Зошто ова ми е многу битно, сеа ќе објаснам...
Обично, дебатата меѓу скептиците (ко мене) и верниците (телемити, христијани, муслимани и др.) го има следниов тек...
Скептиците им велат на верниците (Телемити, христијани итн.): Телемитите немаат докази за тврдењето дека Ајваз му го издиктирал тоа четиво на Кроули, исто како што христијаните немаат докази дека Господ му ги кажал десетте заповеди на Мојсеј или Џибрил му зборуел на Мухамед. Телемитите немаат докази дека со нивните пракси разбираат нешто за вистината бидејќи можеби им се чини така, како што и на христијаните/муслиманите/нацистите/комунистите итн. им се чини дека тоа што го веруваат е така. Само зашто разни луѓе се цврсто уверени во нешто, тоа не го повлекува заклучокот дека нештото е точно. Има луѓе што се уверени во една работа, а други во токму спротивната. Бидејќи не може и двете работи да се точни, мора барем едното верување да не е точно. Значи, луѓето може да се уверени во нешто што не е точно. Ова е чиста логика. Некои верувале во едно, па после го смениле својот став во спротивното, па сега се токму уверени во тоа. Поради тоа, самоувереноста во сопствените верувања, не е критериум за тоа дали тие се вистинити.
Ние, скептиците, затоа се потпираме на научната методологија која, колку што може, не зависи од нашата перспектива, чувства, предрасуди и хевристики; туку од методи кои утврдуваат корелација и/или каузалитет меѓу феномени. Признаваме, и ние сме субјективни во некоја мера, почнуваме од некои премиси, ама сме свесни за тоа и пробуеме да најдеме методологија што ќе ја сведе субјективноста на минимум. Имаме подлабоки проблеми у филозофија на наука, епистемиологија и филозофија на ум, но сега за сега, ова ни е најпрактичното решење. Ако најдеме боље методологија, ќе ја прифатиме. Исто така, и да има многу докази за некое научно тврдење, ние не тврдиме дека тоа е 100 отсто така. Фер енд скуер.
Верниците одговараат: Ти не веруеш пошто ѓаволот те лаже/не си искусил итн. итн.
Тие од Редот одговараат: Имаме докази, ама тајни се, ти си профан, не ги разбираш. За разлика од искуствата на верниците и другите групи чиишто верувања се јавно достапни, нашите знаења се тајни. Секој што ги примил тие знаења и добил гностички искуства, ЗНАЕ дека тие искуства се квалитативно различни од другите форми на религиозни искуства што ги имаат рисјаните итн. Кога ќе ги почувствуваш, ќе знаеш. Ние ги имаме тајните формули и начини како ТИ да стигнеш до тие докази, а и пракси кои ако ги правиш, ќе сфатиш што ти зборуеме, о, профан еден! Сеа сте глупи и плитки, не разбирате.
(Патем, ова е аргументот на секој кој застапува позиции за паранормалното. Тоа е така бидејќи ја го искусив. Неам докази, ама кога ќе го искусиш, ќе знаеш!). По таа логика, кога ќе искусиме како е да си параноичен, ќе знаеме дека сите ни мислат нешто лошо. Нејсе.
Скептиците немаат докази дека тоа е така, ниту дека не е така. Па скептиците го ставаат тоа во сите други хипотези кои не може да се докажат или побијат. Но скептиците не оформуваат позиција дека тоа Е или НЕ Е така, само не веруваат во тоа поради дефицит од докази. Можда е така, а можда не е. Фер.
Но тогаш доаѓа некој екс член од Редот кој тврди дека тој ги почувствувал овие „знаења“, но ете, смета дека тоа не се знаења, туку лажни верувања и илузии. Па тој решава да стане христијанин.
Овој човек е доказот дека:
Возможно е некој да ги добил овие „знаења“, а да мисли дека тоа не се вистинските знаења, туку илузии и лаги. Со тоа, тие искуства можда отсликуваат некоја вистина, но тој што ги добил, погрешно одбрал да не веруе у тоа. Спротивното ќе го кажат и овие од другата страна, односно христијаните. Тие ќе речат дека ете, он сеа ја осознал вистината, со тоа што станал христијанин, а овие другиве гностички искуства од редот се лага. Можда христијаните имаат право, а можеби не. Пак се сведуе на личната увереност на двете групи без понуда на никакви објективни, мерливи докази. Обично, аргументите на тие од редот или на христијаните (за христијани што станале телемити) ќе бидат дека: Овој не е вистински Шкотланѓанец (внеси: христијанин/телемит). Он не сконтал навистина, он не сфатил, да го сфател тоа што ние го сфаќаме, ќе ЗНАЕЛ дека тоа е така. Со тоа, пак се заштитуваат со ад хок хипотеза и ги елиминираат сите докази што не се у склоп со нивната почетна теза, а тоа е дека нивното верување е точно.
И светот си тера даље.