Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
За мене на пример е себичност да се фокусираш да си ја спасиш сопствената душичка само, а да не те погодува тоа што милиони или милијарди луѓе ќе завршат во некакво огнено езеро каде ќе се мачат, само затоа што верувале во нешто погрешно. Ти би бил спокоен во рај, ако твој близок заврши во пекол? Тоа не е себичност?Прво многу лошо комуницираш, емоциите треба да си ги исконтролираш.
Второ ја размислувам на следен начин - обратно, почнувам од крајот - какви луѓе произведува Телема, вашата пракса, за сега гледам егоистични кои воопшто не се во љубов, а нели љубовта е сржта.
И ве прашав која е целта на праксите, на вашата езотерија, на што вие избегнувате да одговорите.
Па ајде да дискутираме, како Телема тебе те прави подобар човек, дали ти со праксите се надминуваш, се регулираш себе и влегуваш во алтруизам, поширок круг на емпатија.... или се засилува... " итс ол абаут ми " моментот?
Мене Телемата ме прави подобар човек бидејќи ми го потврдува фактот дека одговорноста кон себе и другите не зависи од каење или барање прошка кон некој надприроден авторитет. Телемата е систем од пракси каде целта е да ја откриеш својата вистинска волја, својата суштина и да живееш во согласност со неа. Телемата значи одговорност кон своите постапки, наместо чуство на вина дека некој е грешен и треба да се искупува, моли за прошка и да коленичи.