Кое младо јадро го има Реал брт, наброј ми ги
Може јас?
Ќе набројувам само играчи под 30тата година.
Голмани:
- Куртоиш - субјективно топ 5 голмани, објективно топ 10 голмани според мене, еден од позаслужните за титулата минатата сезона.
- Лунин - one for the future.. Football Manager хехе.
Одбрана:
- Карвахал - иако е од "старата гарда" сепак е млад, треба ваков искусен играч, сам знаеш колку подобро играме кога он е во прв состав.
- Варан - исто како Карвахал, со тоа што доколку дојде добра понуда може да се размислува за продажба.
- Менди - карпа, грамада, исто како и Куртоиш значително ја подобри дефанзивата на екипата со оглед на тоа што 10 години од таму промаја ни дуваше. Не е толку лош во напад, единствено лошо му е центаршутот.
Средина:
- Касемиро - нема потреба да трошам зборови за него, уште еден играч од "старата гарда" со еден тон искуство.
- Валверде -
@Stefan-kobe гомно не измислувај дека сум зборел дека е боље од Де Брујне јесчуо?
- Одегард - најдобар асистент во Ла Лига за минатата сезона.. во екипа од рангот на Сосиедад и тоа. Негативно кај него е што влече хронична повреда на коленото за која нема лек, ептен добар man management треба да има за да не му отиде кариерата во курац.
Напад:
- Родриго - многу подобар од Винисиус, секоја шанса што му е дадена си ја има искористено со гол или асистенција. Знае да игра напаѓач, а знае да игра и крило.
Останатати млади играчи кои мислам дека нема да успеат во Реал:
- Милитао - не доби вистинска шанса, премногу млад за да се каже уште од сега дали има некои лидерски способности.
- Одриозола - not good enough.
- Иско - фала му за се, време му е за нов клуб, нема што да понуди за екипава повеќе.
- Асенсио - исто како брат му Иско, стагнира подолг период, штета што повредите можно е да му ја уништија кариерата.
- Винисиус - со оглед на какви крила има на пазарот, нема место за него во тимов.
- Лукас Васкез - мрш од клубов!
- Мариано - кој си бе ти?
И сакаш да ми кажеш дека Реал нема добра основа за во иднина? Освен Одегард и Родриго кои се коцка и не се знае дали ќе успеат, сите останати набројани играчи имаат успеано во клубов и слободно можеш да се гради екипа врз нив.
Не е проблемот во младите играчи, проблемот е во тоа што тренерот не им дава доволно шанса. Валверде се врати од повреда, го закова на клупа. Одегард се врати од повреда му даде само 5 минути во 5 натпревари да игра. Средината Крос - Касемиро - Модрич игра 10 натпревари по ред.
Едноставно не им верува доволно за да им го даде тој првотимски статус, најверојатно се плаши од неуспех Зидан и затоа се потпира на тие веќе што му го имаат донесено тренерскиот успех.