Знам друже... еве читам негови постари постови од лани....
А мене сеа ми вика немал изолација.....
Ако си потрошил 600kw во тие 3 месеци и си ја користел 24/7 математиката вели дека и во тие 3 месеци ти работела во просек со испод 300w.
EDIT: Гледам си пишал претходно 1180kw ти потрошила во тие 3 месеци, а за поквалитетна си прашувал дали би потрошила упола 600.... ја велам може не упола ама едно 25-30% помалце сигурно.
Јас со Хансолот лани... само во Февруари имав 400kw во таа малечка кутиичка соба од 17м2 со низок плафон.
А овој изминат (многу топол) декември 330kw...
Прегледај го приврзокот 280400 Прегледај го приврзокот 280399
Можеш да замислиш колку ќе наштракаше ако беше како што викаш во просторија од 45м2 со стандарден плафон од 2.6м во мојата куќа???
Ова само колку да имаш перцепција какви придобивки имаш ти од твојот простор.
И да, во тој твој простор придобивките од квалитетна Јапанка ќе бидат 90% комфор 10% заштеда пошто просторот што се вели можеш на свеќа да го грееш.