Победа на мускули, најмногу пред се заради слабиот квалитет на противникот.
И потоа добрата игра во одбрана и солидното издание на голманите.
Но кога ќе се земе во предвид дека речиси секоја акција имаа отворен шут не би рекол дека сме изиграле којзнае каква одбрана.
Но, сепак, во одрбана игравме речиси цел меч против играч повеќе на противникот, што не е лесно и очекувано беше да имаат многу отворени позиции.
Сепак, добро се снајдовме, и голманите повеќе од солидни.
Без среден бек ги победивме, со една постава во напад речиси цел меч. со еден куп промашени удари на Талески и Кузмановски.
Швајцарија освен Енди Шмит и Портнер е (под)просечна селекција. ( за европски стандарди, појјаки се од Израел, Финска и компанија
).
Почетнички грешки,оквир на гол не можеа да погодат, а речиси во секој напад имаат чиста позиција за шут.
Левото крило, леле,леле, очај,
во Суперлига кај нас има подобри играчи.
Супер за победата, многу важна.
Но доколку не се забрза играта, пред се на релација Талески-Кузмановски нема на што да се надеваме на ЕП.
Вчера пресврт во играта беше измената Мишевски-Талески, ако останеа до крај Талески- Кузманоски ќе се мачевме.
Од 18-15 за противникот, направивме серија од 10-5, што е добро, зошто ако не беше тој брејк по тајмаутот тешко дека ќе се вратевме.
Добро играа до тој момент Швајцарците, имаа игра со пикер, ја ширеа зоната и наоѓаа дупки.
Откако се вратија на индивидуална игра, со шут од било која позиција се изгубија.
Ги прекинавме во добрата игра и дојде резултатот,
Резултат дојде заради слабиот квалитет на Швајцарија, и со ваква претурена постава сме класа поквалитетна селекција.
Но со ваква игра, со било која посилна селекција која има бекови со две добри нозе ќе имаме огромни проблеми.
Со бекови како швајцарските ќе се извадиме некако, но со селекција која има организација во напад, добри техничари, тешко ќе оди.
А, уште потешко ќе оди со нашиот напад, Талески- Кузмановски, не знам дали јас како лаик само вака размислувам или има и други истомисленици.
Ама, овие двајца никако не можам да ги поврзам во ист напад, кога ги гледам заедно во напад, депресија ме фаќа.
Ми се причинува дека телевизорот има некој сериозен дефект, со успорено прикажување на играта
, но изгледа во ред е уредот, кога ќепремине топката кај другите играчи, се се враќа во нормала.
Ќе мора некој стандарден среден бек да се вметне да игра подолго, Танкоски, зошто да не и Ласко Андоновски од Пролет.
Тука е и Манасков Џуниор, зошто да не и Чурлевски. било кој само да не се зафркаваме повеќе на овој начин.
Дури и со Печенковски од Бутел повеќе би го личел нападот отколку со овие двајца маченици на среден бек.
За доброто на сите ќе мора да се смени нешто, што поскоро.
Со Швајцарија ќе се извлечеме и со слаба игра, со добра одбрана, неидеен нпад на противник, пред се заради слаб квалитет на противничките играчи.
Ама на ЕП, или во квалификации со ваква безидејна игра во напад против било која посериозна селеција ќе ни се случи дебакл.