ИТ фирми и пракси во Скопје

Z

zmej gorjanin

Гостин
Платата на грејџуејт со Ендава е 30.000 денари. И станува најмалце 700 евра - 900 евра после првата година. Платата на грејџуејтс во Алокејт е 27.000 првите 6 месеци, после тоа добиваат уште две покачувања до првата година и стигаат на 750 евра. Двете фирми заедно имаат вработено преку 40 грејџуејтс во последниве 12 месеци.

Не знам зошто инсистирате сликата за пазарот да ја правите од тие проект-фирмички што се појавуваат и траат колку што трае проектот? Големите го дефинираат пазарот.
Пошто 90% од пазарот такви фирми го сочинуваат. Платата не ти зависи од самата фирма туку од проектот на кој што работиш. Клиентот ти ја плаќа платата, твојата фирма веројатно зема само процент од тебе.
Книгата беше Algorithms, 4th Edition by Robert Sedgewick, за оваа книга не ги решавав сите задачи и примери што ги имаше до бескрај, туку да се цитирам реков дека само ја научив ја сфатив со решените проблеми за одприлика месец и пол. Секако не правев математички докажувања на алгоритмите и такво забегување, не спремав докторат за алгоритми.
Сеедно, и сфаќање да го наречеме, дури и да не определуваш time complexity и само си го сфатил начинот на кој е дизајниран алгоритмот, во сериозна фирма да пробаш да се вработиш каде веројатно ќе бидеш и временски ограничен да ги решиш алгоритмите, не праиш ништо без сериозно решавање
/вежбање, особено ако те извадат на табла да решаваш. Ова е пракса кај амерички фирми од мое искуство.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.365
Поени од реакции
26.413
Пошто 90% од пазарот такви фирми го сочинуваат. Платата не ти зависи од самата фирма туку од проектот на кој што работиш. Клиентот ти ја плаќа платата, твојата фирма веројатно зема само процент од тебе.
Па да, добри 70% од пазарот на труд го сочинуваат такви фирми.
 
Член од
9 мај 2013
Мислења
25
Поени од реакции
18
Ова е мит, особено за толку кратко време. И особено ако фирмата веќе си има оформено core team кои практично го движат проектот, особено ако се работи за проект на битен клиент или пак се работи за inhouse проект.
Мене лично првото вработување ми беше во една од тие како што што ги нарекоа погоре комунистичка фирма, со клиенти воглавно во Македонија и останати по Балканов. Се работеше скоро исклучиво на продукти и можеби ни 5% на "bespoke" софтвер, пак најчесто некако интегриран со некој од продуктите. Главниот продукт беше .Net WinForms ERP апликација отпочната во 2002/3-та, со најголем "upgrade" во тие деценија и нешто што беше крената на .Net 4.X :icon_lol:. Почнав со 16 илјади, после една година земав 36, после две 48, кога ја напуштив фирмата после нешто повеќе од 2 и пол години работа земав 54.

Оттогаш платите се не малку пораснати, па не би го отпишал како мит, тоа некој добар ако почне со 400-500 евра после една година да стигне до 700-900.
 
Последно уредено:
Z

zmej gorjanin

Гостин
Мене лично првото вработување ми беше во една од тие како што што ги нарекоа погоре комунистичка фирма, со клиенти воглавно во Македонија и останати по Балканов. Се работеше скоро исклучиво на продукти и можеби ни 5% на "bespoke" софтвер, пак најчесто некако интегриран со некој од продуктите. Главниот продукт беше .Net WinForms ERP апликација отпочната во 2002/3-та, со најголем "upgrade" во тие деценија и нешто е што беше крената на .Net 4.X :icon_lol:. Почнав со 16 илјади, после една година земав 36, после две 48, кога ја напуштив фирмата после нешто повеќе од 2 и пол години работа земав 54.

Оттогаш платите се не малку пораснати, па не би го отпишал тоа, некој добар ако почне со 400-500 евра после една година да стигне до 700-900, како мит.
Со помала плата си почнал. И не е муабетот колку си земал откога си ја напуштил фирмата, туку дека е тоа прагот во такви фирмички, 700 - 800 евра.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Платата на грејџуејт со Ендава е 30.000 денари. И станува најмалце 700 евра - 900 евра после првата година. Платата на грејџуејтс во Алокејт е 27.000 првите 6 месеци, после тоа добиваат уште две покачувања до првата година и стигаат на 750 евра. Двете фирми заедно имаат вработено преку 40 грејџуејтс во последниве 12 месеци.

Не знам зошто инсистирате сликата за пазарот да ја правите од тие проект-фирмички што се појавуваат и траат колку што трае проектот? Големите го дефинираат пазарот.
Уште ги имаат овие фирми тие бенефиции од државава да не плаќаат придонеси пошто ветија ќе инвестираат милиони ? :icon_lol:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.365
Поени од реакции
26.413
Уште ги имаат овие фирми тие бенефиции од државава да не плаќаат придонеси пошто ветија ќе инвестираат милиони ? :icon_lol:
Затоа ли даваат 500 евра на грејџуејтс, затоа што не плаќаат придонеси? Инаку нема шанса таа пара, нели? :D
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Затоа ли даваат 500 евра на грејџуејтс, затоа што не плаќаат придонеси? Инаку нема шанса таа пара, нели? :D
Ги имаат парите тоа секако ама и друго е кога немора да плаќат придоенси. Не дека ми е криво ,знам платата значително ми се покачи откако они влетоа и тргнаа во офанзива по линкедин. :icon_lol:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.365
Поени од реакции
26.413
Ги имаат парите тоа секако ама и друго е кога немора да плаќат придоенси. Не дека ми е криво ,знам платата значително ми се покачи откако они влетоа и тргнаа во офанзива по линкедин. :icon_lol:
Не е точно дека не плаќаат придонеси. Само ги натераа македонските газди да одврзат кесе, и мораше да им се измисли нешто. :D
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Не е точно дека не плаќаат придонеси. Само ги натераа македонските газди да одврзат кесе, и мораше да им се измисли нешто. :D
Jас како што знам се водат како странски инвестиции и имаат ослободувања. Сеа вајда повеќе знаеш пошто најверојатно си работел/работиш таму.
 
Член од
9 мај 2013
Мислења
25
Поени од реакции
18
Со помала плата си почнал. И не е муабетот колку си земал откога си ја напуштил фирмата, туку дека е тоа прагот во такви фирмички, 700 - 800 евра.
Тие тврдиш дека е мит почетник да стигне од 400-500 евра до 700-900 во една година. Јас само споделив мое искуство за покачување од над 300 евра во таа прва година во македонска фирма, пред скоро 5 години. Пазарот сега е друг, во истата таа фирма сега не почнуваат со помалце од 400 евра. :icon_lol:
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.365
Поени од реакции
26.413
Jас како што знам се водат како странски инвестиции и имаат ослободувања. Сеа вајда повеќе знаеш пошто најверојатно си работел/работиш таму.
Имаа бесплатна кирија во првите две години, бар мислам. Дека плаќаме придонеси, за жал знам, проверено ми е. :D

Инаку единствено што е штета на пазаров што после Мусала нема влезено нова сериозна компанија што цели на 300+ луѓе, и би го раздвижила за 20-30% нагоре.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Тие тврдиш дека е мит почетник да стигне од 400-500 евра до 700-900 во една година. Јас само споделив мое искуство за покачување од над 300 евра во таа прва година во македонска фирма, пред скоро 5 години. Пазарот сега е друг, во истата таа фирма сега почнуваат со најмалце 400 евра. :icon_lol:
Ја пред повеќе од 5 години почнав со 500 евра. Не знам за колку се покачени платите (знам дека и придонесите се покачени, да речеме на 1000 евра нето е околу 1500 бруто), ама не ми делува дека многу се покачени. Пред се зависи на кој проект и за кој клиент работиш. Ако ти кажам дека повеќето од тие фирми целат на џуниори поради таа причина, и им побараш почетен праг од 1000 евра, без оглед колку и добро да се покажеш на интервју/coding challenge нема да те бараат после тоа. Имав смешна ситуација пред неколку години ме контактира hr од една фирма и ај на интервју и ме прашуваат колку плата бараш - ја им викам 1000 евра и ме загледа ко мајка да му опцув тој што ги поставуваше прашањата. И уште неколку пати ме праша колку плата барам, ја пак истото. И ништо, ми дадоа некој мини проект да направам, им го напраив и не се јавија понатака. Така да подалеку од македонски фирми со странец газда кој дошол тука да купи ефтина работна сила.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Сеедно, и сфаќање да го наречеме, дури и да не определуваш time complexity и само си го сфатил начинот на кој е дизајниран алгоритмот, во сериозна фирма да пробаш да се вработиш каде веројатно ќе бидеш и временски ограничен да ги решиш алгоритмите, не праиш ништо без сериозно решавање
/вежбање, особено ако те извадат на табла да решаваш. Ова е пракса кај амерички фирми од мое искуство.
Секогаш си временски ограничен и даваш естимација за колку време ќе се направи featurot, а проценката се добива со искуство.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.677
Поени од реакции
59.643
Имаа бесплатна кирија во првите две години, бар мислам. Дека плаќаме придонеси, за жал знам, проверено ми е. :D

Инаку единствено што е штета на пазаров што после Мусала нема влезено нова сериозна компанија што цели на 300+ луѓе, и би го раздвижила за 20-30% нагоре.
За ScaleFocus мислам се збореше биле во план 300 луѓе да вработат.
Не знам каков прогрес имаат и општо што услови нудат.

Ама не ми изгледа нешто раздвижено :D
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.365
Поени од реакции
26.413
За ScaleFocus мислам се збореше биле во план 300 луѓе да вработат.
Не знам каков прогрес имаат и општо што услови нудат.

Ама не ми изгледа нешто раздвижено :D
Не, едно се тие кафе муабети, друго е да дојде ЦЕО и да рече дека планираат за 12 месеци од сега да се 200, за 24 месеци да се 300. Свесни се дека нема да стигнат до тие бројки, ама таква изјава во превод значи, спремни сме да го поместиме плафонот на пазарот.

Во моментов се дешаваат само преместувања од фирма во фирма, и ширење со грејџуејтс генерално. Ама тоа не носи такви поголеми скокови, туку е линеарно придвижување.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom