Ќе се вика, ќе се вика.. како!?

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.729
Поени од реакции
49.235
Некој мисли дека со добро име среќа и правец ќе му даде на детето а некој гледа да му остави милиони/милијарди па го крсти XW123-007...секакви луѓе име.
а уствари според братот Џони, фората е детето да се ошути максимално како кај истото би се ојачале некои рефлекси и убедувања.

Џ

Џонтра Волта

Гостин
а уствари според братот Џони, фората е детето да се ошути максимално како кај истото би се ојачале некои рефлекси и убедувања.

Then Sue came along
Loved me strong
That's what I thought
Me and Sue
But that died, too.

Си имал проблеми Џони. :D
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.555
Поени од реакции
26.277
Што фали на Тор? Ако во животов имам уште еден син, ќе се вика Рагнар.
Рагнар секој втор се вика на Исланд. Лејм.
Исто како у словенскиов свет што секој втор се вика Славко, Славен, Славомир, Славољуб, Славе.

Интересно и егзотично е тоа што е ретко ;)
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.834
Поени од реакции
20.280
Рагнар секој втор се вика на Исланд. Лејм.
Исто како у словенскиов свет што секој втор се вика Славко, Славен, Славомир, Славољуб, Славе.

Интересно и егзотично е тоа што е ретко ;)
Мирко и Славко се институција.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.781
Поени од реакции
39.872
Иако немам деца, би споделил една случка за кога дојде ред како кум да кажам име.

Другарот на кого сум му кум, никако не ми кажуваше дали имаат некоја желба со жена му за име. Без предходно да се договараме, или он да кажува кои имиња му се допаѓаат уз муабет, јас напишав неколку имиња на еден лист, меѓу кои прво и кое најмногу ми се допаѓаше беше Мила. Вечерта кога се роди ќерка му, седнати, запиени, весели, јас кажувам дека ќе се вика Мила, жена му пуштена на камера на Месенџер од болница, слуша, и го врти пред сите нивното ливче на кое они си пишувале имиња кои им се допаѓаат, прво кај нив и најголема желба им било Мила.

Можеби и на некој друг ова му се десило, па не е нешто многу посебно, ама за мене остана како еден битен момент, и како универзумот/Господ/што и да е, сакало тоа дете да се вика Мила. :)
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.428
Поени од реакции
13.514

Моето име е дадено по истиот начин. Во моментот кога татко ми оди да го праша кумот за име, мајка ми му звони и му кажува дека избрала име. Кумот го дава списокот со имиња на татко ми и guess what? Истото име го имало таму.
 
Интересни се тие моменти, кога предоредено е така да се вика детето, па ти што сакаш направи, ќе испадне како што треба. :D
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Интересни се тие моменти, кога предоредено е така да се вика детето, па ти што сакаш направи, ќе испадне како што треба. :D
Синхрониситет што би рекол Јунг.....иначе на темава да не биде само говна јадење, иако е тотално небитно. Име кое го сакам за машко дете е Горан, Давид, Драган, Тони, Петар и т.н. оние нордиските не фала, доволно е моево Yngvarr :D
Женски има милион Ана, Ева, Аника, Илина, Ивана и т.н.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.758
Поени од реакции
36.660
Јас кога се роди син ми, само му се јавив на кумот да му кажам како ќе се вика. За ќерка ми не му се ни јавив. Глупаво е некој друг да ти кажува како да ти се викаат децата. Никако не би дозволил тоа.
 
Schmetterling ʚїɞ

Ein Leben ohne dich ist wie eine Reise ohne Ziel.
Член од
14 февруари 2024
Мислења
81
Поени од реакции
178
Лука
Давид
Максим
Мартин
Јакоб, јер со В значењето не би било баш симпатично во земји од англиско говорно подрачје :ROFLMAO:

Ана
Мона
Мари(ј)а
Кристина
Јоана
Лена
Ева
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.377
Поени од реакции
6.529
Имало некое испитување во Јужна Африка (можда и на форумов го имам прочитано), кое вика што поутепано семејството тоа поголем телевизорот дома. Таква ми е е аналогијата со имињава у државава, што по копита родителите тоа по “чудно” името. Ќе го крсти он малиот Вилхем Трети Ордановски небаре дедо му плава крв у јужна вестфалија а не препродавач на праски од Градско на кванташки. Ајде бе бегај тамо, ако го крстел детето Драган никој нема да сакал да се дружи со него. Не, со Себастијан Дунимаглоски ќе се дружат.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.008
Поени од реакции
9.693
Наводно името на ќерката да се римува со името на малата кучка што ја чуваат дома или па обратно беше... Така нешто. Демек модерни да бидат родителите :facepalm: Замислете има кучка што ја викаат Леа ама има и име на девојче кое е крстено Леа. Миа, Леа, Ина или Уна ме потсеќаат на имињата што им ги даваат на женски порно "ѕвезди" во некој порнич. Ај тоа ама кој ќе погоди за кој пол станува збор ако детето е крстено Амари? Замислете ви се раѓа дете и треба да се крсти Амари еј. Кај забега народов? Ццц... :pos:
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.377
Поени од реакции
6.529
А Лука? Ок е да го крстиш Лука ако се твоите избеглици од екс ју војниве или дедоти хрват добил прекоманда у битолски гарнизон на времето. Ама немој бе да ми го крстиш Лука со намера магично дедоти Ристо од Сарамзалино што го бере каварџикот да се претвори у Шиме морепловецот од Дуги Оток или Корчула. Неможе бе не ви проаѓа.

А за родители што даваат име у деминутив би поднел предлог закон за казна задолжителна општествена јавна работа од 350 часа на најтопло време.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.758
Поени од реакции
36.660
Имаше пред некој ден твит, на српски, ама сега не можам да го најдам, па морам парафразирано:

-Како ти се вика синот?
-Лео.
-А песот?
-Е па Драган.

:D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom