Што јадете во моментов? (фото)

  • Креатор на темата Креатор на темата shutrak
  • Време на започнување Време на започнување
@Torchyrus Ретко имам забелешки за туѓа храна ама тост со помфрит...
52-525999_clip-art-sapo-triste-meme-pepe-the-frog.png
Пица со ананас наеднаш звучи многу атрактивно. :ROFLMAO: :ROFLMAO:

И нормално, ова е мајтап оти гледам се подналути на претходниот коментар. Битољ не знам да прат вака тост сем локални сендвичари до училиштата ама и од тогаш ми е останато како yucky комбинација.
 
Тост е тост, со врат, кашкавал, печеница, ама тост со компири не е тост, таква работа еднаш како деца за Илинден не однесоа Крушево, побаравме тост со салама кашкавал ни дадоа тост со салама кашкавал и помфрит згмечен внатре и кечап мајонез од горе на лебот :D, e само таму во цела Македонија имам видено во тостот компири да ставаат.
Кога бев основно имаше една сендвичара до школото продаваа хамбургери, тостови, и празни сендвичи по 30 денари, ова беше празен сендвич, односно хамбургер за сиротиње :Д
 
Епа ете значи прават... и во Битола... и во Крушево, а ако се задлабочиме ќе дознаеме дека прават секаде во МК.
И овој тост е од сендвичара до училиште, (со кашкавал и печурки е, плус помфритот) мене ми е ТОП, ме враќа во школските денови.
Ако се направи добро е супер вкусен.
Помфритот се става на крај и од кога ќе се стави не се стиска повторно на тостерот.
 
Тост со еурокрем беше врвот имаше и празен тост. :D

Ставаат и помфрит, ама тост секогаш барам да е без помфрит и посебно во мала кутија.
 
празен тост
Каков е овој? :ROFLMAO:

Ние имавме секакви "специјалитети" во сендвичарата основно кога бев шо не ги среќавам во други сендвичари. Како тост со помфрит. Во леџит сендвичари нема да најдиш, ама во училишната Коле шо беше - имаше. Од се шо сме јаделе само празен сендвич има во поќето сендвичари, фактички зелка, помфрит и течности во лепче минус плескавица. Економично. :ROFLMAO: Ама крај краева сите комбинации во училиштата беа економични само сега седам и се думам како пола работи ги јадев.
 
Реков јас , хамбургер за сиротиње,не спремаа за вегани уште од мали, кај некој еве залепи :D
 
Реков јас , хамбургер за сиротиње,не спремаа за вегани уште од мали, кај некој еве залепи :D
Баш. Стравот на мајка ми се исполни. :ROFLMAO: Ми велеше парите за хамбургер. Јас купи празен и сокче. Ми дава за хамбургер и сокче. Јас купи празен, сокче и гумени. :ROFLMAO:
 
Каков е овој? :ROFLMAO:

Ние имавме секакви "специјалитети" во сендвичарата основно кога бев шо не ги среќавам во други сендвичари. Како тост со помфрит. Во леџит сендвичари нема да најдиш, ама во училишната Коле шо беше - имаше. Од се шо сме јаделе само празен сендвич има во поќето сендвичари, фактички зелка, помфрит и течности во лепче минус плескавица. Економично. :ROFLMAO: Ама крај краева сите комбинации во училиштата беа економични само сега седам и се думам како пола работи ги јадев.
Па празен без сувомесно и кашкавал, само кечап и мајонез. :D
 
IMG-20201229-104149
IMG-20201229-104127
IMG-20201229-104215
....
Тост... Нормално се јаде со помфритот внатре, не ги разбирам тие шо прво го јадат помфритот па после тостот...Како имм е убаво така неам поим :toe:
Грешнику, ќе гориш во пеколот!
 
Има градови каде што продаваат тост без помфрит внатре?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom