Не веруваме туку мислиме дека од понуденото е најмалку лошо и извалкано. Ако направат некои други со помал багаж и подобри идеи партија ќе гласам за нив. Ама кога изборот е помеѓу докажани лопови, истите локални пајташи и истиот шаблон на вработувања и тендери по партиска заслуга и Левица тогаш радо би ги гласал левичарите. Дури и да некој има скепса околу нив(што на сиов криминал кој се случува 30 години е апсолутно оправдано) сепак барем околу нив има 1% неизвесност дека можда и ќе тргнат по друг правец, додека глас за ДПМНЕ/СДС/Пајтон партии/поништување на ливче, како и неизлегување на избори е кандисување на истите структури, кои работат по ист тендер шаблон и туркаат ли туркаат партиски поттрчковци во администрација. Левица е некоја си надеж, каква таква(можда и никаква), но барем е надеж за промена, за разлика од ДПМНЕ, СДС и нивните поттрчковци во пајтон партиите.