ИТ фирми и пракси во Скопје

Z

zmej gorjanin

Гостин
Секогаш си временски ограничен и даваш естимација за колку време ќе се направи featurot, а проценката се добива со искуство.
Зборам за алгоритмите. На топтал имаш 3 алгоритма да решиш за период од саат и 30 минути. И кога мислам на алгоритми мислам на вакво нешто

You are given a string s and an array of strings words of the same length. Return all starting indices of substring(s) in s that is a concatenation of each word in words exactly once, in any order, and without any intervening characters.

You can return the answer in any order.

Constraints:
  • 1 <= s.length <= 104
  • s consists of lower-case English letters.
  • 1 <= words.length <= 5000
  • 1 <= words.length <= 30
    [*]words consists of lower-case English letters.

Тоа е вториот чекор после проверката на каков ти е англискиот, после е третиот чекор каде решаваш алгоритам во живо со уште еден поискусен девелопер кој ќе ти поставува прашања околу твоето решение и сигурно ќе те праша да му определиш time complexity. Последниот чекор е изработка на цел проект.
 
Член од
30 септември 2020
Мислења
7
Поени од реакции
1
Кога ги читам Вашите коментари и доживувања со неколку годишно искуство во програмирање, не знам дали остана капка надеж за мене да почнувам со програмирање. Кога зборувам за програмирање, не мислам на бог знае какво програмирање, туку на пример frontend или нешто што не е толку напорно. Не барам 1000+ евра плата, али на пример 500-600 евра откако ќе добијам искуство. Дали мислите дека би имало нешто такво како што барам јас или да си барам друго нешто за работа ?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.365
Поени од реакции
26.413

Фронт енд девелопмент е подеднакво “напорен“ како бек енд. Ако мислиш на дизајн, колку ќе ти биде “напорно“, зависи од тоа колку си талентиран. Некои уживаат во тоа, јас порадо би ти изградил апликација отколку да направам еден мок.
 
Член од
9 мај 2013
Мислења
25
Поени од реакции
18
Ја пред повеќе од 5 години почнав со 500 евра. Не знам за колку се покачени платите (знам дека и придонесите се покачени, да речеме на 1000 евра нето е околу 1500 бруто), ама не ми делува дека многу се покачени. Пред се зависи на кој проект и за кој клиент работиш. Ако ти кажам дека повеќето од тие фирми целат на џуниори поради таа причина, и им побараш почетен праг од 1000 евра, без оглед колку и добро да се покажеш на интервју/coding challenge нема да те бараат после тоа. Имав смешна ситуација пред неколку години ме контактира hr од една фирма и ај на интервју и ме прашуваат колку плата бараш - ја им викам 1000 евра и ме загледа ко мајка да му опцув тој што ги поставуваше прашањата. И уште неколку пати ме праша колку плата барам, ја пак истото. И ништо, ми дадоа некој мини проект да направам, им го напраив и не се јавија понатака. Така да подалеку од македонски фирми со странец газда кој дошол тука да купи ефтина работна сила.
Се сложувам со голем дел од ова што го тврдиш, само тоа со митот малце ми фати на око. :icon_lol:

Дека има такви странци има, кои отвориле фирма и работат како "претприемачи", само на "small scale" и краткотрајни проекти за исто такви клиенти, и ги заболело за квалитет и одржливост, па можат да си дозволат да прават само дај ново дете. Но кога се работи на продукт или со многу годишни клиенти не толку едноставно.

За прагот, истата фирма како пример каде што се работи на продукти. Кога ја напуштив фирмата највисоката плата (што ја земаа неколку сениори со поголемо искуство) беше околу 70 илјади, сега и тоа е порасното. А за тоа дека тој е доста понизок отколку во странските представништва си во право, но барем таму (имам сеуште некакви контакти) би го ставил на 1400-1500 евра. Причина за порастот е исклучиво губењето на 2 третини од вработените со повеќе од 2-3 години искуство во последниве 3 години.

Кога еден сениор треба да го го замениш со тројца јуниори, кои ќе ја земаат неговата плата и во најдобар случај можеби заедно после 2 години ќе се продуктивни колку него, и најдебелата македонска црпка ќе сфати дека поисплатливо е да ги зголеми платите. Секако не може да конкурира со странскиве вистински софтверски компании, и да вработи нешто освен почетници или сениор само во години од други како него, тие што ги бива малце ги собрале поголемиве.

А во последно време мислам има толкав недостаток на сениори, па такви само во години успеваат да се пикнат и во доста посериозниве компании.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.234
Поени од реакции
14.576
@Inglourious Basterd пошто си доста упатен, ме интересира дали знаеш како се движат плати на дизајнери по такви фирми (UI/UX, не графички).
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Се сложувам со голем дел од ова што го тврдиш, само тоа со митот малце ми фати на око. :icon_lol:

Дека има такви странци има, кои отвориле фирма и работат како "претприемачи", само на "small scale" и краткотрајни проекти за исто такви клиенти, и ги заболело за квалитет и одржливост, па можат да си дозволат да прават само дај ново дете. Но кога се работи на продукт или со многу годишни клиенти не толку едноставно.

За прагот, истата фирма како пример каде што се работи на продукти. Кога ја напуштив фирмата највисоката плата (што ја земаа неколку сениори со поголемо искуство) беше околу 70 илјади, сега и тоа е порасното. А за тоа дека тој е доста понизок отколку во странските представништва си во право, но барем таму (имам сеуште некакви контакти) би го ставил на 1400-1500 евра. Причина за порастот е исклучиво губењето на 2 третини од вработените со повеќе од 2-3 години искуство во последниве 3 години.

Кога еден сениор треба да го го замениш со тројца јуниори, кои ќе ја земаат неговата плата и во најдобар случај можеби заедно после 2 години ќе се продуктивни колку него, И најдебелата македонска црпка ќе сфати дека поисплатливо е да ги зголеми платите. Секако не може да конкурира со странскиве вистински софтверски компании, и да вработи нешто освен почетници или сениор само во години од други како него, кој го бива малце го собрале поголемиве.

А во последно време мислам има толкав недостаток на сениори, па такви сениори само во години успеваат да се пикнат и во доста посериозниве компании.
Ај вака кога скелетот на тимот е поставен и да речеме 4 - 5 души земаат по 1400 - 1600 евра плата. Што мислиш останатите огласи на фирмата за каков профил на програмери ќе биде? И на нив ќе им дадат по 1600 евра плата? Да бидеме малку реални. Да, постојат фирми кои можат да си дозволат да платат по 1200 - 1300 евра плата дури и за девелопери со по 2 до 3 години искуство, пред се пошто добри проекти имаат фатено и работат професионално. А имаш и ебиветар фирмички со газдата од Лутон кој добил идеја да напраи апликација и да ја шитка у енглеска ко crm систем да речеме и он го има направено core тимот, со остатокот само попунува дупки и гледа да не го кошта многу. На страна што ќе земаш мала плата, туку ќе треба и дизајнер и бекенд и фронтент девелопер да бидеш во исто време.
 
Член од
6 август 2015
Мислења
465
Поени од реакции
780
Како си го замислуваш ти тој простор за учење? И дали некој те спречил да учиш после работно време? Едно е да заглавиш на нешто и да се консултираш со колега што е проблемот, друго е да бараш да те учи некој.
Не мислев у стил некој да ти џвака и да ти дава, туку учење од аспект на давање совети што, како на каде да се фокусираш и споделување на знаење.

Али дефинитивно да. Имаш валидна поента. Ќе мора да сменам пристап кон нештата :)
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.365
Поени од реакции
26.413
@Inglourious Basterd пошто си доста упатен, ме интересира дали знаеш како се движат плати на дизајнери по такви фирми (UI/UX, не графички).
Од луѓето што јас ги знам, 600-1300, зависно од сениоритетот.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Имаа бесплатна кирија во првите две години, бар мислам. Дека плаќаме придонеси, за жал знам, проверено ми е. :D

Инаку единствено што е штета на пазаров што после Мусала нема влезено нова сериозна компанија што цели на 300+ луѓе, и би го раздвижила за 20-30% нагоре.
Пазарот веќе треба освен на квантитет да оди уште повеќе на квалитет. Јас по би сакал некоја македонска фирма да порасне на 300+ луѓе со свој продукти што ќе ги извади на светскиот пазар.

Мусала целеше на 300+ луѓе али дали ја надминаа и бројката од 100.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.365
Поени од реакции
26.413
Пазарот веќе треба освен на квантитет да оди уште повеќе на квалитет. Јас по би сакал некоја македонска фирма да порасне на 300+ луѓе со свој продукти што ќе ги извади на светскиот пазар.

Мусала целеше на 300+ луѓе али дали ја надминаа и бројката од 100.
Сивус развива свои продукти. Ама бизнис концептот им е да ги продадат во рана фаза, и да направат пари. Наша фирма да рилисне и сапортира продукт што ќе се употребува низ цел свет, тешко. Бар не за продукт што би го користеле милиони луѓе, некој niche market можеби би покриле.

Не стигнаа, затоа што откако почнаа да превземаат луѓе, другиве фирми со предходно научена лекција, си ги заштитија клучните, со давање повисока плата пред да ги контактира Мусала.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.030
Поени од реакции
12.707
Мусала во еден период имаше и 200 вработени, ама лошиот менаџмент си го направи своето.
 
Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Колкава е таа плата во Мусала, баш ме интересира еден range да споделите?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.030
Поени од реакции
12.707
Колкава е таа плата во Мусала, баш ме интересира еден range да споделите?
Мене како џуниор ми понудија дупло поголема почетна плата од таа што ја имав моментално, со загарантирано покачување од мин.50 еур на секој 6 месеци. Ова беше пред 3 години мислам. Напуштив после една година, многу лош менаџмент.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
И да дефинираме што е сениор. Еве еден оглас за сениор за кој се изгазив од смеење

5+ години искуство со PHP и фрејмворци ко simfony, laravel, yii
5+ години искуство со PostgreSQL
5+ години искуство JS и искуство со React и state management со Redux
искуство со линукс системи и терминал, искуство со Docker и gitlab ci/cd
работа со queues и искуство со RabbitMQ, искуство со Monolog (сервис за логирање)
искуство со сервиси како Memcached и Redis
пишување на чист код за кој програмерот ќе пишува и unit тестови

искуство и познавање на Node Express и AWS ќе се смета за предност :pos:

и ова е оглас од фирма која е сериозен фактор на нашиот пазар. Огласов е за што? За фулстек, за девопс или им требаат неколку луѓе реално?
 
Кој дел од ова, сем познавањето на AWS што ќе се сметало за плус е дев опс работа? Плус, сигурно не мислат искуство со конфигурирање AWS, туку знаење кој тип на апликација со какви инстанци или сервиси да се развива, дали да се избере сопствена платформа, или некој готов SaaS, што по дефиниција е сениор софтвер инженер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom