Формула 1 - сезона 2021

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2021 ?


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 јануари 2020
Мислења
326
Поени од реакции
320
Вака така, се прикри убаво аферата околу Розовиот Мерцедес.
Тоа е, ги казнија нели, па Строл постариот имаше јавно обраќање дека има неправди кон неговиот тим. А казната беше многу блага во однос на тоа што го добија од нелегалностите. Казната беше некој минус поени. Али таа афера се заокружи со благата казна како и да е.
 
Член од
2 ноември 2015
Мислења
195
Поени од реакции
52
Океј, не бев сигурен за холандскиот. Тогаш нека биде Ферстапен, некако и подобро звучи така. (y)
Јас сум за "Верстапен", наместо "Ферстапен". Во духот на нашиот јазик. Во спротивно ми доаѓа некако како на пример наместо "Супермен", да изговараме "Зупермен"
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.710
Поени од реакции
33.353
Јас сум за "Верстапен", наместо "Ферстапен". Во духот на нашиот јазик. Во спротивно ми доаѓа некако како на пример наместо "Супермен", да изговараме "Зупермен"
Ама вие може да бидете за што сакате, нашиот јазик има правила, а не дух, и според тие правила е Ферстапен. ;)
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
По сите наши портали и весници спортските новинари го пишуваат Верстапен, никогаш не сум прочитал некој да напишал Ферстапен.

Уствари веднаш да се демантирам, сега пребарав на гугл и многу написи има со Ферстапен. Значи кој како сака така го пишува :D
 
Член од
2 ноември 2015
Мислења
195
Поени од реакции
52
Ама вие може да бидете за што сакате, нашиот јазик има правила, а не дух, и според тие правила е Ферстапен. ;)
Правилата се менуваат во духот на јазикот. Ако не беше така денес наместо "Што направивме" ќе велеше "Шчо напраифме".
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.710
Поени од реакции
33.353
Правилата се менуваат во духот на јазикот. Ако не беше така денес наместо "Што направивме" ќе велеше "Шчо напраифме".
Јас имам дома Правопис од 1979. Еве ти го и најновиот, од 2017: https://pravopis.mk/. „Духот на јазикот“ не се сменил цели 42 години, и секаде V во почетна позиција на зборот се транскрибира во Ф. Додека чекаме да дојде твојот дух на јазикот, во игра се важечките правила, според последниот Правопис, од 2017 година, според кој Verstappen е Ферстапен, како што било и пред 42 години. Во „духот на нашиот јазик“. ;)
 
Член од
2 ноември 2015
Мислења
195
Поени од реакции
52
Јас имам дома Правопис од 1979. Еве ти го и најновиот, од 2017: https://pravopis.mk/. „Духот на јазикот“ не се сменил цели 42 години, и секаде V во почетна позиција на зборот се транскрибира во Ф. Додека чекаме да дојде твојот дух на јазикот, во игра се важечките правила, според последниот Правопис, од 2017 година, според кој Verstappen е Ферстапен, како што било и пред 42 години. Во „духот на нашиот јазик“. ;)
А, пред 43 години како било? ;)

Забораваш дека имињата и презимињата не се преведуваат, се изговараат онака како што се изговараат во земјата од каде што потекнуваат.
Во спротивно, Donald Trump треба да биде Крофна Трамп.

Инаку духот на јазикот го оформуваат оние кои го зборуваат јазикот. А за 95% од нив, Max е Verstappen. Со V.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.710
Поени од реакции
33.353
Забораваш дека имињата и презимињата не се преведуваат, се изговараат онака како што се изговараат во земјата од каде што потекнуваат.
:facepalm:
Јас зборувам за транскипција, тој ми збори за превод. Па кој преведува бе? :pos:


Инаку духот на јазикот го оформуваат оние кои го зборуваат јазикот. А за 95% од нив, Max е Verstappen. Со V.
Статистикава од кај ја извади? Да не направи попис на населението?

ОК, ај, толку. Имаше една мудра изрека на времето: не ги храни троловите. Сум ја подзаборавил.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom