Веганизам/Вегетаријанизам

  • Креатор на темата Креатор на темата Darling
  • Време на започнување Време на започнување
Од кај знаеш дека било измачувано тоа прасе во кое си уживала?
Не зборам само за прасето. Преработено, индустријализирано прасе - да. Тегнење на цицки на крави за месо - да.

И не, не беше шо викаш преку ноќ ми текна и остајв месо. Процес беше. Месото уште вкусно ми беше и бев во конфликт над чинија. Можи и сега вкусно да ми е, не знам. Јас кога остајв месо ми беше убо. Иако сега сум во место кај шо го одвикнав. Гадењето не беше дека вкусот ми стана лош.

За гревови ти реков, не вервам во то. Доволно ми е да знам дека 2018 умреле животни за мој луксуз и ми е криво. 2020 не умреле за мој луксуз. И то ми е доволно. Ништо подлабоко.

За жал не чувам. Сакам коза али ќе ме иселат домашните со се неа. Другите не би ги избрала за миленици ама то не значи дека би ги конзумирала. Иако, не е мерило стока да чуваш за да докажиш нешто. Има луѓе кои воопшто немаат и не сакаат миленици па сепак да неќат да јадат месо ради животни. Не е мерило. Пошто тогаш можам да ти речам дека ти чим чуваш и јадиш месо имаш лицемерна љубов кон миленикот доколку го имаш, шо е повредно едното од другото, јада јада. Мех. Јас ова не би го рекла оти сфаќам врска миленик- човек. Мех муабет. Не глуп. Мех.
 
Драг Лестер, доколку го следиш примерот на Рон во рок од еден ден ќе успееш да почнеш да читаш метафори. Сега ќе ти помогнам... Џенцката е убавка, го уловила, го држи за роговите и се смешка.... ринг а бел?

:coffee:
Абе и ти не читаш меѓу редови.
Јас од што сум себичен пробувам да си фатам веганка за да нема кој да ми зема од месото.
За жал ни хуморот не ми го бендисаа, не пак мене како месојадач.
 
Доволно ми е да знам дека 2018 умреле животни за мој луксуз и ми е криво. 2020 не умреле за мој луксуз. И то ми е доволно. Ништо подлабоко.
Прашањето е дали нема да биде убиено прасето ако ти си престанала да јадеш месо или само нема да биде купено од месарница каде што е веќе убиено?

Многу покомплексно е да се запре цел процес на производство на месо отколку што изгледа дури малку наивно звучи ако веганите мислат дека спасиле прасе ако не јадат месо дури и ако некој лично те праша дали да го колам прасево за тебе ти ќе му речеш не ја сум веган и ќе го спасиш можеби на неколку дена но наредниот што ќе го праша ќе рече јас јадам месо значи ако не за тебе за друг ќе биде.
 
Прашањето е дали нема да биде убиено прасето ако ти си престанала да јадеш месо или само нема да биде купено од месарница каде што е веќе убиено?
Можи ќе биди убиено, можи не. Не знам. Знам дека јас не го конзумирам и то ми дава мир.

Ако има доволно луѓе кои барем намалват месо, не да не јадат, да, ќе се спасат неколку прасиња зошто се намалува побарувачка и од таму бројот на прасиња кои ќе стигнат во касапница. Квантитет. Сега - не знам. И не ме премислува во то шо прам ако прасето шо ќе умрело за мене, ако умри за друг.
 
Емилија, имаш пробано meat analogue? Дали имаш читано за истото? :)

Мене ми е ок овој начин на исхрана, ама има многу вегани кои забегуваат. Имав една на фб која на секоја можна слика за храна прашуваше "ова месо е?", "да", "ewwww"! И следат сите тие тажни приказни за животот на животните. Не знам зошто некои луѓе толку се замараат. Знам дека се залагаш за нешто, ама тоа прави го преку едукација, пропаганда или дебата, а не преку секојдневно замарање на некоја небитна слика.

Тоа што некој јаде месо не значи дека не ги сака животните. Се сеќавам пред години, бев нешто послободен и ми се јави татко ми за да му помогнам за една операција. Срце беше кутрето, но има секакви кретени на планетава. Некој му ги имаше скинато сите стомачни мускули, претпоставувам дека намерно беше удрено. Не знам колку време го шиевме. Сега веќе е голема улична џукела, ме лае секој ден.

Пред 2-3 год некој ни имаше оставено непрогледано куче во двор, па имавме ново бебе на неколку недели. :love: Затоа не е убаво да се генерализира. Ги сакам животните, имам две дома.

Намената на темава, колку што гледам во првиот пост, е за споделување рецепти и малку отидовме оф топик, ама нема врска.
 
За гревови ти реков, не вервам во то. Доволно ми е да знам дека 2018 умреле животни за мој луксуз и ми е криво. 2020 не умреле за мој луксуз. И то ми е доволно. Ништо подлабоко.
Сега луѓе умираат за твој луксуз. Или ај еве ќе искористам друг термин, експлоатираат.
За жал не чувам. Сакам коза али ќе ме иселат домашните со се неа. Другите не би ги избрала за миленици ама то не значи дека би ги конзумирала. Иако, не е мерило стока да чуваш за да докажиш нешто. Има луѓе кои воопшто немаат и не сакаат миленици па сепак да неќат да јадат месо ради животни. Не е мерило. Пошто тогаш можам да ти речам дека ти чим чуваш и јадиш месо имаш лицемерна љубов кон миленикот доколку го имаш, шо е повредно едното од другото, јада јада. Мех. Јас ова не би го рекла оти сфаќам врска миленик- човек. Мех муабет. Не глуп. Мех.
Не е мерило се согласувам. Чисто прашав пошто нели сте премногу загрижени за животните и нивната судбина па сакав да знам дали имаш спасено некое прасе, крава, коњ, овца од суровите раце на рандом месождер.

За мех муабетот, не можеш да ми го речеш тоа пошто јас никаде не реков дека ги мразам животните и поради тоа ги јадам.
 
Емилија, имаш пробано meat analogue? Дали имаш читано за истото? :)
Не. Обично прам мимика со сејтан, баш ќе прочитам за ова сега. Фала ^^

За животните. Реков дека мех муабет е споредба јадење месо со љубов на животни оти и кога сум јадела сум ги сакала и скроз, значи скроз, разбирам шо се осеќа. Порасната сум со животни и стока и типични домашни миленици, а само кратко не јадам месо шо значи голем дел сум била во ситуација да сум цел ден со животни и дома да одам да ги јадам. Никако не гледав проблем. Сега гледам. Тогаш не гледав. И зато - разбирам.

Жал ми е за другарката. :ROFLMAO: Во поглед друштво ете ќе кажам и тоа, кога прајме скара јас обично сама ги прам дома веге плескавиците за мене и уште една другарка и прам неколку екстра зошто ради та неосудувачка средина не се дефанзивни да пробат од моето. Не ми смета шо јадат другите. Ни нив јас не им сметам и дур ме почитуваат доволно прво мое да стават да се напрај, после нивно. Скроз нивна иницијатива. Ама то би рекла, е пријателство. Без разбирање како би бил пријател јбг.

Сега луѓе умираат за твој луксуз. Или ај еве ќе искористам друг термин, експлоатираат.
Тоа и пишав поназад. Веган се залага за интегритет на сите живи суштества. И луѓето се тука. Јас сум сигурна дека за мене страдале и многу луѓе и многу животни ама сега, сега пробвам то да го намалам со избирање на то шо купвам, со растење моја храна повеќе и низа други промени и одлуки. Дали можам целосно? Не. И жал ми е за то. Ама колку шо можам - прам промени. Локални бизниси поддршка тука исто спаѓа.

Коњ спомна, и то сакам. Мислам дека ако имав услови ќе ги чував мачките, една коза и еден коњ. Без да ги парам туку само да им дам достоен живот. Сега имам и пес чисто оти ме фати на емоција кога го најдов, инаку куче не ми е избор за миленик. :ROFLMAO: Обично бебе пси кога ќе најдам им барам дом да се посвоени, ама ете овој ме "освој" некако.
 
Да бев Исус на пазарот вака ќе изреагирав:
Сте се собрале овде на темава......да ви се пљукнам на таа самоконтрола што ја имате, кога не може гладот да го контролирате. Лицемери, никад не сте заклале ништо со голи раце, ќе се усерете да видите....од крв паѓате у несвест.....
Ама не сум, затоа ќе ви посакам многу љубов....и универзумов да ви го осветли патот :love:
 
Пошто тогаш можам да ти речам дека ти чим чуваш и јадиш месо имаш лицемерна љубов кон миленикот доколку го имаш, шо е повредно едното од другото, јада јада.
Абе глупости. Глупости на кубен, мајке ми!

За ништо на светов не би го сменила моето малечко бушавко бебенце!!!
И не, не мислам дека е лицемерна љубовта кон него. Уживам да јадам месо и ќе јадам, како што предците наши години наназад јаделе месо и така преживувале.

Ти имаш цвеќенце дома бе? Не си добила букет ружи до сега од некој? Пошто тогаш можам да ти речам дека чим си добила или чим ги одгледуваш дома и јадиш растенија имаш лицемерна љубов кон растенијата.
 
Ајде сега дочитај и то мислење и то подолу не се тригернувај џабе. Жал ми е.
 
Лицемери, никад не сте заклале ништо со голи раце, ќе се усерете да видите....од крв паѓате у несвест.....
Ова е тотално невалиден, да не речам дебилен аргумент.
Исто ко на оние што играат видео игри да им речеш дека се лицемери пошо никогаш не го направиле тоа во живо.
 
Можи ќе биди убиено, можи не. Не знам. Знам дека јас не го конзумирам и то ми дава мир.
Значи сепак себична причина е за да ти имаш мир и двете страни се себични едниве не јадат за да немаат грижа на совест а другиве јадат ради задоволство.
 
Значи сепак себична причина е и двете страни се себични едниве не јадат за да немаат грижа на совест а другиве јадат ради задоволство.
Ако тој ти е заклучокот, најмалку од мене ќе очекуваш да ти речам да не мислиш така. :ROFLMAO:
 
Тоа и пишав поназад. Веган се залага за интегритет на сите живи суштества. И луѓето се тука. Јас сум сигурна дека за мене страдале и многу луѓе и многу животни ама сега, сега пробвам то да го намалам со избирање на то шо купвам, со растење моја храна повеќе и низа други промени и одлуки. Дали можам целосно? Не. И жал ми е за то. Ама колку шо можам - прам промени. Локални бизниси поддршка тука исто спаѓа.

Коњ спомна, и то сакам. Мислам дека ако имав услови ќе ги чував мачките, една коза и еден коњ. Без да ги парам туку само да им дам достоен живот. Сега имам и пес чисто оти ме фати на емоција кога го најдов, инаку куче не ми е избор за миленик. :ROFLMAO: Обично бебе пси кога ќе најдам им барам дом да се посвоени, ама ете овој ме "освој" некако.
И сега страдаат луѓе со тоа што работат у нива за 2 денара дневница за ти да можеш да јадеш зелка салата и помаранџи. :D

Зошто да не ги париш животните што би ги чувала? Нели се мачат така? Или премногу ги сакам и се грижам за животните ама не ја парам кучкава пошто после што ќе им праам на кутрињата. Коњот/кобилата во твојов случај на желби, козата и сл.
Ај ќе ја стерилизирам мачкава за да не ми се собираат други мачори низ двор и да ми омачи 16 мачиња оваа. Или мачорот ќе јаде кастрација за да не скита по дворови за да не го убие кола.

м, ти се свиѓа скарата на Форца Милан у темата за јадење/готвење. хехе :icon_lol:
 
Ајде сега дочитај и то мислење и то подолу не се тригернувај џабе. Жал ми е.
Убаво ти е пишано. Ти не нарече лицемерни сите они кои имаме миленици дома, а не сме вегетаријанци.
Етикетираш.

Вакцинирани сте дечки? Вакцините на животни ги тестираат. :)
Лекови нешто пиете? За менструални болки? За главоболки?
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom