- Член од
- 3 јуни 2016
- Мислења
- 369
- Поени од реакции
- 642
Se pridrzuvam na cestitkite za ubava i srekna nova 2021 godina do site na forumov.Среќна Нова Година и честити празници на сите форумџии...
Според мене бегај понастрана од подно греење.
Како идеја може да е добра дури не започнеш да размислуваш активно да ја имплементираш. Тогаш излегуваат проблеми кои сега не ги гледаш. Само да ти посочам некои.
1. Подот ќе го поткрениш за некои 10цм. Најверојатно ќе треба да поставиш минимално според преораките стиропор изолација од 5цм за да спречиш топлината да бега во плочата. Дополнително на ова препорачуваат уште најмалку 5цм кошулица кај подно греење.
2. Ќе поставиш дополнителна тежина на плочата. 0,05цм (дебелина на кошулица) * 70м2 =3,5м3. Со некоја тежина од 700кг/м3 ова ти се скоро дополнителни 2,5 тони оптеретување на плочата.
3. Иако велат дека на подно греење можело да се користат некои ламинати и паркети, сепак за најдобар ефект препорачуваат керамички плочки и подот да не се покрива за да може да има оддавање на топлина. Е сега не секој сака керамички плочки во дневна соба, а стилизираните почки кои изгледаат како паркет и ламинат се скапи.
4. Доколку се случи да се оштети цревото во кошулицата ќе треба да прекопува цел под до изолацијата за да се замени. Замисли ова да ти се случи во зимските месеци. А имам слушнато за ваков случај.
5. Топлотната помпа е скапа. Сметај околку 3500 евра нагоре, плус останати трошоци (изолација, црева, кошулица, работна рака). По мое тешко да поминеш под 5000 еур, замо за системот.
Луѓе кои ги познавам кои се префрлија од котли на парно на ќумур и дрва на all-in-one топлотни помпи од Aermac кажуваа дека имаа мали заштеди, до кај 10%. Дел од нив ги сменија радијаторите со фенкојлери и имаа плус заштеда од некои плус 20% а и побрзо се загревало.
No mnogu pogresen post, mnogu od site aspekti. Podno greenje so toplinska pumpa (ama dobra toplinska pumpa) e momentalno najidealen sistem za greenje sto postoi od site aspekti. Ne za dzabe ima tolkav zamav vo Evropa i svetot.
Ubedlivo najevtino i najkomforno greenje, koj e korisnik na sistemot prasaj ke ti kaze blagodet sto e.