прес голот. Основна ускладеност кој што прави на теренот нема.

Од сите овие самозадоволувања на квазиновинарските енглески алапачи во медумите, единствено верувам дека пукнала тиквата меѓу Лампард и Шефицата околу Кепа. Не ми се бара историја, ама колку што се сеќавам, гопожата не само што го потпиша туку и се сликаше со гулабарот за официјалната презентација на „Челзиевиот број 1 во наредните 7 години“ како што беше најавен. Веројатно има добар кредит кај РА за успешна работа низ годините, да беше само уште еден попатно вработен, Грановскаја досега ќе беше историја на Челзи поради тој трансфер.
Посебен пасус за вујко Хари и „да Џрманс“. Хаверц дечкото, не знам дали е таков некој емо ска лик или до ковидот или што е, попатетична појава во Челзи немало долго време, можеби и општо во ПЛ, ќе покаже времето која била дијагнозата кај малодушникот. За Тимо Вернер уште тврдам дека заедно со Тијаго Силва се топ засилувањата на ова лето за Челзи, дечкото заклучно со натпреварот против Манчестер Сити буквално се исцеди на таа лева страна од бек до крило. И покрај неколкуте големи промашувања, даваше се од себе се до тој натпревар. После тоа, веројатно знаеа дека доаѓа Тухел после отказот од ПСЖ и ја тргна малку педалата од туражата плус замор, ама и понатаму не може ништо да му се замери на човекот, даваше максимум да испорача тоа што се бара од него. А за промашувањата, проблем се секако, ама и проблем за кој треба решение да бараат тренерите, било да е проблем од психичка или физичка природа.
Рудигер, Жоржињо, Алонсо, Ковачич илити не знам кој секако дека можеле да искажат што имаат кај управата, но дека е истата ситуација како отпуштањето на Виљаш Боаш поради Лампард и останатата тогшна компанија играчи, не е.
Тогашните играчи имаа зад себе кредит од клучни играчи во 2 премиерлигашки титули, неколку ФА и Лига купови и ЛШ финале во 4-5 сезони екипно и изразити психофизички квалитети индивидуално.
Од сегашнава група, екипно Алонсо има кредит на средно важен играч во една лигашка титула, а останатите имаат кредит на статисти во сработеното на Сари, Хазард, Жиру и еден одличен пенал рулет на Кепа во освојувањето на Лига Европа. Индивидуално, Жоржињо со циркузантските пенали и најмекушкиот пристап во цела ПЛ (статус сега загрозен од Хаверц), Ковачич кој не издржува повеќе од 65 минути игра или Рудигер со дезориентираните движења како мува удрена со влечка од ЧИК Куманово?
Единствен од овие кловнови кој може да има некаков кредит за реакција кај управата е Аспиликуета, а баш за него се кажува дека бил на страната на тимот и тренерите и покрај тоа што и тој играше се помалку и помалку. Втор со некаков кредит е Канте гледаш ќе го заборавев, ама Канте е Канте. ТЛ;ДР Рудигер, Жоржињо, Ковачич, Кепа можат да сменат некоја сијалица по дома, не и тренер на Челзи.

Томас Тухел, не знам многу на човекот, од тоа малкуто би можел само да кажам poor mans Klopp. Не знам што ќе излезе, очекувам подобро од сегашното. Ако успее да собере 41 поен, т.е. 70 поени до крајот што би било доволно за Лига Европа (можеби и за ЛШ) има преодна оцена кај мене. Ако може и повеќе, секоја чест. За првиве две недели, доволно е да заличат на организирана екипа на терен. Кој би играл кај него, ако нема повреди би типувал на Менди, Џејмс, Тијаго, Зума, Чилвел, Маунт, Канте, Хадсон-Одои, Зијех, Пулишич, Вернер. Следни во ротација Рудигер, Азпиликуета, Жоржињо, Ковачич, Хаверц, Абрахам. Овие од ротација може ќе добиваат предност сега во почетокот, ама до крајот на сезоната и особено следната ќе си го покажат вистинското лице и нема да бидат стартери и понатаму.
Автоматски споено мислење:

Решение за средината на теренот. :icon_lol:

'I built a beautiful story there' - Oscar would like to return to Chelsea before his career is over | Goal.com
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ај малце да ремизираме

1611731324058.png



-Релативно неискусен тренер
-Пред Челзи имаше ок успех во една екипа што е помала од Челзи
-Прифаќа огромен притисок со доаѓање во Челзи иако знае што значи се тоа
-Фановите го поддржуваат
-Легенда е на клубот поради успесите во минатото
-Управата го поддржува
-Управата вели дека е целосно зад проектот подмладување на Челзи и му дава слобода
-Сепак, нешто станува срање
-Излегуваат муабети дека дел од постарите играчи го минираат
-Излегуваат муабети дека можеби и некои од управата не е целосно зад него
-Го отпуштаат
-Никој не знае зошто не му дозволија барем до крај на сезона не го исфура проектот за кој што наводно управата го поддржуваше
-Фановите сметаат дека благодарение на неговите поранешни успеси заслужи поголемо разбирање
-Доаѓа нов тренер од кој фановите дефинитивно во првата сезона не очекуваат некаков огромен успех и се генерално со став "Ајде да видиме што ќе биде, не требаше да дојде до ова..ама ајде..."
-Pic unrelated
-Погоре се опишани отказите на Мурињо и Виљаш Боаш
-Челзи завршува во финале на ЛШ на крај

Thank you for coming to my TED Зоки Talk
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.076
Поени од реакции
2.025
По мене не ми стои дека е подржан од управата, со тоа ете што му даде плус 2-3 недели. Да ја завршеше оваа сезона без разлика на тоа какви резултати и место и да ја почнеше нареднава па ако не одеа резултати таму во ноември да добиеше отказ тогаш ќе кажев да, управата го подржа и е спремна да работи долгорочно со некој менаџер.


Вака не со тоа што ете да беше некој друг можеби ќе беше отпуштен против Астон Вила или Сити. Ма да еве резултатски ако гледаме киксот со Астон Вила беше пре рано за отказ, Сити ок тешки бодови пак доаѓаме до поразот од Лестер и недела дена после тоа отказ.
Што и не е некоја привилегија, ако се земе во обзир еве Солскер например лани или Артета сега.

За трансфери ок точно се потрошија добри пари, ама ремонт беше неопходен во тимот во играчки кадар а не поради тоа што Лампард беше
менаџер па поради тоа се купија толку нови играчи. Глупости.
Кој и да беше менаџер ќе добиеше нови играчи само што никој друг не се нафати во такви услови да работи, зборам за првата сезона.
Е сега дали се по кеф на Лампард или по кеф на буржоазија горе во канцеларии незнам, ама како стојат работи од претходна историја не сум баш сигурен дека 100% се од Лампард. Може да кажам само дека Менди поради Чех е донесен ама пак технички не е тоа одлука на тренер, туку на директор.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
По мене не ми стои дека е подржан од управата, со тоа ете што му даде плус 2-3 недели. Да ја завршеше оваа сезона без разлика на тоа какви резултати и место и да ја почнеше нареднава па ако не одеа резултати таму во ноември да добиеше отказ тогаш ќе кажев да, управата го подржа и е спремна да работи долгорочно со некој менаџер.


Вака не со тоа што ете да беше некој друг можеби ќе беше отпуштен против Астон Вила или Сити. Ма да еве резултатски ако гледаме киксот со Астон Вила беше пре рано за отказ, Сити ок тешки бодови пак доаѓаме до поразот од Лестер и недела дена после тоа отказ.
Што и не е некоја привилегија, ако се земе во обзир еве Солскер например лани или Артета сега.

За трансфери ок точно се потрошија добри пари, ама ремонт беше неопходен во тимот во играчки кадар а не поради тоа што Лампард беше
менаџер па поради тоа се купија толку нови играчи. Глупости.
Кој и да беше менаџер ќе добиеше нови играчи само што никој друг не се нафати во такви услови да работи, зборам за првата сезона.
Е сега дали се по кеф на Лампард или по кеф на буржоазија горе во канцеларии незнам, ама како стојат работи од претходна историја не сум баш сигурен дека 100% се од Лампард. Може да кажам само дека Менди поради Чех е донесен ама пак технички не е тоа одлука на тренер, туку на директор.
А бе тоа е на старт на причата, после тоа си реков дека сепак испаднаа муабети дека сепак имало проблеми, ова беше хронолошки :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.698
Поени од реакции
115.425
Ќе биде на клупа Тухел денес? Претпоставувам не, ама да прашам чисто.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Мет треба да даде отказ и да не се појавува никаде веќе.

Неговата последна статија беше опасна и тоа ги премина границите на спортот и фудбалот. Поради бљаботините што ги изнесе, половина Англија и Индија смртно му се закануваше на Рудигер. Со такви работи за пуст наводен ексклузивитет не се игра.

Никогаш посебно не бил нешто референтен, чекал зицери. Сега со ова се закопа начисто.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Хадсон десен крилест бек. Тројца во одбрана, Зијеш и Хаверц позади Жиру. Маунт и Вернер на клупа.

Интересно, важна би била победава вечерва. Да мрднеме од мртва точка.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Мене ми изгледа на класична 4-2-3-1 формација. Не дека е многу важно тоа, секако важно е движењето на терен.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
леле со каков состав има излезено овој? :facepalm:

Срамота е. Полека.

Година ипол ниту еднаш не прочитавме критика на составите и селекцијата на Лампард, оправдувања се наоѓаа во милион фактори, од бојкоти до чуда, за да напишеш коментар со фејсплам за изборот на новиот тренер кој е на чело на Челзи 22 часа.

Самобанирање како опција, нека размисли администрацијава на форумов. Да заштедиме време и нерви. Ќе читам Индијци, помалку отровни во секој случај.
 
Последно уредено:
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.076
Поени од реакции
2.025
Срамота е. Полека.
Што е срамота?
Без Џејмс и Маунт во тим кои ни се убедливо најдобри играчи и во форма.
Со Рудигер, Жоржињо кои веќе 1.5 сезона не играат ништо, Аспликуета кој нема мускули да се носи со овие брзи крила на Вулфси.
Хаверц кој нема јадено 3 дена хахах

Никогаш не сум бил поубеден дека Челзи губи.
Уште па и Алонзо гледачот од автобус го ставил на клупа... Абе треба да го тепаат со камшик а не да го ставаат у состав, се ли му ебам.
Требаше само уште и Кепа да стартува и со мерак да си гледам Астон Вила :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Што е срамота?
Без Џејмс и Маунт во тим кои ни се убедливо најдобри играчи и во форма.
Со Рудигер, Жоржињо кои веќе 1.5 сезона не играат ништо, Аспликуета кој нема мускули да се носи со овие брзи крила на Вулфси.
Хаверц кој нема јадено 3 дена хахах

Никогаш не сум бил поубеден дека Челзи губи.
Уште па и Алонзо гледачот од автобус го ставил на клупа... Абе треба да го тепаат со камшик а не да го ставаат у состав, се ли му ебам.
Требаше само уште и Кепа да стартува и со мерак да си гледам Астон Вила :D
Нели мислиш дека овие заборавениве што ги викаш дека ќе имаат мотив да се покажат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom