- Член од
- 12 декември 2007
- Мислења
- 4.733
- Поени од реакции
- 9.798
Берлин, Келн, Хамбург за ноќен живот. Берлин е техно Мека, Келн е хипстер Мека, Хамбург е германскиот Амстердам. Не заборавај дека Германија не е Афганистан - во било кое село да си, возот ќе те однесе кај и да е за неколку саати. Јас сум на саат ипол од Берлин, 2-3 саати од Хамбург, живеев и во Келн неколку месеци кога имав проект таму. Ако ми е досадно овде кајшто сум, или 9.99 евра за Фликсбус (ако си цинција) или 17 евра за воз и си ја правиш интересна во Берлин. Ако сакам море, Бремен, Хановер, Гронинген во Холандија, планини - за 23 евра имам 24 саати воз да шетам кајшто ми текни во сојузнава држава. Ќе ти требаат години да ја истражиш Германија, од мориња до градови до планини до метрополи и што ти душа сака.Како е ноќниот живот? Во кој град отприлика е најумрено а каде е најживо?
Има ли некој што пробал факултет или да знае како терат најмногу дали се претерано скапи, вредат ли...
Оваа година требаше веќе да сум таму ама короната искомплицира па сега одложив за Август 2021.
Sent from my SM-A705FN using Tapatalk