Пишав пред некое време за константно лошење на татко ми веќе подолго време. Да споделам дијагноза, денес имаше гастроскопија и официјалната дијагноза е ГЕРД. Докторот закажа уште една гастроскопија за еден месец бидејќи има некој набор на желудникот и лезија на хранопроводот, па сака да следи дали ќе има промени во големината. Во меѓувреме терапијата е Ноплаза ( пак, мислам дека ги пие по трет пат од летото ) и meteospazmyl, ова не знам што е, наводно имал "нервозни црева".
Татко ми е голем паничар и веќе прочитал се што нашол на интернет за ова, дури и нашол дека 30% од заболените имаат потешка форма со трајно оштетување на хранопроводот, а дека 5% од заболените во некоја фаза развиваат карцином на желудник од наборите кои се креираат со тек на време. И готово, сега е врзано во крпче дека тој е од тие 5% .
Освен очигледното избегнување на зачинета и мрсна храна, газирани пијалоци и алкохол, кафе, чоколада, што друго не се препорачува? Дали има некоја диета или режим на исхрана за оваа состојба? Нешто на природна база, некој чај? Дали оштетувањата на хранопроводот се перманентни ? Секој совет/искуство е добредојден