Прес конференциите на Пирло веќе подолго време немаат никаква логика, но една работа денес што кажа е на место. Тимот денеска го немаше вистинкиот пристап.
Сите со паметот си беа на Buon Natale, а кога цела екипа со паметот е секаде само не на терен и 3 бода тогаш резултатот е тој, а вината е кај тренерот затоа што психолошки не ја спремил екипата.
Последниве 2 натпревара со школски пример за тоа како rookie тренер води екипа. Парма ја газиш со 4-0 со фономенален перформанс, а после 3 дена губиш дома и пружаш перформанс како сељачка екипа.
Неконзистентноста е главниот проблем со кој се соочуваат новите тренери, а очигледно тоа не го одминува ни Пирло.
Реков пред извесно време у Серија А темата дека Јувентус оваа година се бори за 3то место, што е и горе долу реално за очекување бар според мене, без потценување или преценување.
Не можам да проценам која е стратегијата на клубот од се ова што го гледам затоа што најчесто овие работи ги изнесува АА не во дипломатски туку во шифриран речник, но можам да претпоставам дека кога ке се навратам на изјавите од пред сезоната тогаш јасно е дека за нив ова е очекувано. Оваа година се поставуваат темелите. По моја претпоставка немаат големи очекувања од Пирло, очигледно сакаат да ја премостат оваа сезона со што помалку притисок по тренерот па да се види што ќе се прави следното лето, дали нов тренер или ќе се продолжи со него само ќе му се донесе квалитет за да може да веднаш да атакува на титула во ЛШ и домашно првенство.
Доколку сега имавме странски тренер со 5,6,7,10 милиони евра плата, јавноста ќе ја бараше неговата глава после ваква прва полусезонска бламажа, што дополнително ќе внесеше максимален хаос не само во тимот туку во целиот клуб. Сега за сега такво нешто за Пирло нема, а очекувам и да нема во блиска иднина дури и да продолжиме со овие топло-ладно резултати.
Ако тоа е целта на управата тогаш добро изменаџирано од нивна страна, но дали ке се стабилизираме во вториот дел или ке продолжиме со тополо ладно, тоа ќе видиме.