Phones.mk - Агрегатор за македонски мобилари

  • Креатор на темата Креатор на темата Dekac
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 јули 2015
Мислења
4
Поени од реакции
29
Возраст
29
www.phones.mk

Мислам дека овој веб-сајт ќе ви се најде корисен, особено ако ве интересираат цените и понудите по македонските мобилари.

Се работи за агрегатор кој ги прибира понудите од сите мобилари на дневно ниво, и ги категоризира по уред, сортирајќи ги по цена. Доста корисно ако сакате да купите нов телефон, но не сте сигурни од која продавница.
 
Добро е ова, само на пример шаоми а3 дава дека има 1 понуда и отворам техномаркет а таму пишува залиха х.
 
Добро е ова, само на пример шаоми а3 дава дека има 1 понуда и отворам техномаркет а таму пишува залиха х.
Да, за жал моментално агрегаторот не следи дали понудите се во залиха. Но е планирано да се додаде таа опција наскоро. :D
 
Одлично паметно едноставно брзо супер сработено! :)
:bravobe:
 
Браво! Секоја чест на идејата. Страничево ќе се користи, и се надевам дека ќе прерасне во македонска гсмарена.
Во букмарк го ставив, го пратив на сите другари што се занимаваат со мобилни. Цел ден висам на него. :D

За во иднина, се надевам дека ќе се зголемат понудите на мобилари. Пр. Може да се додаде Мобиком од Битола или некои други кои се попознати. Е сега проблем е со истите што немаат веб-страни, па ќе треба рачно да се внесуваат цените.

Предлог:

- Да се зголеми сајтот со информации за карактеристиките на телефоните и компарација на истите.

- Да има хајлајт за телефони кои се со попуст или телефони кои се препорачани.

- Може да се додаде и линк од Јутјуб видео со рецензии.

Има бесконечни можности да прерасне странава во нешто многу, многу големо.

Keep going.
 
Браво за ова, видов дека е сработено како дипломски труд на ФИНКИ, секоја чест. Треба како пример да ги даваат ваквите трудови на идните генерации.
 
Одлична идеа, гледам некои и совети ти дале што би можел да имплементираш. Јас би ти рекол да се задржиш на она КИСС (знаеш што значи :) . Како пример што да опфатиш погледни ја странава која е доста популарна низ скандинавија prisjakt.nu
 
Баш ми е мило кога видам вакво нешто корисно, излезено како дипломска од факултет.

Уште подобро би било ако го направиш Open-source кодот, има доста ентузијасти кои би можеле/сакале да ти помогнат.
Башка, предобра работа за во CV ти е да имаш open source проекти.
 
Супер сајт. Имам неколку предлози што да има опции на сајтот.

1. Секој откако ќе купи мобилен одма бара додатоци за мобилниот оние најважните како заштитите маска, заштитно стакло дури и полначи и кабли.Така да би било добро на сајтот да се додаде да има и опција за такви работи да се прикажани каде може да се купат.

2. За секој телефон да се додаде да може да се види се што има во кутијата покрај телефонот бидејќи некој телефони можеби доаѓаат со плус додаток како маска.

3. Да се додаде опција споредба на повеќе телефони. Гледам на секој телефон кај информациите има да се кликне повеќе но наместо да те води на друг сајт најдобро е сите информации да бидат на самиот сајт.

4. Кога ќе избереш телефон да има опција да одбереш која сакаш меморија, рам меморија, боја (зависно секој телефон каков има избор) и така да се прикажува во која мобилара/ мобилен оператор точно таков го има телефонот.

5. Ако може да се направи опција како на сајтовите на А1 и Телеком 3D да се врти секој телефон и да се избира боја за да се види како изгледа секој телефон целосно.

6. Место што пишува текстуално Neptun, Setec, Ledikom.. да се додадат логоата

7. На секој телефон да се овозможи коментирање. Така ќе се споделуваат искуства, нешто како што има на GSM Arena сајтот.
 
Последно уредено:
Браво, ова е тоа што ни требаше.

Со еден клик можете да видите кој ја има најдобрата понуда.
 
Може и на сајтот да се направи и агрегатор на вести за телефони.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom