Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Природен нагон е оној што го има кај сите, и кај малцинство и кај мнозинство и кај мажи и кај жени.... Разликата е само во тоа што некој го игнорира и потиснува, некој не. Што се однесува до тоа што е поважно, веќе реков, сметам дека природните потреби треба да ги диктираат моралот и етиката а не обратно.
Но чиви природни потреби?
На поединецот или на мнозинството?

Мнозинството ги определува општествените норми. Што е прифатливо а што не.
Не можеш ти како поединец со твоите природни нагони да диктираш и да бараш да се менува нешто што е општо прифатено од друите.
Не е фер спрема другите. Кој си ти, кој сум ја, да менуваме нешто во општеството само пошто нас така ни одговара?

Има нешто зашто општеството опстојува, зашто се придржуваме до одредени норми, морали, непишани закони итн.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.148
Не можеш ти како поединец со твоите природни нагони да диктираш и да бараш да се менува нешто што е општо прифатено од друите.
Мислам дека не бара @Ipsissimus да диктира за мноштвото, туку обратно - мноштвото да не се меша во спалната на поединецот :D
Да не ги меша боговите во човечките вештачки конструкции за тоа што е правилно што не во однос на љубовта, сексот и се останато... што религијата, посебно христијанство и ислам имаат некоја чудна одбивност!
Да се намали уживањето на телото, да се намали земското - а истите тие - богови на материјалното на Земјата!


 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Не заради тоа, туку заради тоа што друг заморува со бесцелни примери кои немаат врска со Телема и религија... подобро кажи му „кучето не лае по карванот, туку по месечината“ и си гледаш раатот после.

Бесцелни муабети или кога некој постојано те наведува да му ја потврдиш тезата без да знае за она што ти го зборуваш (ниту сака да го знае) и што значи - не води никаде. Тоа не е дијалог, туку „јас не знам ништо за твоето, ама моето е точно“ - Стојна ќе ја нарекуваме курва. Својата жена ако мислиш дека треба да ја нарекуваш курва - слободно! :D
Јас никогаш не сум го користел тој збор за жена. НИКОГАШ. Нема ни сега, на форумов, заради измислени примери... и што би било кога би било :)

Не знам какви примери да ми даваат каде што по дефолт жената е лошиот пример, таа што греши некаде, а мажот ете дури и христијанин испадна, го навредиле, повреден, праведен бидејќи нели - христијанин, другото е зло, јас нема да го користам тој збор... премногу христијански нели :D

Подобро напиши му што сака да прочита соговорникот кога не се разбираме и готово :)
Искрено ми се свиѓа што се сакате, но бидете културни не прајте будали од нас овде да лапаме телемитски бесмислици и контрадикторности ..., и колку сакате љубете се, имате поддршка од мене. :backa:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.148
Не може никој да прави од другиот будала... :)
Се нема потреба од тоа... не е морално и етички! ;)

Исто како што не може религиите на стариот еон да диктираат морал за сите луѓе повикувајќи се на боговите и „светите книги“ кои не смеат да ги толкуваат бидејќи морално не се подобни точно да протолкуваат, знаеш заради паднатата им природа.
Било можеби тоа некогаш... но прекина таа пракса, не е валидна.
Моралот ќе го оставиме на форуми и во книги да е ваков онаков... но во спалната каде што си развратен, нема да ти влегуваме и контролираме со кој, кога, каде водиш љубов - и колку сте на број :D

Нормално, ако се плашиш и веруваш дека боговите заради тоа ќе те фрлат во пеколот и ќе доживееш втора смрт - ти имаш поголем проблем отколку да се грижиш за моралот на другиот во однос на водењето љубов!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.148
Затоа не узурпирајте простор со будалаштини, бидете културни де. :)
Да исчезнеме, да умреме за да христијаните кои се многубројни да имаат повеќе простор и да проповедаат уште повеќе?
Не е морално ова што го зборуваш!

Двајца Телемити со купишта тука луѓе кои освен негативност став спрема нас и она што го зборуваме (а малку разбираат), без да се запознаат ни сосема малку за она што го зборуваме - направивме проблем „со просторот“?
Еми да дојдат уште 5 други? Што правиме?
Барање да се банираат сите што не се христијани и муслимани... атеистите може да останат тие се потребни на каузата.. исто како ѓаолот...
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Значи јас треба да имам ист став како тебе за тоа што е морал за да не бидам трол.... Браво.
Ипси, ќе ми дозволиш малку од моето хоби... психоанализата.

Не се работи за мој морал туку универзален, код кој е инсталиран во секој човек, некој го нарекува и "внатрешниот контролер" и е многу едноставен механизам.

Имено тоа е вроден алгоритам во интелигенцијата со кој ги процесираш постапките, а е всушност златното правило - дали тоа што го правам би било во ред и мене да ми го прават, на моето дете... и веднаш ќе добиеш одговор дали си ОК или НЕ.

Значи нема тука ништо религиозно, и атеист го следи.. а види што е финтата.

Кога се раѓа дете оно е многу себично и не процесира, итс ол абаут ми.... како што расте треба да осознава дека не постои светот за него туку дека е дел од истиот.. тоа сознание треба да дојде од неговите ментори - родителите, но не само теоретски туку и да го увиди кај нив, по нивното однесување и со тоа да направи импринт на тие квалитети.

Надминувањето на себичноста, борење со неа, ставање под контрола е процес на зреење и растење.

Стојна пред да се впушти во лажење, манипулирање и дејствување зад грб на Миле, требало прво да се запраша.. дали ќе ми биде и мене ОК ако Миле ме лаже и манипулира и ќе знаела како треба да постапи.

Ако нејзиниот крејвинг по месото на комшијата е толку јак можела да му каже на Миле вака и вака, да го праша дали е Миле Ок со тоа, ако не е да се разделат и она да си отиде да му го конзумира на комшијата.

Но за да го направи тоа Стојна требало да се воздржи, да го почека Миле да се врати од работа за да направат муабет.

И сега... твоето опирање и правдање на постапките на Стојна е всушност правдање на твојата себичност, психоанализата тоа го кажува.

А прочитај погоре кој не може да си ја исконтролира себичноста.

:coffee:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.148
@Ipsissimus, не знам која ти е Стојна што ја оправдуваш, а го изневерила Миле...
Мислам дека му кажа на @ПрофаундлиСтупид наназад дека лажење не е во ред, дека така се оди против другиот непотребно, заради задоволување на желби... ама треба да го кажеш магичниот збор: не е морална Стојна бидејќи лаже.

Се е неморално ако се оди против сопствената чиста волја - ако си ја спознал и знаеш што е што.
Ако бркате желби и моментални задоволства - ќе западнете во грешка. Ако сакате бидете и Господ Бог Адонаи Мелек ха Арец! :)

Тоа нема врска со морал и неморал... единствено што морал поединецот е да ја извршува сопствената и само сопствената чиста волја!
Зошто сте на Земјата... колкумина знаат? Малкумина...
Може ли да знаат повеќе индивидуи за оваа чиста волја која ја носат во себе? Може!

Никој не е изоставен - но зависи од поединецот, од внатре - не од надвор.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Да исчезнеме, да умреме за да христијаните кои се многубројни да имаат повеќе простор и да проповедаат уште повеќе?
Не е морално ова што го зборуваш!

Двајца Телемити со купишта тука луѓе кои освен негативност став спрема нас и она што го зборуваме (а малку разбираат), без да се запознаат ни сосема малку за она што го зборуваме - направивме проблем „со просторот“?
Еми да дојдат уште 5 други? Што правиме?
Барање да се банираат сите што не се христијани и муслимани... атеистите може да останат тие се потребни на каузата.. исто како ѓаолот...
Да бидеш културен значи да постоиш, а не исчезнеш, не препознаваш Кој вистински ве љуби.:)
Со години сум баниран од вашите полтрони и не се лигавам ко ти, не се секирај нема ништо да ти биде, сам треба да се банираш у случајов.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.148
Да бидеш културен значи да постоиш, а не исчезнеш, не препознаваш Кој вистински ве љуби.:)
Со години сум баниран од вашите полтрони и не се лигавам ко ти, не се секирај нема ништо да ти биде, сам треба да се банираш у случајов.
Јас ако не сум културен на форумов и внимавам какви зборови користам - не знам кој е...
Земи огледало - ти си тој што запна сите на психијатри да ги праќаш, да ги навредуваш како семејството не им е функционално па да се праќале служби!
Ти реков бирај си ги зборовите и вчера ... смири си мислите и срцето, ако го има тоа во вашите религиозни пракси. Читај некој старец таму пред да дојдеш тука...

Тоа што тебе не ти чини мојата култура бидејќи го критикувам стариот еон со сите калапи (како што со години тоа се правело кога зборувал христијанин како да е „авторитет“ и се што ќе покажел со прст дека е зло, мора да е зло) - не е поврзано со културата моја, туку со тоа што тебе ти смета тоа што го пишувам.
Тоа се мои размисли за работите, други може да ги проверат, да анализираат... нема ништо лошо и некултурно во сето тоа.

А знам дека го молеш богот свој да исчезнам, „да се банирам самиот“ бидејќи види ме, некултурен не им давам простор на другите (како јас сам да си зборувам нели) - но слаба ти е верата по се изгледа!

Не ме читај, нема да те тагнувам и завршено.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
наназад дека лажење не е во ред, дека така се оди против другиот непотребно, заради задоволување на желби... ама треба да го кажеш магичниот збор: не е морална Стојна бидејќи лаже
Бреј култура ццц, еуфимизми за Курва— Не е морална...
Ти кажав како можете да бидете културни ајт таму...
Шма Израел Адонаи елхејну Адонаи ехат... :misticen:
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ипси, ќе ми дозволиш малку од моето хоби... психоанализата.

Не се работи за мој морал туку универзален, код кој е инсталиран во секој човек, некој го нарекува и "внатрешниот контролер" и е многу едноставен механизам.

Имено тоа е вроден алгоритам во интелигенцијата со кој ги процесираш постапките, а е всушност златното правило - дали тоа што го правам би било во ред и мене да ми го прават, на моето дете... и веднаш ќе добиеш одговор дали си ОК или НЕ.

Значи нема тука ништо религиозно, и атеист го следи.. а види што е финтата.

Кога се раѓа дете оно е многу себично и не процесира, итс ол абаут ми.... како што расте треба да осознава дека не постои светот за него туку дека е дел од истиот.. тоа сознание треба да дојде од неговите ментори - родителите, но не само теоретски туку и да го увиди кај нив, по нивното однесување и со тоа да направи импринт на тие квалитети.

Надминувањето на себичноста, борење со неа, ставање под контрола е процес на зреење и растење.

Стојна пред да се впушти во лажење, манипулирање и дејствување зад грб на Миле, требало прво да се запраша.. дали ќе ми биде и мене ОК ако Миле ме лаже и манипулира и ќе знаела како треба да постапи.

Ако нејзиниот крејвинг по месото на комшијата е толку јак можела да му каже на Миле вака и вака, да го праша дали е Миле Ок со тоа, ако не е да се разделат и она да си отиде да му го конзумира на комшијата.

Но за да го направи тоа Стојна требало да се воздржи, да го почека Миле да се врати од работа за да направат муабет.

И сега... твоето опирање и правдање на постапките на Стојна е всушност правдање на твојата себичност, психоанализата тоа го кажува.

А прочитај погоре кој не може да си ја исконтролира себичноста.

:coffee:
Повторно кажуваш нешто кое не сум го рекол ниту направил! Каде виде правдање на постапките?! Реков дека одбивам да користам неморално, затоа што моралот не е фиксен и неменлив и наместо тоа користам - погрешно!
Првин велиш дека постои универзален код, вграден во луѓето, за после две реченици да заклучиш дека децата се себични и треба да ги подучуваш на кодов....кој нели е вграден. Замисли купувам телефон, и ми викаат има вграден код, за џи - пи - ес, ама треба да го испрограмираш да ја покажува локацијата....

Ти не ја разбираш поентата, дека јас не оправдувам измама, сако сакам да укажам дека овие примери како твојов се последица на погрешно встановени норми. Наместо да се земат како репер природните особини и потреби за моралност и етика, се земале идеолошки и теолошки. И резултатот на тоа е векови и милениуми потиснување и отфрлање - прогласување за погрешни на особини и нагони што природата ни ги вградила. Резултат на тоа е избивање на површина на тие нагони, не ретко и деформирани, извртени....
Луѓето се премногу долго индоктринирани за да го сфатат тоа и секое вакво посочување го доживуваат како лудост, перверзија и што уште не.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.148
Бреј култура ццц, еуфимизми за Курва— Не е морална...
Ти кажав како можете да бидете културни ајт таму...
Шма Израел Адонаи елхејну Адонаи ехат... :misticen:
Ахат се чита, и е во женски род (со Тав на крајот) од Ахад (Еден, единство) ... пази што пишуваш ќе ти падне „машкоста“ на богот! ;)
Пак ќе повторам - смири си срцето и умот, батали ги моите текстови не се за тебе.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Но чиви природни потреби?
На поединецот или на мнозинството?

Мнозинството ги определува општествените норми. Што е прифатливо а што не.
Не можеш ти како поединец со твоите природни нагони да диктираш и да бараш да се менува нешто што е општо прифатено од друите.
Не е фер спрема другите. Кој си ти, кој сум ја, да менуваме нешто во општеството само пошто нас така ни одговара?

Има нешто зашто општеството опстојува, зашто се придржуваме до одредени норми, морали, непишани закони итн.
Се може и се треба да се преиспитува! СЕ! Ништо не треба да се прифаќа здраво за готово само затоа што долго време опстојувало, уште помалку затоа што мнозинството го оправдувало. Ако доволно луѓе тврдат дека треба да бидеш хомосексуалец, ќе се согласиш да бидеш?
Природните особини ако се игнорираат и потиснуваат доведуваат до низа компликации и проблеми, потценувањето на природата секогаш води кон катастрофа.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ахат се чита, и е во женски род (со Тав на крајот) ... пази што пишуваш ќе ти падне „машкоста“ на богот! ;)
Сегол почетно се користи, три точкички не паѓај на Алеф, и нормално ти бега поентата. :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom