Среќни Божиќни празници. Христос се роди.
Потрошувачка на Haier Tundra Green 5.5kw AS50TDDHRA-CL/1U50MEEFRA
Вкупно 703 kwh за 60 денови.
Од тоа, климата се користи само преку ден т.е. 12-14h дневно, започнувајќи од 10-12h претпладне до 22-23h навечер.
Сетирана е на 24 степени, прва брзина, а после првите два-три часа работи во quiet mode.
Загрева 35m2, отворен простор во куќа, долен спрат без изолација (за следната година ќе има изолација) и со пвц дограма. Дополнително, во дневната има внатрешни скали кон горен спрат и над климата има простор од скалите низ кој бега топлината нагоре. Исто од вториот спрат има една врата постојано отворена која носи топлина горе во соба од 12m2.
Просторот е затоплен, го грее од 12-15 степени на почеток до некои 20-21 степен достигнува за 20мин. Потоа, грее на 21-22 степени (иако сетирана на 24) и отприлика толку одржава, по неколку часа работење или пак ако се остави во прв фан цело време одржава 23 степени.
Бидејќи стар човек седи во просторот ми вели дека повеќе од доволна му е климата за топлење, особено што температурите надвор се практично есенски, наместо зимски.
За поголема зима ќе треба затворање на горната врата од просторијата на втор спрат (бидејќи доста ладен воздух слегува од таму) и комплетна изолација на прв спрат (тоа вгодина).
Во однос на самата клима, доста силна и моќна, цело време работи без да исклучува заради температурните загуби во просторот, но доколку беше затворено без ватрешни скали тој простор повеќе од добро ќе го загрева и тоа со најверојатно on-off работење.
Вака, троши просек некои 900 вати (можеби и помалку) за еден час работа и во сите овие околности повеќе од добро си ја брка работата.
Заклучокот е дека било која клима до 35 квадрати ќе ве задоволи иако е ентри модел на 5.5kw или пак некоја поскапа. Се' останато се нијанси, плаќате комоција при работа и слично.
Климата работи побучно само во 2-3 брзина (има 3 брзини, тоа е мана). Во прва брзина и особено во quiet mode e супер работата без да ве малтретира некоја бучава. Има јонизатор, има wifi контрола и за парите кои е купена 38500 ден + 5500 ден монтажа си ја брка работата во целост.
Препорака за оние кои немаат пари за поскап јапонски модел т.е. за тошиба или мицубиши.
Кинезот можи троши малку повеќе, но таа разлика во пари не е толку преголема за да ја занемарите.
Мене разликата во цена до посакуваниот јапонец (тошибата) ми беше цели 30.000 денари (монтажа, wifi контрола, повисока цена кај јапонецот) па затоа се одлучив за оваа варијанта, а со тие 30.000 денари целосно ќе го изолирам првиот спрат со стиропор (надворешно) - нешто што го започнав есенва, а ќе го завршам оваа пролет.
Убави празници и без кавги, тука сме за да учиме еден од друг. Мене доста ми помогнаа луѓе на темава т.е. нивните мислења и искуства. Има што да се научи, прочита.