Гледај, никој не негира дека вегетаријанската исхрана нема здраво влијание кај некои луѓе. Па замисли, ако секое утро за доручек доручкуваш сланина и suddenly решаваш да станеш вегетаријанец, па се свичуваш на овошје и зеленчук.....логично би било нели дека вегетаријанската исхрана позитивно ќе влијае на тебе. Таквата исхрана би била одличен избор за некој што претходно не јадел овошје и зеленчук.
Инаку, генерално студиите кои ги постирате кои укажуваат на тоа дека вегетаријанците се поздрави од луѓето кои јадат месо, се базираат на вегетаријанска исхрана VS. типична американска исхрана (која сите знаеме колку е нездрава). Друга ствар, вегетаријанците се здравствено свесни луѓе (веројатно применуваат и други здрави навики), а овие на типична американска исхрана воопшто не се свесни за својата здравствена состојба. Кога месојадите би биле здравствено свесни луѓе, веројатно исходот би бил поинаков. Во спротивно, таквата споредба воопшто не е фер.
Суплементите....Да, можете да суплементирате за да го надоместите недостатокот на сето тоа што ви е потребно, а го нема во вегетаријанската исхрана, меѓутоа хранливите материи од храната секогаш ќе бидат полесни за телото да ги апсорбира и асимилира. Натуралистичка заблуда.
И за крај, не ми зборете за етика. Затоа што и за да се произведат житните производи, па и зеленчук и овошјте, страдаат животни. Орањето на нивата не убива глувци, змии, гуштери и други инсекти?! Или тоа не се животни?! Ами фрлањето на хемиски пестициди? .... единствениот начин да бидете похумани и да имате право да се повикувате на етика ќе зависи од тоа како ја одгледувате и како ја собирате храната. Затоа што, ако вие што се грижите за животните купувате храна, а не ја одгледувате, тогаш исто така придонесувате за страдањето на животните.
Природата е совршена и работи на многу сложен начин. Тешка е и не простува. Во дивината животните многу ретко доживуваат старост и смртта речиси никогаш не е пријатна. Животните што ги јадеме, генерално се плен животни, кои во дивината би живееле во постојан страв да не бидат растргнати од предатори. Животните јадат животни!!!
Јадење умерена количина на производи од животинско потекло, во комбинација со многу овошје и зеленчук би било идеално и многу здраво за сите.