Ако Стојна отидеше кај комшијата да пие кафе, немаше да има ништо спорно нели? Иако кафе пие и со мажот. Значи спорното е сексот, зошто тој кон кого чуствуваме привлечност да има секс со други, тука настанува спорниот комент и ако се анализира, ќе видиме дека зад тој револт е суета. Дури и терминологијата е насочена кон таа насока - ,,те добив" ,,те изгубив" ,,моја" ,,мој" ,,твоја" ,,твој"..... Затоа и бракот е направен да личи како бизнис зделка, затоа и не им е ништо чудно на некои луѓе заедничкиот живот да го градат на мотиви од типот стамбено решение или издршка на стари години.
Суетата има влијание во креирањето на моралните и етички начела, бидејќи љубовта ја гледа како нешто кое може да се добие и изгуби, а сексот како интимен чин, тука добива улога на чин на сквернавење, затоа смее да се има само со оној што го ,,поседуваш" или те ,,поседува" Ако ја дадам мојата омилена четка за заби на комшијата, нема да биде повеќе моја омилена, ќе се ,,осквернави" па слично на тоа и сексот станал симбол на сквернавење а ,,невиноста" симбол на чистота, доблест. Зад овие вредности се крие премисата дека интимноста МОРА да биде чин помеѓу луѓе кои полагаат право на сопственост едни кон други, бидејќи нели, актот на интимност со некој што не ме поседува, ќе значи дека се случило сквернавење.
Проблемот е во тоа што сите имаме нагон на привлечност кон повеќе од една личност, нема човек што не почуствувал сексуална возбуда кон некој со кој не е во врска или во брак. Моралот што е општо прифатен овој проблем го ,,решил" така што едноставно го прогласил тој нагон за погрешен, за нешто кое треба да се стави под контрола. И така се родил ,,гревот" идејата дека ние во себе носиме нешто грешно, дека треба да се каеме, да бараме прошка и да го молиме нашиот творец што имаме таква лоша нарав во себе...
Љубовта значи во среќата на оној што го љубиш, да ја видиш сопствената среќа, а не да гледаш на него како на нешто кое ти припаѓа само тебе и преку кое може ти да бидеш осквернавен.... Тоа не е љубов, тоа е суета, но премногу долго човештвото и робува на суетата мислејќи дека тоа е љубов...