Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
5 март 2018
Мислења
17.358
Поени од реакции
19.822
Дајте бе анкета напрајте за вакцините, да видиме до кај сме барем тука на форумот :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.496
Поени од реакции
18.518

12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Само што вирусот има мала смртност и тоа кај одредена популација што таа инстант карма ќе ти остане само сон :D
Од твоја уста во божји уши.
Не ни сакам некого да фати таква инстант карма, а ке ја видиме во тоа сум сигурен. Не пишувам некои работи од секојдневна пракса од работа што ги среќавам пошо нема смисла такви работи на форуми да пишувам. Ама верувај последниве неколку месеци се запознав со преногу трагични приказни за млади луѓе.
Никој однапред не знае како ќе се понаша вирусот кај него како поединец. Друго е што е многу мал бројот на луѓе кои се потполно здрави после 30 години старост во денешно време.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.407
Поени од реакции
18.568

Види од тие што ќе одбијат да се вакцинираат повеќето ќе се млади луѓе. Сигурно нема стар дијабетичар да одбие. И сеа од тие млади 1000 души ќе пројдат лесно 1,2 ца ќе скинат конци и сеа тоа е карма :) ? Само нив ќе ги стигне кармата, а останатите веројатно нема ни да чујат за нив.
 
Tие бројки кои ги напиша, кои ако се точни се правени веројатно како проценка во среден Норвешки систем, а не во Катанга што МАкедонија е реално.
Помножи ги уште со 1000. И кажи ми дали 1000, 2000 татковци и мајки на неполнолетни деца во рок од година две да погинат заради некаква си пропаганда против вакцини не е трагедија?
Коа ќе помисли човек, за глупави изјави ставаат луѓе затвор, а битангите што ја прават пропагандава против вакцини никоме ништа.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.358
Поени од реакции
19.822
Одамна има анкета душо, во друга тема...
Ти ко да не си тука на форумов:P
Не сум знаела дека имаме таква тема, гледам шо помалку да читам за короната на форуми. :)
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
^^Господе боже,страна нема на темава без нејзино мислење а гледала да не чита на форуми за короната :facepalm:
Уствари убаво си кажала,не чита ама затоа пишува.Се тури од пишување
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Види од тие што ќе одбијат да се вакцинираат повеќето ќе се млади луѓе. Сигурно нема стар дијабетичар да одбие. И сеа од тие млади 1000 души ќе пројдат лесно 1,2 ца ќе скинат конци и сеа тоа е карма :) ? Само нив ќе ги стигне кармата, а останатите веројатно нема ни да чујат за нив.
Па ако се млади, не значи дека автоматски се здрави. Се шпекулира дека 40% - 50% од населението има прекумерена телесна тежина и покачен инсулин односно дијабет тип 2, вклучувајќи тука и млади луѓе.

Починал и Зоран Џорлев од корона, нека му е лесна земјата.

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.452
Поени од реакции
39.094
Знаеш што е убавото со вакцинава. Ќе има инстант казна за оној кој мисли дека има премногу памет, а уствари пати од Данинг Кругер ефектот т.е. прочитале нешто по интернети па недочитале и се
Истото важи и за вас шо ќе се вакцинирате. Прочитавте на интернет дека некои компании таму створија вакцина за вирус шо трае неполна година, и одма право заштитени ќе сте. Зимај во предвид дека вие нели слепо верувате во науката, а контрадикторни сте кога излегува фактот дека за една вакцина да биде сигурна и ефикасна треба да помине години тестирање.

Не сте ништо попаметни од нас шо нема да се вакцинираме, само поисплашени сте. Тука е разликата.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Tие бројки кои ги напиша, кои ако се точни се правени веројатно како проценка во среден Норвешки систем, а не во Катанга што МАкедонија е реално.
Помножи ги уште со 1000. И кажи ми дали 1000, 2000 татковци и мајки на неполнолетни деца во рок од година две да погинат заради некаква си пропаганда против вакцини не е трагедија?
Коа ќе помисли човек, за глупави изјави ставаат луѓе затвор, а битангите што ја прават пропагандава против вакцини никоме ништа.
Само грст членови шират пропаганда против вакцината, останатите кои гласаа дека нема да се вакцинираат апстинираат од дебатата. Пред сѐ поради вакви глупости.

Преку 1.200 страни напишавме прво со шпекулации за вирусов, а потоа кога дознавме нешто повеќе, дел од тие беа вистинити, а дел се покажаа како невистинити. СЗО грешеше, експерти од областа како Фаучи грешеа, а ти би праќал во затвор некој кој би зборел против вакцината! Сите прашалници околу истата треба да се разгледаат, сите страни повикуваат на дебата. Тоа што едната страна избира методи на страв, не е мој проблем.

За науката треба да биде битна објективната вистина, ти многу субјективизираш.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.496
Поени од реакции
18.518
Уште една коцка ми се вклопи во мозаикот.

Нарцисоидите, социопатите и психопатите, им сметаат рестриктивните мерки, затоа што драстично им ја намалува нивната можност за искористување на луѓето преку социјални врски.

Интересно е што најголем дека од докторите и адвокатите се социопати и често психопати, па да не ве чуди зошто многу меѓу нив не ги сакаат и се борат против меркиве кои се на сила. :D

Воедно просечен нарцис, социопат и психопат стојко ги заболе за другите луѓе, па ич не му е гајле колку ќе умрат.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Само грст членови шират пропаганда против вакцината, останатите кои гласаа дека нема да се вакцинираат апстинираат од дебатата. Пред сѐ поради вакви глупости.

Преку 1.200 страни напишавме прво со шпекулации за вирусов, а потоа кога дознавме нешто повеќе, дел од тие беа вистинити, а дел се покажаа како невистинити. СЗО грешеше, експерти од областа како Фаучи грешеа, а ти би праќал во затвор некој кој би зборел против вакцината! Сите прашалници околу истата треба да се разгледаат, сите страни повикуваат на дебата. Тоа што едната страна избира методи на страв, не е мој проблем.

За науката треба да биде битна објективната вистина, ти многу субјективизираш.
Постмодернизам.
Би можел да предлагожам да го продолжиме муабетов за 6/12 месеци па да видиме кој направил подобра одлука, ама кај постмодернизмот секогаш ќе се вртиме во круг...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom