- Член од
- 10 август 2011
- Мислења
- 1.930
- Поени од реакции
- 7.811
Тежок лузерај од сите инволвирани во клубов. Од играчи, тренер, негови асистенти, до физиотерапевти. Неверојатно лузерска утакмица. Што помалку се каже за неа, толку подобро.
Јасно е дека клубов е во целосен хаос моментално (courtesy of Сунинг, кои во моментот кога конечно добија златна шанса, да ги соберат плодовите од години инвестирање, го оставаат клубот во лимбо на сред сезона), ама пола од клубовите во светот се во хаос сезонава, ради пандемијата. Нема изговори професионалци да се вакви сериски потфрлачи, секогаш кога ќе добијат прилика.
За Конте е доволно пишувано, не ми се ни троши тастатурата за него повеќе. Ама да се осврнеме и на играчите малку, зошто секогаш кога е густо, го имаат истиот одвратен став на терен.
Не знам што е работата, дали е тренерот во прашање, атмосферата во клубот, или секогаш се тапшани по грб, за тоа што се good enough, наместо да бидат подобри од сите останати. Ама, не разбирам вакви, донекаде, смешни перформанси. Без разлика кој е тренерот, каков е и какви инструкции дава, имаат ли некаква внатрешна мотивација за тоа што го прават професионално? Имаат ли лична, индивидуална цел во кариерите, подалеку од земање на голема плата и играње за голем клуб? Ова е професија каде резултатот од работата е бинарен, или си победник, или си губитник. Од тоа доаѓа и личната сатисфакција, ради тоа името ќе ти стои запишано негде и за тоа даваат титули. Не е битно колку добро си тренирал, колку добри намери си имал, и колку си бил близу. На крај, или си прв, или си сите останати.
Ова го кажувам, зошто освен Видал и Санчез пред 100 години, другите немаат скоро ништо освоено во нивните кариери. Без разлика што дел се млади, на вакви утакмици се докажува што материјал на играч си. Ова треба да го победиш, дури и ако тренерот направил некаква грешка, или едноставно не ти е денот. На чист will-power треба да се добијат вакви утакмици, ако веќе збориме за шампионска група на играчи.
За сега, оваа група на играчи, го покажува баш спротивното, секогаш кога ќе се најдат во ситуација на сила да истуркаат резултат. Можеби ќе израснат некогаш во таква група, ама тоа мора да го покажат на терен, зошто прозорот за успех е секогаш многу мал во професионален спорт. Најчесто неколку години. Ако до тогаш не израснеш во шампионски тим, најверојатно никогаш нема да израснеш.