Fantasy Premier League 2020/21

Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.861
Поени од реакции
7.086
Значи го јадев немиен колово.
Ништо праам тимиште за колово и ако не бидам над 100ка да зема да се обесам со шпагетка...
Истата грешка ја имам направено, прва или втора сезона откако почнав ФПЛ :D
Гледај за натаму тимот да ти е среден, за чиповите ќе има шанси да се искористат, 26то коло треба да биде дупло.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.425
Поени од реакции
42.691
Саутемптон - Лидс е одложена.
Ништо од дупло коло за нивните играчи.
Откако потрошив 4 поени на Бамфорд, пошто нели игра 2 утакмици и ќе ги врати секако.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.861
Поени од реакции
7.086
Не знам веќе шо да мислам, секој ден се мења распоред и закажани утакмици, долгорочно планирање сезонава е невозможно, буквално калакурница.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Откако потрошив 4 поени на Бамфорд, пошто нели игра 2 утакмици и ќе ги врати секако.
Буквално една недела се пишуваше дека 99 отсто ќе биде одложена. И по форуми и по ,,Твитер".

Си бара ангажман, друже МанУтд. :icon_mrgr:

Апдејт: Тренерот на Шрусбери бил позитивен на Ковид-19, постои шанса да се одложи куп дуелот и Лидс-Сотон да се одигра во рамките на ова коло.
 
Последно уредено:
Член од
24 јуни 2016
Мислења
1.083
Поени од реакции
1.910
Истата грешка ја имам направено, прва или втора сезона откако почнав ФПЛ :D
Гледај за натаму тимот да ти е среден, за чиповите ќе има шанси да се искористат, 26то коло треба да биде дупло.
Kaj se gleda koe kolo ke bide duplo? posto i jas ja napraviv istata greska neznaejki deka samo 1 chip moze da se iskoristi. Ako e 26 super za togas ke ostani triple
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.350
За triple е најмал проблем. Има многу одложени натпревари, па така ќе има повеќе шанси да се искористи.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.260
Поени од реакции
7.263
Рис Џејмс се знае ли дали е оправен или уште колку ќе има до оправање?
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Жоржињо или Смит Роу?
Кој се шансите и двајцата да не изиграат? Кој се шансите ако го зеам Смит Роу Жоржињо да дае 5 гола и 3 асистенции?

@Dani ти кој би го земал брат?
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.350
Жоржињо или Смит Роу?
Кој се шансите и двајцата да не изиграат? Кој се шансите ако го зеам Смит Роу Жоржињо да дае 5 гола и 3 асистенции?

@Dani ти кој би го земал брат?
Охх, појма немам.

Да знам дека ќе го задржи првотимскиот статус, дефинитивно Смит Роу. Позицијата што ја игра и цената го прават одличен за на клупа како прв џокер. Најдобар bargain би бил.

Жоржињо е пеналџија, а со ВАР добиваат значење тие играчи. Ама сезонава не е сигурен во први 11 во Челзи.
Башка 2 натревари ќе играат Челзи па место едно ќе ти донесе две ништа.



Ако не е само за колово ќе го земам Смит Роу, барем и пари повеќе ќе останат па што биде биде.
Ако е само за колово, ќе се коцкам со Жоржињо пошто има право на поправен.

Паричка фрлај :D
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.260
Поени од реакции
7.263
Жоржињо или Смит Роу?
Кој се шансите и двајцата да не изиграат? Кој се шансите ако го зеам Смит Роу Жоржињо да дае 5 гола и 3 асистенции?

@Dani ти кој би го земал брат?
Зимај го Смит Роу, не е премногу офанзивен Жоржињо, а пеналите во Челзи ги доби Вернер во последно време.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.550
Поени од реакции
21.565
Минус осум поени.
Ги купив Боуен, Стерлинг и Антонио. Секако морав да одам минус 4 затоа што Поденс и ДКЛ нема да играат колово. а го трампав и Сон за Стерлинг, па се надевам грблево ќе даде некој допринос. Не знам само дали Адамс место Заха, да има некое инфо за double gameweek за Саутемтон одма би ги трампал.



 

Kajgana Shop

На врв Bottom