Потребни состојки:
- 2 чешниња лук, инаку можеш и повеќе/помалку, зависи од вкус
- Околу 100 грама путер, јас троа повеќе ставив
- Чили, јас ставив чили во прав, а поубаво е со свежо чили
- Половина шише црвено вино
- Паста-макарони по можност покрупни. Употребив 500 грама за 3 особи
- Магдонос, кој не беше ставен од моја страна затоа што не го сакам ама ич и општо не сум љубител на треви
- Маслинки, или купи си сецкани или ако имаш цели тргни ги семките и на половинки/четвртинки исецкај ги
- И неговото височество ПАРМЕЗАН! Никако, ама никако не купувајте од пармезанот во ќесичка што се продава, врска нема со нормалниот пармезан што се продава во најразлични форми и облици. Јас употребив 200 грама, а може и повеќе, тука нема граница него прашање на вкус е.
Подготовка- Го ставаш во тава путерот да се растопи и во исто време ставаш вода во која додаваш сол за да зоврие водата за пастата, секако во длабоко тенџере. Кога ќе се растопи путерот се додава сецканиот луи, не мора на многу ситно, како на сликата погоре нека биде. Малце се пропржува лукот и кога ќе добие кафенкаста боја се додава виното. Тоа си крчка за да испари алкохолот од виното и да се спојат вкусовите на лукот и виното, во меѓувреме го додаваш и чилито и маслинките, ова по желба, не сеа кило маслинки да опнеш, со усул нели. Пастата се готви исклучиво колку што е нагласено на амбалажата, во мојот случај беше 10 минути. Но, за овој рецепт потребно е пастата да се готви половина од времето кое е пишано на амбалажата! Јас ги варев 5 минути во солена вода и ги додадов во тавата со виното. Тука пастата треба да се крчка уште 5 минути, таман додека се довари и додека испари течноста од виното. Само што ќе се додаде пастата се додава и ренданиот пармезан за смесата да добие кремаста структура. Јас додадов и еден филџан од водата во која се готвеше пастата, исто така како и пармезанот за да помогне во создавање на кремастата структура. Кога ќе поминат преостанатите 5 минути се трга тавчето од оган и спремно е за сервирање. Јас како што има на сликата погоре декорирав со маслинки и пармезан, некој декорира со магдонос, босилек или нешто трето така да тоа е сопствен избор. Али глеј да не ти биде водена смесата, нека биде и некоја минута плус на оган, не мора точно 5 минути да е, битно е на крај да биде кремаста структурата.
Бон апетит ако го готвиш/те ова и секако почастете со некоја слика за да споредиме.
