Веганизам/Вегетаријанизам

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Емилија, токму она што ми го пиша во новогодишниот пост се отсликува во начинот на кој што настапувате вие вегетаријанците/веганите на темава. Како ми рече, а г р е с и ј а?
Не знам како ти настапуваат другите, ама со мајтап провоцирам реакција за после да можам сериозно да дискутирам зошто кога пишам најдолго и сериозно сум игнорирана. Ама нема да пишам и да лајкнам нешто дека сте психички нестабилни. :ROFLMAO:

Јас се согласувам дека и омниворна исхрана можи да е балансирана. Ова ти шо пиша. Искрено, мерка за здрава омниворна исхрана ми е медитеранската. Ама шо ти велам е дека сме омниворни. Можиме со и без животински продукти оти омнивори во природата јадат то шо има. Од таму @Psyside пиша која е најбалансирана и воедно целосна и здрава веганска исхрана - whole food plant based.

Имаше период кога го имав твојот став и вервај од блиску гледам балансирана веганска исхрана долг период од причини да видам дали вистина можи да е здрава. Долго пред да напрам сама промена. И можи. Целосно. Кога станав вегетаријанец никогаш не мислев дека ќе бидам веган, ради сите работи кои ги пишите вие. И никогаш во животот не сум била повеќе во криво. Ама велам во криво зошто то е мое мерило за добро и лошо. Ти не мораш то да го правиш истото. Ама пред да скокниш до заклучок за каква е веганската исхрана, препорачувам да ја видиш. Вистински да ја видиш, не од далеку. Ако неќиш - пак е океј. Навистина. Не мораш. Ама тогаш твојата констатација нема да е издражана.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
Мислам дека темата е исцрпена, докторката и малиот си го зајакнаа својто чувство на паур капл, лестер и дарлинг ги осознаа симпатиите еден за друг, сноубол и емилија исто, а рон научи малку подобео како со жената.

Да се вратиме на првичната идеа - рецепти.

 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Упорно доаѓаат овде месождери мислејки дека ќе најдат некое оправдување, а не сфаќаат дека ќе стане бетер....како беше она, the bomb has been planted :LOL:
Исто како да убедуваш некој што ги оставил цигарите :ROFLMAO:
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Дали си нормален бе? Вистински проблем имате вие веганите пропагандисти и осудувачи на луѓето што јадат месо.
Имам другар кој едвај чека прилика да спомне „јадеш мртви животни“, „јадеш лешеви“ наместо да си каже нормално месо. Подли трикови. Да, точно е кажаното но тоа ти е исто ко да фатиш на некој што се лапал со некоја да му речеш „со вашите усни и јазик разменувавте плунка која содржи микроби“.

Во суштина вие имате сериозен проблем, треба да одите и вистински да се борите против месната индустрија а не консументите. Да, ако нема побарувачка и сите станат вегани ќе нема и месна индустрија веројатно, ама сте пички и тоа не сакате да го правите па и се качувате на глава на просечната раја.

И баш напротив, сериозен проблем нема оној на кој месото му е убаво туку оној кој мисли дека не може да се живее без месо, и дека не може да изградиш солидно тело без месо.

Сериозен проблем имал оној на кој месото му е убаво бе. Вкусови осудуваш?
Борбата е тука, кога доволно лудило у главата ќе ти се јави од сопствените постапки, и не само тебе, туку кај секој еден, тогаш може да кажеме дека сме победиле во неколку битки. Ако нема конзументи нема да има и месна индустрија.
Ако ја уживам у човечко месо ќе ме осудиш ли за вкусот?
 
C

CoolIris

Гостин
Искрено, мерка за здрава омниворна исхрана ми е медитеранската.
... од Гибралтар до Босфор...Вкусовите се различни. Се согласувам за тоа дека и медитеранската исхрана е една од најздравите варијанти. Зошто тогаш не ми дадете студија каде што се прави споредба меѓу вегетаријанство и медитерански начин на исхрана? Или азиски?

По завршувањето на Втората светска војна, американскиот научник Енсел Киз ги проучувал прехранбените навики и општата здравствена состојба на околу 13 000 средновечни мажи во САД, Јапонија, Италија, Грција, Холандија, ФИнска и Југославија. Резултатите од студиите биле зачудувачки...укажувале на тоа дека кај добро ухранетите Американци, степенот на заболени од кардиоваскуларни болести е значително повисок отколку кај нивните врсници, од медитеранот!!!

Во медитеранската исхрана оброците треба да бидат разновидни, со многу овошје и зеленчук, супи, лиснат зеленчук, свежи тревки, лук. Путерот и маргаринот се заменуваат со ладно цедено маслиново масло.Треба да се користат немасни сирења и јогурт! Црвеното месо треба да се намали, но рибата и живинско месо (како што веќе спомнав кај Азијатите) треба да се консумира два пати неделно.

Не знам како ти настапуваат другите, ама со мајтап провоцирам реакција за после да можам сериозно да дискутирам зошто кога пишам најдолго и сериозно сум игнорирана. Ама нема да пишам и да лајкнам нешто дека сте психички нестабилни
Епа тоа де, агресија и мајтап провокации. Сите имате таков секташки пристап чоече.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Епа тоа де, агресија и мајтап провокации. Сите имате таков секташки пристап чоече.
Продолжете вие со тоа секташки и може ќе биде подобро. :pipi:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Продолжете вие со тоа секташки и може ќе биде подобро. :pipi:
Спречуваш грл фајт. (n)

Инаку, дајте некоја фотка или рецепта. Многу идеологизираме.
 
C

CoolIris

Гостин
Продолжете вие со тоа секташки и може ќе биде подобро. :pipi:
Па кога на секој кој се обидува да го искаже своето мислење му се нафрлате ко хиени, укажувајќи на тоа дека вегетаријанството не било начин на исхрана туку идеологија, се служите со агресија и мајтап провокации, тоа е најблагиот збор што може да го добиете. Иако, да признаам дека не сакам да се служам со такви мрски начини на дискусија (ти барем треба да го знаеш тоа), едноставно морав.
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
вегетаријанството не било начин на исхрана туку идеологија,
Veganstvo* vegetarijanstvoto ne... Mi se smaci distinkcii da pram.

Da probvam da vi zemam vnimanieto od nebulozite sho gi kazvate :love: za da mozime da zborame ama prezafateni ste da izmisluvate vegan prijateli i prepisvate psihicka nestabilnost. I treba so to sa sme okej.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Па кога на секој кој се обидува да го искаже своето мислење му се нафрлате ко хиени, укажувајќи на тоа дека вегетаријанството не било начин на исхрана туку идеологија, се служите со агресија и мајтап провокации, тоа е најблагиот збор што може да го добиете. Иако, да признаам дека не сакам да се служам со такви мрски начини на дискусија (ти барем треба да го знаеш тоа), едноставно морав.
Ок е, но хард филингс....малку да се испукаме :D
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Veganstvo* vegetarijanstvoto ne... Mi se smaci distinkcii da pram.

Da probvam da vi zemam vnimanieto od nebulozite sho gi kazvate :love: za da mozime da zborame ama prezafateni ste da izmisluvate vegan prijateli i prepisvate psihicka nestabilnost. I treba so to sa sme okej.
Јас немам веган пријател. Ќе бидеш мојот? :smirce:

Форумов се вика Кајгана. Може некој ќе се тригне. Да тагирам? :D

Да не одам оф топик. Јас спањаќот и брокулата ги јадам свежи (салата), некои сметаат дека треба да се проварат, ама тоа во уста не го ставам. Прво удира на синуси, а второ мава на желудник.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom