Не знам дали се правите на улави или такви ви се климите па кај вас ако ги насочите низ врата не греат таму...
Кај мене кога ќе ја насочам низ вратата од салончето, во салончето е потопло за 1-2 степени неголи во дневната.
Алоо ова воздух е, со вентилатор се придвижува и се насочува накај што сакаш да дува со 822m3/h
Не е ова шпоретот на дрва во ќошот од собата па нормално е надвор од вратата на таа соба да е ладно.
Штознам, деновиве кај мене наутро во спална (преку 2 врати, таа за во салонче и од салонче таа за во спалната) e близу 20C.
Долу е гаража а горе е од брат ми спалната.... ни двете не се греат, башка тоа дограмата ко што кажав стара дрвена двокрилна (само убаво ја издихтував со гумирани траки)... и капак на тоа, на строг север е спалнава.
Е пука мицуто цела вечер на 22С со макс фан од 822m3/h баш насочено најдоле низ низ таа вратата од салончето.
Види друже кај Хансол-от... Medium-Low иди 3/7 брзина и е 470m3/h издув....
Издувот се осеќа на другиот крај од собата, толку се 17м2... 4м x 4м коцкеста е собата..... како мислиш го држи воздухот околу нејзе?
Денски кога модулира не го држи околу нејзе?
Ако тоа е малку, јас не знам колку треба во 17м2....
Па кај Мицу-то 4/5 брзина е 510m3/h што е најблиску до ова од Хансолот
Кај Мицу-то 3/5 е 426m3/h
Јас не знам вие што имате само Грее клими на што сте навикнати и што се сметате за нормално, ама ова не е!