Одамна е споделено, но ете пак за потсетување, поголем текст со објаснувања на познатата слика од „Клучот на Соломон“ што содржи, зошто содржи и како сето тоа се чита
Сум потрошил по се изгледа доста време за чудово од текст...
„Многумина кои се заинтересирале за езотеријата (магика, кабала, јога, астрологија, ритуали) на овој или оној начин биле во контакт со познатиот магиски круг даден во „Клучот на Соломон“. Многумина биле фасцинирани од конструкцијата на истиот, од неговата комплексност и едноставна престава на универзумот на еден Магичар.
Но прво, да разјасниме: Што е тоа магиски круг? Зошто е потребен?
Во „Магика, Книга 4“ се вели на самиот почеток:
„The Magician works in a Temple; the Universe, which is (be it remembered!) conterminous with himself. In this temple a Circle is drawn upon the floor for the limitation of his working. This circle is protected by divine names, the influences on which he relies to keep out hostile thoughts. Within the circle stands an Altar, the solid basis on which he works, the foundation of all.“
Магискиот круг, со своите божествени имиња кои го „ограничуваат“ Магичарот и го водат по вистинската патека, ја одразува Природата на Големото Дело што ќе се изведува во тој магиски круг!
Зошто мора да е круг? Во „Магика, Книга 4“ читаме:
He chooses a circle rather than any other lineal figure for many reasons; e.g.,
- He affirms thereby his identity with the infinite.
- He affirms the equal balance of his working; since all points on the circumference are equidistant from the centre.
- He affirms the limitation implied by his devotion to the Great Work. He no longer wanders about aimlessly in the world.“
- За Магискиот Круг ( Clavicula Rex Sаlomonis)
Хепта бидејќи малку textbook style ми делува оваа што го имаш на блог и тешко за капирање би сакал мои two cents да ги додадам за кругот.
Круговите и кружни сили се стари и универзални се наоѓаат во свети места и се користат за човечки собири, Нив можеш да ги најдеш од формирање на птичјо гнездо до движењето на ѕвездите, круговите никогаш не престануваат во природата, тие се стари и мудри и човечката душа природно ги изразува како дел од длабокиот импринт на бесконечноста заедно со се што го носи во себе бесконечноста. Користење на истиот од страна на магичар е изразување на внатрешна просторија/универзум на магичарот во кој се овозможува повикување на примордијални сили од кои што и човекот е дел. Кругот е инклузивен и во него ги содржи сите концепти, симболи и идеи што немаат ни крај ни почеток. Не е битно каде го поставуваш правци и места се само идеи што постојат во истиот центар каде што е и душата, и бидејќи сите квалитети на бесконечност веќе постојат во душата на човек што е резултат на нашата меѓусебна поврзаност со природата и преку неа сите сили што ја сочинуваат реалноста истовремено се манифестираат и се присутни во кругот. Кога црташ круг ги зимаш овие квалитети внатре од себе и ги изнесуваш при неговото цртање, и светот надвор од тебе ова го приметува и се синхронизира. Во церемонијална магија идеата е малку по ригидна во смисла дека улогата на кругот однадвор се користи и како бариера за несакани сили, А одвнатре како просторија во која се креира/билда моќ се додека не се постигне зенитот на ритуалот во процес. Иако горенаведеното е стандард, за мене кругот има и по анимистички карактер како место кое го креираш за да кажеш дека да “Јас сум тука слушни ме” и е помалку дводимензионален цртеж а повеќе тродимензионална сфера, Како жолчка во јајце, бебе во утроба. Сега дали се потребни баш сите оние хебрејски карактери што те тераат коса да кинеш кога почнеш да си мислиш, Дали сето оваа морам да го цртам куку леле? А и ламиниран паркет па не ми прима креда, а и немам баш простор..” Ако си ригиден традиционален тип ќе ги црташ буква по буква додека не почнеш да вриштиш
или ќе нарачаш чаршав/килим во огромна димензија на која сите овие карактери ќе бидат испринтани и само треба да го наместиш на подот и да шибаш со преостанати консекрации и инвокации, Или ако си прагматичен само ќе одбележиш круг со свеќи или долго јаже или креда а останато ќе го интонираш или модифицираш да се вклопи во просторијата во која се наоѓаш, не е нужно очи да вадиш со детали а и повеќе енергија и интерес би изгубил при цртање и потоа уморен да го отвараш, свикуваш почнуваш ритуал, па отповикуваш и пак затвараш
А дали секој пат мора круг? На почеток да и убаво е да го имаш а за понатаму ти си знаеш.