Многу добро искочи ова што се срчкаа Лукаку и Ибра. Сакам да продолжат сега и по социјални мрежи да се кошкаат, да има жар конечно, да се врати фудбалот ко пред 15 години. Кога ќе им влезеше Матераци во 3та минута со крвнички клизачи, Гатузо во 5 минута ќе го стапнеше Камбијасо на уво, до 9та минута брзата помош 5 кила нафта потрошила лево десно и тогаш почнуваше вистинскиот фудбал, да се радуваш на гол, да караш мајки, судии, тренери, агенти, стадиони.
Сега кај се сите умрени, нешто фер плеј, нешто почит кон противникот (да ти ебам глупата работа, почит кон Милан хехе), па и празни стадиони им фалеа да ги дотепаат. Со другарите дома ПЕС кога играме повеќе жар има и повеќе заушки летат од 22 фудбалери на терен.