Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
И дај бе вие што барате да се избрка Артета, кажете едно поасално решение моментално. Покетино? Алегри? Болд? Што кур ќе направи новиот тренет што до сега не го направи Венгер,Емери, Љумберг и сега Артета. Дајте еден добар кредибилен факт, кој и што би сменил нешто во сето воа срање. Срање си останува срање, колку и да го шминкаш.
Арсен Венгер.
 
Е сеа не можам да го бранам Артета со ваков прес, ако стварно верува дека добро сме изиграле и дека се што побарал он направиле играчиве, тогаш му нема спас. Се надевам стварно ги кажува овие работи за да ги охрабри играчите, ако не е така, тогаш, нема менталитет за да смени нешто.
 
Шо му кажал на играчите: Центрирај колку сакаш и од каде сакаш, но никако не шутирај. Самиот Артета излева како кловн сега изјавува дека доминирал, не доминираше он туку Мурињо му а дади топката и пак го победи.
 
У интервјуво Артета вика сме играле со жар и сме креирале повеќе шанси него на било која утакмица до сеа... не знам, може различна утакмица сме следеле...
Ако жар значи Габриел да ти доаѓа у противнички 16етник за да креира игра, не знам шо да кажам...
 
У интервјуво Артета вика сме играле со жар и сме креирале повеќе шанси него на било која утакмица до сеа... не знам, може различна утакмица сме следеле...
Ако жар значи Габриел да ти доаѓа у противнички 16етник за да креира игра, не знам шо да кажам...
Емери вајб даде интервјуво...
 
Моментално возиме голф 3ка, и сакаме да се тркаме против ферари, порше, бмв, ауди итн.
И Шумахер/Сена/Хамилтон да го стаиме у голфот нема да победи.

Артета има вина у моментов, ама не сакам да го бркаме на сред сезона пошто кој и да дојде нема да направи ништо.
Мислам дека не го вади максимумот од овој тим АМА сметам дека треба да најдеме играчи што би можеле да ја играат замислата на Артета.

Белерин е ужасен, Џака не би требало да припари до тимот, и генерално пола од тимов би го сменил затоа што НЕМААТ поима од играње со топка и ја кочат играта. Неможе да ти требаат 4 додири со топката за да ја додадеш или пак ако е додавање од прва/втора да е само назад.
Ги нема оние играња во триаголник што беа специфични за средината порано со едно - две додавања и исфрлање на цела средина на противникот.

Денес Мурињо изигра очекувано, ни ја даде топката и ја затвори средината (ептен тешка работа нели?), што ги натера по игра од страна каде што цело време им затвараа крилата како што треба (Бергвајн, Сон и Ло Селсо искинаа дефанзивно).

Воедно лево ЦЕЛО време се дуплираа Сака и Тирни, и Вилиан и Тирни без да се појави ТРЕТ играч некаде во централенио дел од 20 - 30 метри од гол за да го изиграат оној триаголник при што топката во најголем дел или беше изгубена, или нафрлена и пак изгубена,или вратена до Џака кој беше лев бек во тој момент. Нормално таа позиција е за 10ка, проба Лаказет денес да го игра тоа, и иако не беше лош сепак го нема тој инстинкт и тргнуваше често во шеснаесетник како напаѓач наместо да иде да разигра.

Ептен сме предвидливи вака и секој поцврст тим ќе ни крати бодови со контри. Имаме квалитет и со овој тим да притиснеме екипа назад на нивна половина, ама џабе кога нема ефект и нема шанси од тоа.

Ако сакаме да бркаме резултат сезонава со овој тим, мора да им препуштаме иницијатива на противниците и да чекаме шанси од контри, колку и да звучи лошо тоа. Во спротивно, само ќе кружиме наоколу без идеја, ќе нафрламе и ќе примаме голови од контри.

Денес двата нивни голови паднаа баш по такви контри, 3 пасови имаше од губење на топка до примен гол, и и во двата наврати Белерин ја нафрлаше топката и нормално после го немаше никаде во одбрана.

Едит: За првиот гол, Сон беше позади Белерин кога ја "изгубивме" топката. Додека се свести Белерин каде е Сон веќе беше позади...
 
Последно уредено:
Коа ќе ми текне дека Џака ја фрли лентата зошто го исвиркаа и сеа е најконстантен играч у тимов, а Гендузи зошто се степа после пораз го избацивме од тим :sramezliv::sramezliv::sramezliv:
 
Би се извадиле 20-30 милки од Џака?

Не заебавај, како 20-30, 10 да извадиме е максимум, ама колку се неспособни, ќе го држат дур не му истече договорот и ќе си отиде за џабе.

Кога уствари му завршува договрот на Џака?
 
Не заебавај, како 20-30, 10 да извадиме е максимум, ама колку се неспособни, ќе го држат дур не му истече договорот и ќе си отиде за џабе.

Кога уствари му завршува договрот на Џака?
Крај на 2022/2023 сезона. Уствари најкатастрофален потег ни беше негово продолжување на договорот, макар и да бил просек, а во милион наврати беше криминално лош или под просек, се знае со просечни играчи што се прави, или продај или ако никој не го сака тогаш чекај истек на договор и нека си замине ко слободен играч. Еве Мустафи и Сократис таква судбина би требало да имаат, т.е. мора да имаат. Нив им истекува на крајот на сезонава.

Тоа лошо менаџирање на клубот и лошите одлуки најмногу не кочат, повеќе од лоша тактика на тренер или лош перформанс на играч.
 
Џака не е лош играч, меѓутоа не е за во Арсенал нити за топ клуб во ПЛ.

Во Италија и Германија ќе си гази
 
Ај тотнем се ниво над нас, ама како тоа ние сме Голф 3, а Астон Вила, Лидс и Вулвс се Ферари? Како тоа еден Фулам понапаѓачки фудбал игра од тим што само нападот им вреди како цела нивна историја на играчи? Нема никакво оправдување за составот. Срамна тактика што не наликува на фудбалски бренд е ова во моментот.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom