Веганизам/вегетаријанизам е начин на живот за дебелите луѓе да се чувствуваат посебно.
Као демек они одеднаш се освестија и им стана жал за животните, кутрите тие добри луѓе. 90% од нив се гадат да се приближат до свиња или крава ама тоа не ги спречува да се сликаат и галат со мачка и рандом куче скитник и со тоа да се тешат дека они премногу ги сакаат животните на сметка на некој Стефан-кобе кој чека да јаде плескавица.
Као демек ние што јадеме месо сме сурови и одвратни крволочни копилиња.
Иам еден другар, вегетаријанец е веќе неколку години. Ми настапува со муабетот како `они` се попаметни од `нас` пошто воделе специфичен начин на живот. ГЛУПОСТИ.
Како `ние` не ги сакаме животните пошто ги убиваме за да се најадеме од нив. Од друга страна, на прашањето зошто дома има точно 0 животни/миленици одговара со тоа што ми вика е да бе брат свиња ли да чувам, смрди, или мачка и куче влакна пуштаат, зајакот смрди на мочка, кокошките праат беља низ бавча и слични небулози. Со сила вегетаријанец пошто мислеше дека ако не јаде месо ќе ослабе. Никогаш не ослабна. Никогаш не ни стана нешто паметен. hhh
Легендата вели дека вегетаријанец/веган некогаш во некоја рандом дискусија не спомнал дека е веган/вегетаријанец.
Мене посебно што ме вади од такт е токму ова, кур ме боли што јадеш и што праиш у приватниот живот, ама не се ставај над мене и не ми суди мене за тоа што јас го правам. Не се прај паметен. Воопшто не си поразличен од мене пошто не јадеш месо, не јадам и јас којзнае колку често, не праам ни некои други работи па не се сметам за нешто посебно и поголемо од спротивното.
Помодарци еден куп. Лицемерни и дволични најчесто. Ама битно ќе изедат 3 салати денеска и се сметаат за богови и препаметни и посебни луѓе.
Од 10 души вегани јас сум убеден дека 2ца одбрале да бидат тоа од медицински причини, 1 кој стварно се грижи за животните и животната средина и 7 помодарци пошто мислат дека така треба.
Едно прашање за крај на овој провокативен пост. Со оглед на тоа што точно 0 македонци се родени како вегани, еве вие неколку како најголеми подржувачи и практикувачи на овој култ сакам да ми кажете како успеавте да го исчистите мозокот од поранешните сурови и брутални постапки наречени јадење месо на семејните ручеци? Дали некогаш си простивте за тие гревови и како ќе му пристапите на богот на вегетаријанизмот наречен не знам еве, Морков, кога ќе заминете на оној свет?
Како ја замислувате другата страна вие веганите? Штала со огромна ливада, милион животни и вие меѓу нив, идила.