И што ќе се добие ако се натурализираат, ќе се пласираме на некое ЕП тук и там и тоа е тоа.
Проблемот е уште во самото работење во младинските категории и селекција во школите. Со овие „деца“, едноставно толку е силата.
На пример, македонските ракометари се поситни и поспори од сите.Ако веќе во генетскиот базен нема многу висина, зошто форсираме спор и класичен ракомет? Зошто не се прилагодиме и да правиме брзи играчи, да играме „дива“ 3-3 одбрана и да им трчаме во грб на противниците во нападот?
Тие пак што имаат физички предиспозиции да се носат (Талески и Кузмановски), имаат слаби шутеви, слаб репретоар и релативно спора финта. Зошто немаме играч кој што е некаде 185-190цм, кој што има брз прв чекор за да може да направи вишок и малку осет за разигрување? Сите играчи ни се се од некој фаличен калап, пoтпросечни до просечни физички предиспозиции, 1 вид на шут и никаква 1 на 1 игра.
Проблемот во Македонија е системски. Не можеш уште да цедиш тоа што 79-82 годиште произвело. Од тогаш наваму имаме, 85то еден играч, 87мо тројца, 92 двајца и тоа е тоа. Само 6 добри играчи во период од 10-15 години, тоа покажува сериозна дупка во работењето. Ако некогаш беа инвестициите проблем, реалноста е дека веќе во Македонија 10-12 години имаме 2 клуба на релативно високо ниво и репрезентација редовен учесник на првенствата и пак ништо не е направено во однос на производство на играчи.
Нешто е многу труло во младинските категории.