Верувај дека Харел покрај Леброн ќе изгледа уште пострашно него во Клиперси.Новите „city“ дресови на ЛАЛ се страње.
![]()
Ама ти уште не објасни како ќе направиш шампионски тим без ѕвезди?
И како ќе имаш ѕвезди без да ги платиш?
Она што е важното за шампионски ростер, е следното:
- да не се преплатат рол плеерите, замените, споредните помошни играчи
- колку што е можно да не се заглави клубот со долги договори за рол плеерите, пошто така задржуваш флексибилност и можеш секоја година да носиш ловци на прстени, а клубот нема да заглави долгорочно ако некој од нив се повреди или многу падне во форма, и следната година да може да се донесат нови рол плеери на нивното место.
Идејата е да се задржи флексибилноста, да се „штедат“ ѕвездите во стандардниот дел од сезоната, и да се чуваат за плејоф, што поголем дел од товарот и минутите да падне на рол плеерите.
Тоа кажано, за мене Лејкерс само две работи ги погрешија оваа сезона:
- не го обезбедија Хауард на уште една сезона (иако ова не е страшно, и грешката повеќе е на Хауард отколку на ЛАЛ)
- го земаа Харел наместо Ибака (ама овде можеби грешам и ќе испадне супер фит со Леброн и АД), овде би го гледал „цехот“ кон Клач агенцијата (Ибака ќе беше совршен фит)
После овие засилувања, за мене лично, лејкерси се уште посилни него ланска година и ќе биди чисто изненадување да не земат титула повторно.
Ова особено што Клиперси се со мртов ПЏ кој е дупе во плејоф, Денвер не им се рамни, ГСВ без Клеј, а кој и да излези од истокот едноставно нема доволно сила да се носи со АД-Харел-Гасол плус Леброн-Шрудер.
Истокот ќе се испоколи меѓу себе додека да стигни до големото финале, а таму повторно ќе ги чека Леброн одморен и во трка по уште еден прстен.
Како сега стојат работите се' останато е ван мозга - дури и трејдот на Харден во Бруклин бидејќи така бруклин би имал одличен напад но НУЛА одбрана, а во плејоф ти треба токму тоа.
Колку год да не ми се свиѓа плачко како Леброн сепак неговите лејкерси се во пол позиција за титула - ако реално гледаме на работите.