Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.633
- Поени од реакции
- 31.842
Прилеп че има градоначалник во прв круг, впрочем како во 2013 и 2017-та.Левица во прв круг.
ДПМНЕ во втор.
Во Прилеп ќе решаваат помалку од 100 гласа, дотолку е поделен градов.
Шо се однесува до гласање, за ВМРО-ДПМНЕ. Новиот претседател на Општинскиот комитет е супер чист лик, без ниту една дамка, работник, перфекционист со чиста мисла кој лично го познавам и знам дека сака да придонеси за градот. Битно е да се види кој ќе биди за кандидат, а мислам дека ќе се избери ок лик.
Во секој случај локалната власт е очајна, со катастрофална реализација на проекти, а и тие шо ги реализираа ги сјебаа максимално, од булевар во центар на град кој е толку тесен шо сообраќајот се закочува, па до мост од над 500.000, 700.000 евра кој на ништо не личи, џабе фрлени пари. За локални инвестиции и нови работни места да не ни правиме муабет.
Што се однесува до Левица, немам ништо против локалните ликови со кои со голем дел и живеам и се познавам лично, ама во моментов како што се по мое, го немаат капацитетот и искуството да водат сериозна политика за градот, пошто на Левица гледам повеќе како на One man show и Апасиев кој е речит, има познавање и со жестоката реторика воведе нови правила во политиката кај нас. Плус чат пат има неколку ликови околу него кои се бројат на прст и кои знаат да излезат некогаш со добро мислење/статус и толку.
А дека очекувам валкана кампања очекувам и тоа како. Очајот во работењето да го сокријат со најперфидни средства. А народов наш насушен ме плаши со својата меморија на риба, кој непосредно пред избори со 100 пати повторена лага за некаков личен бенефит, на се заборава.
Во секој случај очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ тука.