Планинарење

  • Креатор на темата Креатор на темата EVIL-B
  • Време на започнување Време на започнување
 
Ги бива овие Планика Трекинг во Пеко што ги има за снег над глужд или пропуштаат? Само Ве молам не ми препорачувајте од outdoor ili scout чизми неам бубрег за давање хаха
 
Која цена се Планика? Не сум гледал одамна во Пеко, ама не ми е останато сеќавање дека биле евтини.
Може не за бубрег...
 
Која цена се Планика? Не сум гледал одамна во Пеко, ама не ми е останато сеќавање дека биле евтини.
Може не за бубрег...
Околу 10.500 се на некој ѓоамити попуст, со гортекс, вибрам, и автоматски крампони онака баш планинарска чизма бар на папир.
 
Околу 10.500 се на некој ѓоамити попуст, со гортекс, вибрам, и автоматски крампони онака баш планинарска чизма бар на папир.
Не вредат за тие пари.Си задоцнил еден ден.До вчера важеше попустот на Lomer Everest STX со купон на grouper за околу 6400 денари во Артурс: https://grouper.mk/deal/arthurs-10-zlatna-zdelka
Автоматски споено мислење:

 
Околу 10.500 се на некој ѓоамити попуст, со гортекс, вибрам, и автоматски крампони онака баш планинарска чизма бар на папир.

Ѕирни и кај овие нешто. Drifter и Shiraz се во тој ценовен ранг.
 
Ги бива овие Планика Трекинг во Пеко што ги има за снег над глужд или пропуштаат? Само Ве молам не ми препорачувајте од outdoor ili scout чизми неам бубрег за давање хаха
Во глобала што и да купиш гледај да има вградена Sympatex мембрана бидејки е 2 пати подобра од Goretex односно ако Goretex издржи 3 саати газење во длабок снег без да пропушти Sympatex ќе издржи 6 саати.Ова ти го кажувам од лично искуство а и од искуство на други што имале и едни и други кондури со двете мембрани.
 
Бев во Артурс вчера ама немаше 42 ни од Еверест, ни Техник. Си ебале мајката и тие.
 
Бев во Артурс вчера ама немаше 42 ни од Еверест, ни Техник. Си ебале мајката и тие.
Епа попустот почна од петокот и тогаш ги имаше сите броеви бидејки бев во продавница и прашав за мој пријател но луѓето се информирани и грабаат бидејки од 14900 да добиеш кондура за 6400 е предобра зделка.
 
Тоа "попустот" од 14.000 на 10.000 им стои од памтивек на страната, знам пошо другар зема еверест од таму за 10.000 пред 3 години. Али пак и од 10.500 за 6.500 е топ попуст али тоа е. Али без попустов најверојатно пре би Планика Трекинг пред Ломер Еверест пошо вториве малце ми делуваат тесно и шилкасто на преден дел, додека првиве се по заобленки кај прстите што е добро за подолго одење бар според мене.
 
Ги бива овие Планика Трекинг во Пеко што ги има за снег над глужд или пропуштаат? Само Ве молам не ми препорачувајте од outdoor ili scout чизми неам бубрег за давање хаха

Можеш да ставиш фотка од кои Планика ?? Генијалците од Пеко воопшто ги немаат на својата страна за Македонија.
Имам другари и другарки кои земаа Планика Јеловец и не се баш нешто задоволни од нив.
 
Можеш да ставиш фотка од кои Планика ?? Генијалците од Пеко воопшто ги немаат на својата страна за Македонија.
Имам другари и другарки кои земаа Планика Јеловец и не се баш нешто задоволни од нив.
Овие се друга линија, Планика Трекинг со некој нивни вид на Goretex, Airtex. 15-treking1-1562763661.jpg
 
Земете го у обзир и ова:


Немојте да мислите дека се словенечки бренд и дека не се фалсификува.
 
Ова би требало да се оние стандардните Б1 трисезонски чизми. Можат да се носат и на снег, ама не се за технички терени. На нив може да се постават дерези со корпи за возима, ама ја немаат потребната цврстина за „копање“ на снег.

За урбани услови можеш со нив да тераш и до десет години (слично искуство со војно-полицискиот модел), ама не и на планина. Со користењето на планина се смалува векот (нормално, бидејќи има посурови услови на употреба).

Инаку, секоја чизма пропушта. Разликата е само после колку време. Ако ги одржуваш добро (сушење, чистење и импрегнација после секоја употреба во влажни услови) можат да издржат поприлично долго и да те вратат дома со суви нозе иако временските прилики не се добри. Проблемот во таков случај е што пороен дожд ќе ти ја втера водата во чизмите преку твоите панталони (сум го доживеал тоа повеќепати) или ќе ти ги испоти нозете исто како да си газел босоног низ поток.

Значи како совет, прво одлучи за што ќе ги носиш, пробај ги на нога и дури тогаш донеси одлука дали ќе ги купиш. Ако една чизма мене ми одговара на обликот на ногата, не значи дека и на другому ќе му одговара исто така.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom