- Член од
- 15 ноември 2013
- Мислења
- 1.709
- Поени од реакции
- 3.215
Ќе се задржам повеќе тука, бидејќи си одвоил повеќе време на ова.И проблем ти е ова да го одговориш?
Имам претстава дека го игнорираш или не знаеш, затоа сум упорен.
Јас не одбивам барања да знаеш, само одолговлекувам кога сметам дека има потреба
Зошто?
Бидејќи е основана исклучиво на текстуална анализа, алатка која е доста корисна во историографијата, но таа практично не може да биде како единствен фактор кој одлучува што е првично напишано
Hermann Weisse, Julius Holtzman
"Mark is the shortest Gospel, and it's language is often more direct and less polished compared to Matthew and Luke.So it is more likely that Matthew and Luke expanded upon Mark rather then Mark abbreviating their account"
По ова, директно се игнорира тоа што е веќе кажано за Марко, дека се води по Петар
Големина на еден текст не одредува хронологија, ниту пак е директен указ за неговата оргиналност, тоа што писанието е пократко може да потенцира дека е дел од подолга верзија, секако ако намерата на авторот е на свој начин да го претстави за да опфати одредена група на читатели/слушатели - што би можело исто да значи дека намерно се изоставени некои работи што ги има во другите
Друга работа, тоа што е поедноставно не укажува никако дека е прво напишано, може само да го отсликува стилот на авторот или пак потребите на читателите - на пр. тие кои не биле запознаени со еврејските традиции
Писанието е со подиректен стил, односно се фокусира на настани и конкретни случувања(што Исус прави/каде одат луѓето итн..) во споредба со другите каде што има поопширни теолошки објаснувања
Значи по кажаново доаѓаме до тоа дека едноставност не значи оргиналност!
Во исто време можеме да претпоставиме дека на тој начин се игнорира Матеј, кој како официјален службеник на Римјаните имал можност и ресурси претходно да напише подетален и поструктуриран текст,
Исто така имам прочитано дека разликите меѓу Лука и Матеј значеле дека Марко го напишал првото евангелие.. по мене тоа е погрешна претпоставка, бидејќи стил не може да се користи како дефинитивен показател за утврдување на приоритет на едно од тие врз останатите
Се што си напишал за евангелието по Марко, и за стилот на евангелието се слагам со тоа па нема да коментирам за тоа.
Зошто се смета Марко за прво евангелие не е поради тоа што е најкратко, барем не како што напиша ти.
Прва работа што ја земаат во предвид е тоа што речиси 90% од работите од Марко ги има во Матеј, некои работи се ад вербатим (збор до збор), некои работи се испеглани од Матеј, проширени (збогатени), околу 60% од Марко исто има во Лука, затоа викаат дека најверојатно овие двајца го користеле Марко како извор. Друга работа е тоа што Лука и Матеј имаат заеднички работи па затоа ја имаш и хипотезата за Q изворот каде се претпоставува дека двајцата користеле друг извор. (не релевантно во случајов).
Втора работа е тоа што како што рече е пократко, "поаматерски" напишано, со тоа што Матеј и Лука ги оправаат овие работи подоцна кога го земаат како извор.
Трета работа е во тоа што многу теолошки традиции се испуштени, пример раѓањето од девица, не мислиш дека е битен детал за Исус па е испуштен? (исто и Павле го нема овој детал)
Четврта работа е тоа што не го прикажува Исус секогаш во совршено светло, пример има стих каде неговото семејство смета дека забегал со умот, не е сфатен од неговите следбеници и слично. (ова го нема во другите евангелија).
Просто кажано, во тоа евангелие имаш најпроста теологија и најхуманистички приказ на животот на Исус.
Ти викам, ако гледаш од страна на историчар, кој да речеме е Хиндус по вероисповед, и го гледа ова од историска перспектива, ова има многу повеќе смисла него обратната варијанта.
Не знам за ова дали има разлика или не, не сум експерт за еврејски јазик, од тоа што ги гледам нивните верувања, историски и сегашни Месија е тоа што го пишав погоре во претходните постови, т.е какви биле очекувањата за него, речиси ништо од тоа не е Исус. Истиот случај е и со Синот на Адам. Ни едно од нив не севишниот Бог, дефинитивно не Месијата. Ако знаеш еврејски или подобро ја разбираш нивната теологија напиши слободно.Точно
Разликата меѓу нив е тоа што Исус е Помазаниoт а Кир Велики е Помазан
И Давид е "Son of Man", ama Исус е "The Son of Man
И Кир Велики е Месија, ама Исус е Месијата
Се надевам дека ја сфаќаш разликата
Во продолженија ќе објаснам зошто кажав Спасителот а не Помазаниот
Не сакам да скршнам од терен, ама морам во овој случај. Вака ако Бог е сезнаен, семоќен, совршен, тогаш нема смисла да го промени мислењето за таа работа, или па за друга. Пошто ги спомна и моралните кои се непроменливи, знаеш како е претставен Бог во Стариот Завет и Бог во Новиот Завет? Гностичката космологија не е падната од небо, фактички изградена е за да се испеглаат лошите и неморалните работи што ги заповедува Бог во Стариот Завет. Нема да ставам цитати, си претпоставувам дека ги знаеш добро за Бог од Стар Завет, и колку морално супериорен е Исус во однос на него.аа ок , извини тогаш моја грешка
Веројатно знаеш дека има морални и церемонијални закони?
Пример ние не учиме за исти работи на 5 години и на 18, или пак знаењето денес не е исто со тоа пред 500 или 1000 години
Претпоставувам поради различните ери можеби
Моралните се непроменливи, додека церемонијалните се исполнети преку Исус како што сфаќам јас
Не, како што неверувам и за други чуда за кои има записи и "сведоштва".Значи ти не веруваш во чуда и сметаш дека тоа се само измислица на човекот
Веруваш во воскресение бидејќи нема тело од Исус како археолошки доказ или како? Од сите можни варијанти најреална ти е таа? Дека човек воскреснал?Го нема телото
Не може тоа туку така да биде скриено и непронајдено од Евреите и Римјаните и баш во тие времиња, сите знаеме колку биле непријателски настроени во првиот век.
тоа одма ќе било угасено и побиено
Коа ќе ми каже некој го скриле.. кај го скриле?
Што биле они циа во тие времиња или како?
Правиме муабет за селани и обични занаетчии
Сигурно нема да напишат Римјаните дека под дрво и камен барале и не го нашле телото..

. Здравје некогаш некоја друга прилика може да продолжиме. Можеш слободно да ми реплицираш ако сакаш нешто да доискажиш, ако можам ќе ти реплицирам, ама без гаранција