Па не во таа смисла него едноставно се копилиња.
Во Април ставив 150.000ден. на пасивна трансакциска сметка која ми стои така ради реда од времето.
Чисто ете да не ми стојат дома парите, да ги заборавам да се најдат некогаш......
Ја отварам некни гледам се направиле. 149.880ден.
Април, Мај Јуни Јули Август никој ништо не земал.
Септември Октомври Ноември и Декември - Секој месец по 30ден. Прочешлав во тоа историјата на трансакции пишува уредно "Месечна провизија за период од 01.11.2020-30.11.2020 година"
Во тоа ценовникот скапан фино лепо пишува
Нит сум извршувал трансакции, за да креираат изводи дефакто не ни имам 1 извод а камоли 2!
Немам никакви кредитни дебитни картички.
Никакво инфо не ми стасува ниту на телефон ниту на е-маил
Едноставно имам сметка која почнува со 240-.......... и им имам дадено пари за полека да ми ги земаат!!!! Значи ако сум оставил јас пари за банката да ги работи ваљда ми следува ако не камата барем да останат исти. А не да ги губам постепено.
Во Халк Банка имав сметка која 2 години не ми беше активна. Кога стапнав во банката ми рекоа дека влегла во минус!!!! 360ден. во минус! Обична денарска сметка на физичко лице слегла испод 0 ден.
Образложение - Сум имал некакво Електронско банкарство кое се наплаќало секој месец и се збирале провизии.
Кога побарав да ја затворам сметката ми ги побараа парите да им ги исплатам па да ја затворат
Јас немам проблем со нивниот лихварски менталитет. Си зел пари - Ќе си плаќаш брачко. Ја плаќам кредит со 7.5% каматна стапка +30% на вредноста од земените пари враќам камата!!! Ама ако дужен сум!!! Кај што си го дал газот под вересија ќе си плаќаш.
Али за свои пари некој да те јебе и да те краде така ситно суптилно и умешно? Е нече мочи!