Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
H

Hyperion VI

Гостин
Тоа ТАЕН и НЕИСКАЖЛИВ Господ како го разбираш!?:confused:
Ај таен, ама зошто е таен, но опис со НЕИСКАЖЛИВ....ништо не сфаќам.
Не знам,стварно,многу матен култ се :( ,ова ради честитка само го постирав
Автоматски споено мислење:

Има друг начин за испоштување на другите за време на овие „празници“ (тел. јавување, седнување на кафе или вечера) или стави го и тоа „испоштување“ во наводници како јас што направив :)
Бидејќи почнува да ме иритира некако таа „прикриена“ омраза која ја имаш изградено во и околу себе во врска со Телема :)
Живеј ја сета таа омраза и одбивност ако ти е волја - ама намали со сарказмот и прикриената злоба... ако можеш, ако не - секој со можностите ...

Наместо да расрпавате за авторитети во оваа област - вие, дрдорете сешто неповрзано со темата... каде така? :(

Автоматски споено мислење:


Навистина зошто е таен и неискажлив?
Ух ова па боговите :D
Еве ве испоштував,не знам,пак сега што згрешив :( ?
 
D

Drexel

Гостин
Одамна е споделено, но ете пак за потсетување, поголем текст со објаснувања на познатата слика од „Клучот на Соломон“ што содржи, зошто содржи и како сето тоа се чита :)
Сум потрошил по се изгледа доста време за чудово од текст...

„Многумина кои се заинтересирале за езотеријата (магика, кабала, јога, астрологија, ритуали) на овој или оној начин биле во контакт со познатиот магиски круг даден во „Клучот на Соломон“. Многумина биле фасцинирани од конструкцијата на истиот, од неговата комплексност и едноставна престава на универзумот на еден Магичар.

Но прво, да разјасниме: Што е тоа магиски круг? Зошто е потребен?

Во „Магика, Книга 4“ се вели на самиот почеток:

The Magician works in a Temple; the Universe, which is (be it remembered!) conterminous with himself. In this temple a Circle is drawn upon the floor for the limitation of his working. This circle is protected by divine names, the influences on which he relies to keep out hostile thoughts. Within the circle stands an Altar, the solid basis on which he works, the foundation of all.“

Магискиот круг, со своите божествени имиња кои го „ограничуваат“ Магичарот и го водат по вистинската патека, ја одразува Природата на Големото Дело што ќе се изведува во тој магиски круг!

Зошто мора да е круг? Во „Магика, Книга 4“ читаме:

He chooses a circle rather than any other lineal figure for many reasons; e.g.,

  • He affirms thereby his identity with the infinite.
  • He affirms the equal balance of his working; since all points on the circumference are equidistant from the centre.
  • He affirms the limitation implied by his devotion to the Great Work. He no longer wanders about aimlessly in the world.“
- За Магискиот Круг ( Clavicula Rex Sаlomonis)
Хепта бидејќи малку textbook style ми делува оваа што го имаш на блог и тешко за капирање би сакал мои two cents да ги додадам за кругот. :D Круговите и кружни сили се стари и универзални се наоѓаат во свети места и се користат за човечки собири, Нив можеш да ги најдеш од формирање на птичјо гнездо до движењето на ѕвездите, круговите никогаш не престануваат во природата, тие се стари и мудри и човечката душа природно ги изразува како дел од длабокиот импринт на бесконечноста заедно со се што го носи во себе бесконечноста. Користење на истиот од страна на магичар е изразување на внатрешна просторија/универзум на магичарот во кој се овозможува повикување на примордијални сили од кои што и човекот е дел. Кругот е инклузивен и во него ги содржи сите концепти, симболи и идеи што немаат ни крај ни почеток. Не е битно каде го поставуваш правци и места се само идеи што постојат во истиот центар каде што е и душата, и бидејќи сите квалитети на бесконечност веќе постојат во душата на човек што е резултат на нашата меѓусебна поврзаност со природата и преку неа сите сили што ја сочинуваат реалноста истовремено се манифестираат и се присутни во кругот. Кога црташ круг ги зимаш овие квалитети внатре од себе и ги изнесуваш при неговото цртање, и светот надвор од тебе ова го приметува и се синхронизира. Во церемонијална магија идеата е малку по ригидна во смисла дека улогата на кругот однадвор се користи и како бариера за несакани сили, А одвнатре како просторија во која се креира/билда моќ се додека не се постигне зенитот на ритуалот во процес. Иако горенаведеното е стандард, за мене кругот има и по анимистички карактер како место кое го креираш за да кажеш дека да “Јас сум тука слушни ме” и е помалку дводимензионален цртеж а повеќе тродимензионална сфера, Како жолчка во јајце, бебе во утроба. Сега дали се потребни баш сите оние хебрејски карактери што те тераат коса да кинеш кога почнеш да си мислиш, Дали сето оваа морам да го цртам куку леле? А и ламиниран паркет па не ми прима креда, а и немам баш простор..” Ако си ригиден традиционален тип ќе ги црташ буква по буква додека не почнеш да вриштиш :D или ќе нарачаш чаршав/килим во огромна димензија на која сите овие карактери ќе бидат испринтани и само треба да го наместиш на подот и да шибаш со преостанати консекрации и инвокации, Или ако си прагматичен само ќе одбележиш круг со свеќи или долго јаже или креда а останато ќе го интонираш или модифицираш да се вклопи во просторијата во која се наоѓаш, не е нужно очи да вадиш со детали а и повеќе енергија и интерес би изгубил при цртање и потоа уморен да го отвараш, свикуваш почнуваш ритуал, па отповикуваш и пак затвараш :D А дали секој пат мора круг? На почеток да и убаво е да го имаш а за понатаму ти си знаеш.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Ако си ригиден традиционален тип ќе ги црташ буква по буква додека не почнеш да вриштиш
Да, така изгледа бидејќи е систематски објаснет симболот чекор по чекор даден во Клучот на Соломон, што е изнапишано по телото на змијата која го оцртува кругот и од каде доаѓа тоа (кабала, астрологија итн итн).

Какво е разбирањето, волјата и целта на еден магичар ќе зависи како ќе се направи ова... не можеме да влијаеме како некој ќе го направи сето тоа... дали ќе црта сам со рака, дали ќе принта, дали друг ќе му го изгравира на подот и ќе остане засекогаш впишано тоа во храмот - зависи од самиот магичар.

Јас никаде не реков дека кругот е 2D. Затоа на многу места се споменати 4-те светови дадени во светата кабала.

Мора да има Круг. За понатаму, ти си знаеш :D

Дукет вели дека, парафразирам: магичарот никогаш не го напушта својот круг.
Ова, како сакате разберете го... се зависи од искуството на еден магичар. :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Па и не може да го напушти оти од него се црта и физичкиот.
Не може да се нарача преку нет? Мора да го дизајнирам и нацртам сам, макар да значи тоа и „вриштење“? :D
Или ќе се оди по идејата „пат со помал отпор“?
 
D

Drexel

Гостин
Не може да се нарача? Мора да го дизајнирам и нацртам сам, макар да значи тоа и „вриштење“? :D
Или ќе се оди по идејата „пат со помал отпор“?
Ако имаш финансии и време надвор од секојдневни обврски како и материјали за цртање и концентрација извршувај си ја волјата :D Само гледај да не е некој ефтин маркер туку водоотпорен, Уште фали да расипеш малку од либацијата врз него и карактерите да почнат да течат ко шминка кога си на дожд или роваш ради X причини:pos:Мрзам такви работи што бодат во очи кога упропастиш нешто.
 
D

Drexel

Гостин
Кога се работи за магика - не може да се ценкаш за цената на црниот петел! :)
Зависи каков човек си, некој неможе да диши без олтар, друг чувствува дека ритуалните алатки му се само почетнички помагала и користејќи ги истите со години се стреми да дојде до ситуација каде што веќе истите не се потребни колку што биле на почетокот, иако некои работи си остануваат ко сигили и слично зависно што ти треба :D

14E814CF-2511-4FF9-8737-EDA43A8474D7.jpeg
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Познати ми се овие разговори... има и такви „магичари“ кои никогаш немале потреба да знаат било што од кабала, астрологија, тарот и симболи за да изведуваат ритуали... ниту пак сериозно сакале да ги истражуваат овие ствари!
Немале потреба од хиерархија (тогаш сфаќам дека не знаат ни М од магика), од ритуали и се останато што оди со тоа... не разбирајќи дека сето тоа е со некаква намена/намера креирано...
Си имаат песна, си имаат рима, забавно да е да помине времето и доста е :)
Секој различно :)

А д-р Скинер убаво вели: „ магиката е намерно скршена технологија од страна на црквата низ вековите“.
Ако го најдам видеото ќе го споделам...
 
D

Drexel

Гостин
Познати ми се овие разговори... има и такви „магичари“ кои никогаш немале потреба да знаат било што од кабала, астрологија, тарот и симболи за да изведуваат ритуали... немале потреба од хиерархија (тогаш сфаќам дека не знаат ни М од магика), од ритуали и се останато...
Си имаат песна, си имаат рима, забавно да е да помине времето и доста е :)
Секој различно :)

А д-р Скинер убаво вели: „ магиката е намерно скршена технологија од страна на црквата низ вековите“.
Ако го најдам видеото ќе го споделам...
Јас му велам за физички објекти он ми тропа трето, да не си се родил со нож, пехар, стап и петокрака? Да не можеш да ги земеш овие работи со тебе во оној свет? :D Ај не биди толку закржљавен и ми испревртуваш зборови ебате, се знае знаењето останува со тебе.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Јас му велам за физички објекти он ми тропа трето, да не си се родил со нож, пехар, стап и петокрака? Да не можеш да ги земеш овие работи со тебе во оној свет? :D Ај не биди толку закржљавен и ми испревртуваш зборови ебате, се знае знаењето останува со тебе.
Ти неколку страници наназад зборуваш сешто и веќе не те ни сфаќам сериозно за темава на која пишуваш и ми се обраќаш... цело време некако негативно настроен кон магиката што ја расправам дали заради мене или заради друго, не знам :)

Јас те читам и пробувам да направам слика до каде си одел со овие ствари... но некако, се на зезање ти е на темава, некако површно, како да се плашиш од сериозна работа.
Ти да не си њу ејџ Wiccan бре чедо, па се ти е смеа и ништо сериозно во однос на ова? :D

На „оној свет“ ќе си земеме она што можеме, што не можеме - здравје, иако не знам за каков свет расправаме ама да не ти виси муабетот во воздух и јас да ти вратам :)
 
D

Drexel

Гостин
Ти неколку страници наназад зборуваш сешто и веќе не те ни сфаќам сериозно за темава на која пишуваш и ми се обраќаш... цело време некако негативно настроен кон магиката што ја расправам дали заради мене или заради друго, не знам :)

Јас те читам и пробувам да направам слика до каде си одел со овие ствари... но некако, се на зезање ти е на темава, некако површно, како да се плашиш од сериозна работа.
Ти да не си њу ејџ Wiccan бре чедо, па се ти е смеа и ништо сериозно во однос на ова? :D

На „оној свет“ ќе си земеме она што можеме, што не можеме - здравје, иако не знам за каков свет расправаме ама да не ти виси муабетот во воздух и јас да ти вратам :)
Јас не сум тука никому да угодувам и да изигравам нешто академик без докази, И ти самиот 10 години си тука да се само-рекламираш чисто само заради рекламирање и повеќе пати истакнуваш на секој: Не ти кажувам, заклетви, не пијам кафе со тебе си се тегнеш вака една цела декада, Јас можеби не сум мајстор но ебате не сум хипокрит душо :D Кој си ти да ми правиш слика до каде сум кај сум бил и што знам јас од тоа ништо немам споделено ниту може да се сподели на форум како и самиот го истакнуваш, ако ти се прави слика за луѓе прави ја, јас сум тука само да позборувам што знам и малку смеење на страна, ти ако во оваа гледаш некакви змии што ќе ти изрипат да те гонат е твое.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Треба да пишуваш тоа што знаеш и од што имаш искуство - ако го имаш. Ако го немаш, не знам зошто мора да се зезаш со туѓите размисли на темава и да глумиш познавач на работите! Тоа го правиш веќе подолго време, ако не си забележал...
Јас не знам се за темиве што ги опфаќа езотеријата (би било лудо да се тврди дека се знае се за овие ствари) и не зборувам за работи што не ми се познати...

Што е битно во врска со темава зошто сум јас тука, со кој ќе пијам кафе и се останато? Не е тоа мое да изберам со кој би било што?
Ти доаѓаш тука и се извртуваш на смеење и потсмевање веќе подолго време - нормално, ме цитираш и пишуваш ствари кои скоро и да немаат врска со она што јас сум го напишал - но некако имаш потреба да ми кажеш како за тебе сето тоа е смешно :)

Нормално дека правиме слика од она што тука го пишуваме... тоа што пишуваш и како се изразуваш, таква слика оставаш... јас не знам ти кој си, што си, што правиш во животот, како правиш... не ми е ниту битно: сликата ја градиме од пишаниот збор тука. :)
Буквите и зборовите се сигили на нашите размисли! Малку „езотериски“ кажано...

Затоа, ако имаш да зборуваш нешто конкретно за езотерија, твое искуство, за симболи или пракси, поткрепено со некое дело за да можеме сите да научеме нешто повеќе ако сакаме - повели, а да ми расправаш поезии и да ми се потсмеваш постојано со заебанции и смеења без врска - никаде не води тоа освен до вакви бесцелни муабети...
 
D

Drexel

Гостин
Треба да пишуваш тоа што знаеш и од што имаш искуство - ако го имаш. Ако го немаш, не знам зошто мора да се зезаш со туѓите размисли на темава и да глумиш познавач на работите! Тоа го правиш веќе подолго време, ако не си забележал...

Што е битно во врска со темава зошто сум јас тука, со кој ќе пијам кафе и се останато? Не е тоа мое да изберам со кој би било што?

Затоа, ако имаш да зборуваш нешто конкретно за езотерија,
Еве еден телемитски речник да употребам да ме разебреш, Јас сум тука зошто ми е волја, и ќе зборам се што ми е по волја, капиш? компренде? Кој си ти да ми бараш оправдување зошто сум јас тука и што зборам?


да ми се потсмеваш постојано со заебанции
Еве и да не се секираш многу јас сум шеговит и за мене и со други, ако не можеш да го видиш тоа што да ти правам, За други не знам но јас не ти се потсмевам да можеби за ситници но не против тебе :D Дај опушти се малку и ела во новиот еон кај децата, а си се стиснал и грч те фатил во стариот еон.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Еве еден телемитски речник да употребам да ме разебреш, Јас сум тука зошто ми е волја, и ќе зборам се што ми е по волја, капиш? компренде? Кој си ти да ми бараш оправдување зошто сум јас тука и што зборам?
Телемит си или само употребуваш телемитски речнил за да се правдаш со фразата „ја вршам мојата волја“? :D
Ако е второто - не се повикувај на Законот на Телема ниту вака во разговор, ниту пак кога изведуваш церемонијална магика - ако изведуваш бидејќи лагата е опасна ствар за овие работи, кога немаш расчистено кој закон го користиш и се повикуваш при својата работа.
Знаеме како започнува било која работа, нели - дури и во секојдневниот живот...
Наместо да ги пеглаш наборите на својот универзум - ти создаваш дупки што ниту еден Христос нема да може да ги поправи...

Нормално, ова важи ако се заморуваш реално со езотериските пракси, без разлика дали си иницијант некаде или не... не мора да е човек инициран за да изведува магика! Тоа е јасно, да не бидам погрешно разбран :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom