Законски мора во рок од 30 дена да регаираат за сервисирање и ако не ја поправат должни се или да ти вратат пари или да ти дадат друга клима. Имав проблем со дефектна клима купена во сетек што нејќеа да ја сервисираат. Си најмив адвокат со опмена пред тужба, одма си ги вратија парите и си купив друг бренд. Само кога ќе пријавуваш дефект гледај да биде на писмено да имаш доказ дека си пријавил. Во оваа држава сите трговци се исто го*но.
Кај обидите за сервисирање имаш два моменти кои може да ти парават проблем кои јас ги имам искусено.
Прво за да има доказ дека имаш пријавено сервис треба да ти дадат некаков документ...Нешто како приемен лист за на сервис по кој започнува да се смета времето. Ако сакаат да ја одолговлегуваат работата...ваков документ нема да добиеш....
Како што реков предходно...првите монтери кои ги испратија од Gree во својство на сервисери обиваа да ми дадат било каков документ...освен уредно заверената гаранција со потписи дека климата е прописно монтирана....тие немале склучено договор за сервис, монтирале ad-hock..немале сервисен материјал, обуки..и сл...
Во ваков случај кога пријавуваш сервис а не сакаат да ти дадат документ...најдобра опција ти е пазарна инспекција...Е сега тука е вториот проблем.
Ако климата ти е порачана on-line, преку про-фактура и сл...пример од Gree Store, тогаш треба да одиш во општината каде што е регистриран продавачот...
Пример не може @Палачански да пријавува проблеми во пазарна испекција во Крива Паланка (мислам дека беше од таму...нека ми извини ако грешам). Мора да оди во Скопје и таму да пријавува проблем...или во најдобар случај да оди во Gree Store или како и да се вика фирмата (мислам дека Gree имаа 3-4 фирми со слични имиња) и да добие документ дека има пријавено сервис...а ако не му дадат дирек пријава во пазарна испекција...
срам и арам да ви е на повеќето од кланот на грее (за официјалниот профил овде присутен ова не се однесува тие се многу попрофесионални и освен некоја нова понуда или честитка за некој празник не влегуваат во расправии со корисниците),
Ехх мислам дека има назад низ темава доказ од администраторот дека всушност профилите од Gree се од иста Wi-Fi мрежа...најверојатно е еден лик, или можеби повеќе лица во иста канцеларија...еден до друг.
Пред извесно време ти пишав, сега ќе ти пишам пак. Нема тука хејтери на Грее. Има:
Незадоволни корисници со одредени проблеми со уредите.
Незадоволни корисници од сервисот.
Еххх...трагедијата уствари е што има незадоволни корисници кои веќе ги користеле климите и продавачи....