Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Прво многу лошо комуницираш, емоциите треба да си ги исконтролираш.
Второ ја размислувам на следен начин - обратно, почнувам од крајот - какви луѓе произведува Телема, вашата пракса, за сега гледам егоистични кои воопшто не се во љубов, а нели љубовта е сржта.

И ве прашав која е целта на праксите, на вашата езотерија, на што вие избегнувате да одговорите.

Па ајде да дискутираме, како Телема тебе те прави подобар човек, дали ти со праксите се надминуваш, се регулираш себе и влегуваш во алтруизам, поширок круг на емпатија.... или се засилува... " итс ол абаут ми " моментот?
За мене на пример е себичност да се фокусираш да си ја спасиш сопствената душичка само, а да не те погодува тоа што милиони или милијарди луѓе ќе завршат во некакво огнено езеро каде ќе се мачат, само затоа што верувале во нешто погрешно. Ти би бил спокоен во рај, ако твој близок заврши во пекол? Тоа не е себичност?

Мене Телемата ме прави подобар човек бидејќи ми го потврдува фактот дека одговорноста кон себе и другите не зависи од каење или барање прошка кон некој надприроден авторитет. Телемата е систем од пракси каде целта е да ја откриеш својата вистинска волја, својата суштина и да живееш во согласност со неа. Телемата значи одговорност кон своите постапки, наместо чуство на вина дека некој е грешен и треба да се искупува, моли за прошка и да коленичи.
 
D

Drexel

Гостин

Абе ретко кој го интересира откривањето волја или тие теолошки работи тоа е изџвакана тема. Луѓето како и предвидено скокаат и сакаат да знаат за магиката, Искуства од високо па се до “себични” употреби.
 
Последно уредено од модератор:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Абе никој не го интересира откривањето волја или тие теолошки работи тоа е изџвакана тема. Луѓето како и предвидено скокаат и сакаат да знаат за магиката, Искуства од високо па се до “себични” употреби.
Неможе да не те интересира волја а да те интересира магика... Магиката зависи директно од волјата, има дефиниција во Магика без солзи од Кроули што е магика, накратко таа е секој акт извршен како резултат на вистинската волја.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Неможе да не те интересира волја а да те интересира магика... Магиката зависи директно од волјата, има дефиниција во Магика без солзи од Кроули што е магика, накратко таа е секој акт извршен како резултат на вистинската волја.
Од кај произлегува волјата?
Дали е производ на тело-умот или е од надвор од перцепцијата на нашите сетила?
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735
За мене на пример е себичност да се фокусираш да си ја спасиш сопствената душичка само, а да не те погодува тоа што милиони или милијарди луѓе ќе завршат во некакво огнено езеро каде ќе се мачат, само затоа што верувале во нешто погрешно. Ти би бил спокоен во рај, ако твој близок заврши во пекол? Тоа не е себичност?

Мене Телемата ме прави подобар човек бидејќи ми го потврдува фактот дека одговорноста кон себе и другите не зависи од каење или барање прошка кон некој надприроден авторитет. Телемата е систем од пракси каде целта е да ја откриеш својата вистинска волја, својата суштина и да живееш во согласност со неа. Телемата значи одговорност кон своите постапки, наместо чуство на вина дека некој е грешен и треба да се искупува, моли за прошка и да коленичи.
Колку доблесно го кажа... Солза ми потече, пеер.
Нема потреба од сексуални церемонијални ритуали, тајни лозинки и некои други сумњиви ствари за да бидеш пристоен човек, одговорен за своите постапки, ти текнуе?
Нема да те казни Госпот, ама ќе те казни кармата. Замени еден етичен метафизички систем со друг, дај не ме јеби... Вика: „Критикувајте го О.Т.О. со објективни факти." Исто така, им се закануе со чекичот на кармата на членови што ќе ги издадат тајните...
Не може акуративно да се критикуе Таен Ред пошто е... таен. Освен информации од членови кои излегле од Редот и/или се во Редот и не ги поштуваат заклетвите, како би се дознале објективни информации?
 
Знам но зборувам за исходите магиката, Како кога отпочнуваш една операција со специфична цел се манифестира тука, Волјата како клуч за манифестација е неоспорлив факт.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
За мене на пример е себичност да се фокусираш да си ја спасиш сопствената душичка само, а да не те погодува тоа што милиони или милијарди луѓе ќе завршат во некакво огнено езеро каде ќе се мачат, само затоа што верувале во нешто погрешно. Ти би бил спокоен во рај, ако твој близок заврши во пекол? Тоа не е себичност?

Мене Телемата ме прави подобар човек бидејќи ми го потврдува фактот дека одговорноста кон себе и другите не зависи од каење или барање прошка кон некој надприроден авторитет. Телемата е систем од пракси каде целта е да ја откриеш својата вистинска волја, својата суштина и да живееш во согласност со неа. Телемата значи одговорност кон своите постапки, наместо чуство на вина дека некој е грешен и треба да се искупува, моли за прошка и да коленичи.
Најголем дел од самите рисјани, па и сите генерално... се базично многу себични луѓе.
Моше треба да размислиш дека целата работа која ја хејташ има два леери.... закони за себичните за да ги заузда... и духовен...
Пример најбазична себичност е опсесивност со пекол и рај, реинкарнација и карма... што со мене кога ќе завршам овде... духовниот аспект не се замара со тоа.
Абе никој не го интересира откривањето волја или тие теолошки работи тоа е изџвакана тема. Луѓето како и предвидено скокаат и сакаат да знаат за магиката, Искуства од високо па се до “себични” употреби.
Ти си бар искрен, ја ова “себични” употреби засега не би го ставил во наводници.

Од кај произлегува волјата?
Дали е производ на тело-умот или е од надвор од перцепцијата на нашите сетила?
Дали Б веруваш во детерминизам... вољата е инсталирана во тебе уште со раѓање?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Од кај произлегува волјата?
Дали е производ на тело-умот или е од надвор од перцепцијата на нашите сетила?
Волјата е динамичкиот аспект на Битието, таа е посуштинска од телото и сетилата.
Автоматски споено мислење:

Колку доблесно го кажа... Солза ми потече, пеер.
Нема потреба од сексуални церемонијални ритуали, тајни лозинки и некои други сумњиви ствари за да бидеш пристоен човек, одговорен за своите постапки, ти текнуе?
Нема да те казни Госпот, ама ќе те казни кармата. Замени еден етичен метафизички систем со друг, дај не ме јеби... Вика: „Критикувајте го О.Т.О. со објективни факти." Исто така, им се закануе со чекичот на кармата на членови што ќе ги издадат тајните...
Не може акуративно да се критикуе Таен Ред пошто е... таен. Освен информации од членови кои излегле од Редот и/или се во Редот и не ги поштуваат заклетвите, како би се дознале објективни информации?
Тоа си е наша работа како ќе достигнеме одредено ниво на свест, веќе кажав, да изнесеме јавно нешто за некој да пука сеир и да прави вивеви нема да може. Тоа нема врска ниту со објективност, ниту со етичност.
 
Последно уредено:
D

Drexel

Гостин
Ти си бар искрен, ја ова “себични” употреби засега не би го ставил во наводници.
Никој не е светец е една вистина, секој во овој или оној период ја употребил за себични цели, Читај стари гримуари и гледај со какви аскрипции им даваат на некои битија и со какви цели составувале магични формули. Овие ниски употреби сами по себе не се целта на самата магика, но се можност, зависно од карактерот на човекот.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
Колку доблесно го кажа... Солза ми потече, пеер.
Нема потреба од сексуални церемонијални ритуали, тајни лозинки и некои други сумњиви ствари за да бидеш пристоен човек, одговорен за своите постапки, ти текнуе?

Токму на ова мислам, за сега гледам дека праксите се неверојатно себични, не само препуштање на страстите на телото туку и засилување на нивната важност.
Наместо едноставно да... бидеш добар човек.

Бај Д Веј одлично предавање фала ти, некогаш би сакал муабет за канализирање на креатива, нешто што го имам доживеано во друг медиум, разлика од субјективно доживување на процесот и импакт на тоа дело врз публика, тотално две различни работи кои скоро никогаш не се поклопуваат... и важноста на уметноста како пракса за секој.

Некој мултимедијален сличен спој гледам и овде....

Не мешај праксите по редови со праксите што тие надвор од редови прават, Целта на редови е ред, структура со по висока цел и guidelines.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Токму на ова мислам, за сега гледам дека праксите се неверојатно себични, не само препуштање на страстите на телото туку и засилување на нивната важност.
Наместо едноставно да... бидеш добар човек.

Бај Д Веј одлично предавање фала ти, некогаш би сакал муабет за канализирање на креатива, нешто што го имам доживеано во друг медиум, разлика од субјективно доживување на процесот и импакт на тоа дело врз публика, тотално две различни работи кои скоро никогаш не се поклопуваат... и важноста на уметноста како пракса за секој.

Некој мултимедијален сличен спој гледам и овде....

Која извртена логика човече....сексот бил себичност, верувањето дека е ок некој да гори само затоа што верува во нешто ,,погрешно" не било себично :tapp:
Btw никаде не сме кажале дека има секс во ритуалите, тоа е ваша претпоставка.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Не мешај праксите по редови со праксите што тие надвор од редови прават, Целта на редови е ред, структура со по висока цел и guidelines.
Пред 6.5 години со што сум се заморувал... :)

„Праксите се дадени за да бидеш дел од Нуит со максимални искуства кои ќе Ве направат богови, кралеви или што и да е вашиот хиероглиф за постигнувањето.

Универзумот не прави ништо во поглед на Хадит (не може да ја заврши работата на Хадит).
Хадит е бесконечна мала точка која мора да ги има сите можни искуства за да го зголеми својот универзум.
Од тука следуваат и праксите!

За да знаеш кој настан е најсоодветен во дадениот момент потребно е пракса. Инаку, ќе се греши и ќе се талка и секогаш некој друг ќе биде причината за големиот неуспех на сопствените искушенија.
Нашите пракси сме зборувале дека се поделени на две патеки: јога и магика. И без нив, средниот столб не може да се помине!“
- За Оние кои го напуштиле Редот, Хептаграм XI
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
Не мешај праксите по редови со праксите што тие надвор од редови прават, Целта на редови е ред, структура со по висока цел и guidelines.
Како да знам дека твојата способност да "делуваш" нема да ја искористиш за... нешто... троа себично?
Која извртена логика човече....сексот бил себичност, верувањето дека е ок некој да гори само затоа што веруба во нешто ,,погрешно" не било себично :tapp:
Btw никаде не сме кажале дека има секс во ритуалите, тоа е ваша претпоставка.
Одиш во екстрем... сексот е природна работа, но бара и контрола врз себе за да не одиш да им го... подаруваш на сите по ред у комшилук и пошироко....
Предавање на нагоните, ставање на нивната битност на пиедестал - е дел од проблемот.
А целта е контрола Ипси...

А да ни кажевте шо прајте со голата свештеничка на олтарот, можда ќе бевме поинформирани :)
 
D

Drexel

Гостин
Како да знам дека твојата способност да "делуваш" нема да ја искористиш за... нешто... троа себично?
Оти после одредено време кога ќе си ги исчешаш сите работи кои те чешаат стануваат бесмислени и ако сеуште си сериозен продолжуваш кон повисоки патеки кои сами по себе го прават претходното да изгледа банално. Дури и на самиот почеток според традицијата во која си имаш етичен кодекс..Ах сега носталгија ме фати моева мантра на денот беше “Bide the Wiccan Laws ye must in perfect love and perfect trust, Eight words the Wiccan Rede fulfill, An it harm none do what ye will” ко за телемитите што е Do what thou wilt shall be the whole of the law, Love is the Law, Love under Will.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom