Самоодбраната како прво , е само употреба на сите нешта коишто можеш да ги употребиш за да сопреш и одбиеш напад кон себе , или кон некој близок во исто време на случување. Каков и да биде исходот од тоа ти можеш да добиеш само нешто благо од судот заради тоа што ниеден судија што ќе те суди не бил на местото на настанот и неможе да знае дали ти или било кој е крив и како што точно се десило.
Понатаму , доколку тренираш нешто - ама искрено ако го тренираш заради вистинските причини а не да се праиш кретенче на улица и да кажеш (како драгиот член манга Ја тренирам бокс , ај ќе се тепаме) во тој случај ќе бидеш доволно смирен и уште од далеку ќе ја познаеш тепачката/невољата и верувај ми ќе си се тргнеш , не за да бидеш повреден , туку за да не повредиш некого со тоа што го знаеш. Исто така, ако ти извадат пиштол , имаш целосно право (ако имаш шанса за тоа) да му наштетиш на напаѓачот , во друг случај пробај избегај или почни да се извинуваш, и онака не ти преостанува друго. Во таков случај можеш да скршиш рака , нога (на напаѓаџот се разбира) да го одгризеш , да го удриш во гениталии со цела снага и воопшто да не одговараш за таквиот напад. Без разлика дали пиштолот е полн или не е , без разлика дали напаѓаџот го извадил да те заплаши или пак полошо.
И за крај , ако е во твој дом , крадец , напаѓач , ти ги нападнал жената/децата/блиските секако дека можеш да употребиш било што за да го спречиш. ќе се маткаш можда некое врме по судови или било што , ама во никој случај не смееш да одреагираш..
Тоа со случката во куманово , беше изоставен предметот заради тоа што судијата го согледа фактот дека локалната полиција не изреагирала складно со прописите на делување против разбојништво. И човекот секако дека беше ослободен од обвиненијата за да не се направи скандал од тоа.
- Имав таква случка во струга пред 6-7 години.. Во лифт ме нападнаа двајца заради тоа што се спречкавме во ресторан претходно заради моја девојка. Морав да изреагирам и на едниот му одгризав парче од раката а другиот си здоби неколку ребра скршени.. Јес да тренирав карате во тој период но тренингот само успеа да ми даде сила да се борам тоа цело време додека ме маваа и шутираа во лифтот за на крај да почнам и јас да враќам на нападите. целото дејство траеше додека еден човек не го отвори лифтот мене ми се чинеа 20 минути , а сме биле само колку време потребно да се стигне од први до трети спрат. имав отекотини по цело тело , две недели не мочав нормално како што треба заради повреди на бубрезите и имав изместена вилица.. Е сеа, да не враќав , мислам дека немаше толку лесно да поминам..
После ова единствена казна ми беше суспензијата од 6 месеци да не посетувам тренинзи и морав секој викенд да се јавувам кај социјален работник , под изговор дека сум тренирал карате и не сум смеел да влезам во тепачка заради тоа што сум можел да убијам човек со техниките..
А колку само за слика, тогаш имав 14-15 години , тежев околу 45 кила и бев висок 165 сантима. а двајцата беа каде каде покрупни од мене!